Протокол за соработка за доделување 20 стипендии „Борис Трајковски“ за 2017/2018

Дваесет стипендии „Борис Трајковски“ за вонредни двегодишни постдипломски студии на Програмата за бизнис-администрација МБА на Универзитетот „Шефилд“ од Велика Британија - „Сити колеџ“ во Солун ќе бидат доделени за академската 2017/2018 година.
Протоколот за соработка за доделување на новите 20 стипендии за наредната академска година денеска го потпишаа претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, министерката за образование и наука Рената Дескоска и директорот на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд од Велика Британија „Сити колеџ“ Јоанис Верверидис.
Ќе бидат доделени стипендии за насоките: општ менаџмент, маркетинг, финансии, менаџмент во логистика, менаџмент во здравство и менаџмент на човечки ресурси.
Стипендиите, традиционално, им се доделуваат на 20 најдобри студенти за постдипломски студии на Програмата за бизнис администрација - МБА. Секоја стипендија поединечно е во висина на уписнината на „Сити колеџот“ и изнесува 14.890 евра при што педесет проценти обезбедува Владата на Република Македонија, а останатите педесет „Сити колеџ“.
- Стипендиите се доделуваат како дел од успешната соработка меѓу Меѓународниот факултет на Универзитетот „Шефилд“ - „Сити Колеџ“ и Министерството за образование и наука на Република Македонија. Од 2003 година, заклучно со академската 2016/2017 година, се доделени 187 стипендии. Стипендиите „Борис Трајковски“ даваат одлична можност за кандидатите да ги надградат својот талент, знаења и вештини на еден од најпрестижните универзитети, рангирани на светско ниво, соопшти Кабинетот на Претседателот на РМ.
„Сити колеџ“ – Солун, е еден од шесте факултети во рамките на Универзитетот „Шефилд“ и единствен кој е надвор од Обединетото кралство. „Сити колеџот“ има четири катедри и покрај кампусот во Солун, има свои програми во Софија, Белград, Букурешт и Киев.

Резултати од анкетата за цените и квалитетот на интернет услугите

Истражувањето е спроведено на репрезентативен примерок од 1.202 испитаници во земјава, од 16 февруари до 7 март 2019 година.

 Задоволството на граѓаните од цените и квалитетот на услугите во мобилната телефонија и интернетот, ќе бидат презентирани денеска на информативна средба со медиумите што ја организираат Евротинк – Центарот за европски стратегии, НВО Инфоцентарот, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права.

На средбата ќе бидат презентирани и наодите од анкетното истражување за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), спроведено во рамки на проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите – PROformance Watch II".

Истражувањето е спроведено на репрезентативен примерок од 1.202 испитаници во земјава, од 16 февруари до 7 март 2019 година.

Во рамки на информативната средба ќе бидат презентирани и две дигитални видеа со кои организаторите, како што најавуваат, ќе се обидат да дадат одговор на прашањата: Какво е задоволството од квалитетот и цените на услугите во мобилната телефонија и интернетот?;

Каква е информираност на граѓаните за работата АВМУ и АЕК?, Каква е перцепција на граѓаните за транспарентноста, професионалноста и независноста на двете регулаторни тела? и Како според граѓаните се назначуваат лицата на раководните позиции во АВМУ и АЕК?

Седници на Законодавно-правната и Комисијата за политички систем

 Во Собранието денеска ќе заседаваат Законодавно-правната и Комисијата за политички систем и и односи меѓу заедниците.

Комисијата за политички систем ќе ги разгледа Предлог-законот за изменување на Законот за вработените во јавниот сектор, во второ читање, како и Информацијата за спроведувањето на препораките на Народниот правобранител за надминување на констатираните состојби содржани во Извештајот на Народниот правобранител, од страна на органите на државната управа опфатени во истиот.

Законодавно-правната комисија ќе одржи две седници. на првата се Предлог-законот за изменување на Законот за вработените во јавниот сектор и две барања за автентични толкувања, додека на дневен ред на втората е Статутот на Универзитетот во Тетово.

Меѓународен ден на бегалците

 Во земјава денеска ќе биде одбележан Меѓународниот ден на бегалците.

По тој повод на Правниот факултет „Јустинијан Први" во Скопје, на свеченост ќе се обрати Моника Сандри, претставничка на УНХЦР во Скопје, проф. д-р Сашо Ѓорѓиевски, претставник на Правната клиника на Правниот факултет „Јустинијан Први", Љупка Новеска Андоновска, претседателка на Управниот одбор на Македонското здружение на млади правници и Младен Чадиковски, претседател на Здружението на новинарите на Македонија.

Во рамките на одбележувањето ќе им бидат доделени награди на победниците на Награда за професионално известување за состојбата на бегалците при мешаните миграциски движења за 2018 година во  Македонија, како и сертификати за студентите кои успешно ја завршија практикантската работа на Правната клиника. 

притисни ентер