Грчките медиуми за посетата на Чавушоглу на Скопје

Грчките медиуми, засега без коментари, објавуваат извештаи за вчерашната посета на турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу на Скопје истакнувајќи дека е прв шеф на дипломатија на некоја земја што ја посетил Македонија по изборот на новата Влада.
Очекувано, најголем интерес во Грција предизвика изјавата на Чавушоглу дека Турција го поддржува членството на Македонија во НАТО и оти земјата ја нарекувал со уставното име.

Во однос на македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, грчките медиуми ја пренесуваат неговата изјава во врска со времената спогодба и одлуката на Меѓународниот суд за грчкото вето за влез на Македонија во Алијансата.

- Ние имаме времена спогодба од 1995 година, како и пресуда на Меѓународниот суд во Хаг од 2011 година, па според тоа таа не би требало да има проблем за да добиеме покана за членство во НАТО под привремената референца БЈРМ. Јас ќе се обидам да ги убедам дека тоа е и во интерес на Грција и ќе се обидам кон правните аргументи да ги додадам и политичките. Сметам дека нашето членство во НАТО ќе има убаво влијание врз стабилноста на регионот, се пренесува во Грција изјавата на Димитров.

Во меѓувреме, „Катимерини“ објави коментар во кој пишува дека месец јули ќе биде тежок за грчката дипломатија и во кој кусо се осврнува и на односите меѓу Македонија и Грција, констатирајќи дека е очигледно оти е во интерес на Грција да се најде решение за името.

- Со оглед на натрешната политичка рамнотежа, Ципрас има минимален простор за маневрирање. Новата Влада во Скопје се обидува да не убеди дека таму нешто е променето после смената од власт на Груевски. Сепак, ќе бидат потребни конкретни чекори и повлекувања за да се сврти страница во овој проблематичен однос, коментира весникот

Деветмина повредени во пад на авион

Девет лица се повредени при пад на приватен мал авион во Хондурас.

Авионот се урнал на крајот на пистата на меѓународниот аеродром во главниот град на Хондурас , Тегусигалпа. Според противпожарната служба , во несреќата се повредени девет лица.

Авионот пристигнувал од Остин , Тексас и од непознати причини се урнал на пистата при што се прекршил на пола.

Поповски во „Само вистина“: Владата нема да дозволи никој да биде привилегиран ниту оштетен

„Само вистина“ интервју со Роберт Поповски: Живот ли е ова или „панаѓур“?!

Директорот на Канал 5 Телевизија Иван Мирчевски и министерот  без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, во најновото издание на „Само Вистина“ разговараат за актуелните политички теми и за новиот закон за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги.

Поповски: „Експерти, професионалци се вклучени во изготвување на новиот закон за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги. Граѓаните се тие што ќе ја оценат вистинка трка на медиумскиот пазар и да проценат кој медиум колку вреди. Владата нема да дозволи никој да биде привилегиран ниту оштетен, медиумите треба да добијат услови за работа и медиумските работници да имаат повисоки плати. Новиот закон ќе ја заштити индустријата, ќе обезбеди вистинска регулација и контрола на сите чинители во медиумскиот простор.“

Солзавец и приведени на протестите во Париз (ВИДЕО)

За време на синдикалниот протест по улиците на Париз дојде до судир на демонстрантите со полицијата.

Според медиумите , со полицијата се судрила група од околу стотина млади , кои не биле дел од протестната поворка. Поединци од групата ги гаѓале полицајците со различни предмети , по што полицајците возвратиле со пендреци и солзавец. Најголем број од младите , кои ја нападнаа полицијата носеле фантомки и капи за скијање .

И репортерката на Раша Тудеј , Шарлот Дубенски пред камерите мораше поради солзавецот да си стави капки во очите за да може да гледа. За сега нема податоци за повредени , а неколкумина од демонстрантите се приведени.

Денешните протести ги организираше синдикатот на јавните работници , поради планот на Владата до 2022 да укине 120 000 работни места.  

притисни ентер