Почнуваат преговорите за Брегзит

Речиси една година по референдумот во Велика Британија за излез од Европската унија, денеска Брисел и Лондон ги почнуваат преговорите за истапување на земјата од унијата.

Според дипломатски извори, во текот на првата рунда од преговорите фокусот ќе биде на прашања поврзани за правата на граѓаните, финансиски договори, Северна Ирска.

Британскиот секретаријат за Брегзит претходно соопшти дека се очекува двете фази од преговорите да бидат усогласени, а дека најмногу ќе се разговара за прашања поврзани со самото излегување на Британија од ЕУ и нејзините финансиски обврски.

Меј за референдумот: Импресивна демонстрација на демократија

Британската премиерка Тереза Меј го поздрави резултатот од референдумот во Ирска.

Британската премиерка Тереза Меј го поздрави резултатот од референдумот во Ирска со кој се отвора патот за легализирање на абортусот, нарекувајќи го “импресивна демонстрација на демократија која покажала јасен и недвосмислен резултат“.

Меј им ја честита на граѓаните на Ирска успешната кампања “да“, пренесе „АП“.

Откако референдумот во Ирска изгласа за правото на абортус, целото внимание е насочено кон парламентот на таа земја, кој би требало сега да ги донесе новите закони за абортус.

Официјалните резултати од регерендумот кој е одржан во петокот покажаа дека 66 отсто од граѓаните на Ирска гласале за укинување на осмиот амандман на уставот на Ирска, која забранува абортус, наспрема 34 отсто од оние кои гласаа за зачувување на тој амандман.

Ирскиот премиер Лео Варадкар, после објавување на официјалните резултати порача дека денот кога референдумот се одржал претставува историски ден за неговата земја и голем чин на демократија и истакна дека неговата влада забрзано ќе работи на донесувањето на новите закони со кои абортус ќе биде легализиран во првите 12 недели од бременоста.

Повеќе од 64 отсто од граѓаните со право на глас излегле на овој референдум, што е еден од рекордите во таа земја.

притисни ентер