Нимиц: „Ако бев Македонец, не би преговарал за моето име"

Македонското меѓународно движење за човекови права од Торонто, потврди дека специјалниот претставник на ОН Метју Нимиц им изјавил неофицијално: „Ако бев Македонец, не би преговарал за моето име".
И првиот медијатор за спорот за името, Робин О'нил, повеќепати нагласи дека е против преговорите за името и ја замолил Македонија да ги прекине преговорите.

„Иако Нимиц напомена дека неговите коментари се неофицијални,  македонското меѓународно движење за човекови права го праша зошто и јавно не ги искаже своите чувства, да поднесе оставка и да се откаже од преговорите за името кои всушност претставуваат, како што рече Робин О'нил, напад врз најосновните права на Македонија.

Го гледаме огромниот притисок врз Македонија да го смени името, за да се смири угнетувачот Грција, па затоа одлучивме, во име на Метју Нимиц, јавно да ги објавиме неговите чувства. Исто така, кога претседателот на македонското движење , Бил Николов, го прашал Нимиц, какви се неговите очекувања доколку Македонија се повлече од преговорите за името, тој одговори: 'Ништо. Не верувам дека би имало какви било последици'.

Министерот Никола Димитров се сретна со Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес во Њујорк, оствари средба со Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш.

Според соопштението на МНР ,на средбата се разговарало за последните случувања од разговорите за надминување на разликата околу името што се одвиваат под покровителство на ООН.

МИнистетот Димитров изјави : „Со визија и лидерство на двете страни имаме историска шанса да затвориме еден повеќедецениски, историски спор”.

Димитров, во седиштето на ООН во Њујорк имаше средба и со Розмари А. Дикарло, Потсекретар за политички прашања во ОН, на која беше реафирмирана посветеноста на Република Македонија кон европските и евро-атлантските интеграции.  

„Созревањето на Република Македонија и решителноста за градење европска демократија е вистинска шанса за демократски пробив во Европа.”, рече Димитров по средбата. 

Загинати и повредени во силна експлозија во склад за пиротехника (ВИДЕО)

Најмалку едно лице загина и уште 27 се повредени во силна експлозија во склад за пиротехника во Шпанија.

Експлозијата настанала во илегален склад за пиротехника на северзапад на земјата , во близина на градот Туи. Полицијата соопштува дека експлозијата била толку силна што се искршиле прозорците на сите објекти во радиус од три километри.

На терен се бројни спасувачки служби , кои бараат преживеани во урнатините. Градобначалникјот на Туи , Васкез Падин изјави дека складот се наоѓал во куќа , која е целосно разорена.

Судот му забрани на Трамп да блокира на Твитер

Американскиот претседател Доналд Трамп веќе нема да смее да ги блокира корисниците на Твитер.

Федералниот судија во Њујорк , Наоми Рејс Бучвалд донесе одлука Американскиот претседател Доналд Трамп да не смее веќе да ги блокира корисниците на социјалната мрежа Твитер.

Според одлуката на судијката со таквиот потег Трамп го загрозува нивното право на слобода на говор , пропишано во Првиот амандман од Уставот на САД. Одлуката е донесена како резултат на тужбата , која во јули минатата година против Трамп ја поднесе Институтот на Универзитетот Колумбија , кој се занимава со проучување на примената на Првиот амандман на Уставот на САД .

На Институтот во тужбата му се приклулија и неколку корисници на Твитер , кои биле блокирани од претседателот Трамп по коментарите што ги објавиле на неговите објави.

притисни ентер