Заев утре во Софија на средби со Борисов и Радев

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев утре и задутре ќе престојува во посета на Република Бугарија. Заев во Софија ќе се сретне со бугарскиот премиер Бојко Борисов и со претседателот Румен Радев.

Софија по Брисел е втората дестинација што ќе ја посети Заев по формирањето на новата македонска Влада.

Македонскиот премиер најавувајќи ја посетата на Бугарија деновиве во повеќе наврати истакна дека од Софија која од 1 јануари следната година го презема претседавањето со ЕУ, очекува добра соработка и поддршка за евроатлантските аспирации на Македонија. Посетите на Брисел и на соседните земји, вели Заев, значат засилена активност со помош на пријателите од ЕУ и од соседите да се придвижи Македонија кон полноправно членство во НАТО и ЕУ.
И бугарскиот премиер Бојко Борисов, по изборот на новата македонска Влада, изрази уверување дека Софија и Скопје ќе работат за зацврстување на добрососедските односи и за приближување на Македонија кон ЕУ и НАТО.

По минатонеделната средба со германската канцеларка Ангела Меркел, Борисов изјави дека посакува Македонија како соседна држава да биде стабилна. - Затоа ја убедив канцеларката Меркел и останатите дека треба да и дадеме шанса на новата Влада, изјави Борисов.
Сергеј Станишев, поранешен премиер на Бугарија и лидер на Бугарската социјалистичка партија, и актуелен претседател на Партијата на европските социјалисти, ја оценува утрешната средба Борисов - Заев како јасен знак за добрососедските односи.

- Тоа е втора посета на Заев во странство, по Брисел. Се надевам дека ќе надвладее разумот и ќе биде потпишан договорот за добрососество, што ќе ги уреди меѓусебните односи. Наш интерес е Македонија да биде стабилна, изјави Станишев за бугарското радио „Дарик“.
Поранешниот претседател на Бугарската академија на науките Стефан Воденичаров, пак, очекува средбата на двајцата премиери да помогне да се отвори вратата на ЕУ и НАТО за Македонија.

- Во изминатите месеци во Бугарија бевме загрижени поради кризата во Македонија. Добро е што работите се враќаат во нормала и добро е што ЕУ и НАТО веќе и подаваат рака на Македонија - тоа е многу добар знак, вели академик Воденичаров за БГНЕС.
Според него, Бугарија како иден претседавач со ЕУ може да ја поддржи Македонија на патот кон членство во Унијата, а се отвараат и можности за решевање на билатерланите прашања кои се натрупани во изминатите дваесеттина години.

- Очекуваме најпосле да биде потпишан и договорот за добрососедство и да се отвори вратата за прием на Македонија во ЕУ и НАТО, изјави Воденичаров.
Покрај политичкиот дел и средбите со Борисов и Радев, предвидено е македонската владина делегација предводена од премиерот Заев во Софија да има и повеќе бизнис средби.

Деветмина повредени во пад на авион

Девет лица се повредени при пад на приватен мал авион во Хондурас.

Авионот се урнал на крајот на пистата на меѓународниот аеродром во главниот град на Хондурас , Тегусигалпа. Според противпожарната служба , во несреќата се повредени девет лица.

Авионот пристигнувал од Остин , Тексас и од непознати причини се урнал на пистата при што се прекршил на пола.

Поповски во „Само вистина“: Владата нема да дозволи никој да биде привилегиран ниту оштетен

„Само вистина“ интервју со Роберт Поповски: Живот ли е ова или „панаѓур“?!

Директорот на Канал 5 Телевизија Иван Мирчевски и министерот  без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, во најновото издание на „Само Вистина“ разговараат за актуелните политички теми и за новиот закон за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги.

Поповски: „Експерти, професионалци се вклучени во изготвување на новиот закон за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги. Граѓаните се тие што ќе ја оценат вистинка трка на медиумскиот пазар и да проценат кој медиум колку вреди. Владата нема да дозволи никој да биде привилегиран ниту оштетен, медиумите треба да добијат услови за работа и медиумските работници да имаат повисоки плати. Новиот закон ќе ја заштити индустријата, ќе обезбеди вистинска регулација и контрола на сите чинители во медиумскиот простор.“

Солзавец и приведени на протестите во Париз (ВИДЕО)

За време на синдикалниот протест по улиците на Париз дојде до судир на демонстрантите со полицијата.

Според медиумите , со полицијата се судрила група од околу стотина млади , кои не биле дел од протестната поворка. Поединци од групата ги гаѓале полицајците со различни предмети , по што полицајците возвратиле со пендреци и солзавец. Најголем број од младите , кои ја нападнаа полицијата носеле фантомки и капи за скијање .

И репортерката на Раша Тудеј , Шарлот Дубенски пред камерите мораше поради солзавецот да си стави капки во очите за да може да гледа. За сега нема податоци за повредени , а неколкумина од демонстрантите се приведени.

Денешните протести ги организираше синдикатот на јавните работници , поради планот на Владата до 2022 да укине 120 000 работни места.  

притисни ентер