ОМД: Лидерите на Македонија имаат должност да ги заштитат името и идентитетот

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) порачува дека македонските лидери имаат апсолутна должност да го почитуваат уставното име на Република Македонија и оти нема да го признааат, нити поддржат „взаемното прифатливо решение" - еуфемизам за промена на името, ниту напорите на кој било политички субјект во Македонија за спроведување референдум за прифаќање на компромисно име договорено на преговарачки стол.

- Името на Македонија е длабоко врежано во сржта на нашиот идентитет и тоа е составен дел од нашата вековна борба за самоопределување и суверена независност. Тоа не е нешто за што смее да се преговара преку практична политика и дипломатија. Македонците во границите на сопствената држава, но и македонското малцинство што живее во Албанија, Србија, Бугарија и Грција, заедно со нашата дијаспора, на глобално ниво, нема да прифатат апсолутно никаква промена, нити пак размена на нашето име и идентитет за членство во некоја меѓународна организација или сојуз, велат од ОМД.

ОМД, додаваат, континуирано ги поддржува напорите на Република Македонија за влез во ЕУ и НАТО, но не по цена на промена на името.
- Со децении, Грција е главната пречка во барањата на Македонија за поголема регионална стабилност и безбедност. Низ годините, Македонија докажа дека е подготвена да се справи со грчкиот проблем - особено со менување на своето знаме и реафирмирање на мировната намера во нејзиниот Устав, во обид за помирување. Сите овие чекори на добра волја не вродија со плод, бидејќи Грција покажа неразбирлива нефлексибилност во поглед на аспирациите на Македонија во насока на обезбедување заслужено членство во НАТО и во ЕУ, но особено кон напорите за меѓународно признавање на нашето уставно име, потенцираат од ОМД.

Потсетуваат дека 135 земји, меѓу кои и четири од постојаните пет членки на Советот за безбедност на ОН, целосно воспоставија дипломатски односи со Македонија под нејзиното уставно име.

- Имајќи ги во вид значителните вложувања и жртви, како и посветеноста на мир и стабилност во регионот и пошироко, ОМД цени дека Македонија постојано се докажува и одамна потврди дека заслужува, без условувања, да биде вклучена во за нас витално важните организации како НАТО и ЕУ, но само под нејзиното уставно име. Таквиот влез не само што ќе служи како симбол на единство во време на зголемување на регионална нестабилност, туку ќе претставува и знак на цврста посветеност на принципите на самоопределување, суверенитет и демократија, порачуваат од ОМД.

Деветмина повредени во пад на авион

Девет лица се повредени при пад на приватен мал авион во Хондурас.

Авионот се урнал на крајот на пистата на меѓународниот аеродром во главниот град на Хондурас , Тегусигалпа. Според противпожарната служба , во несреќата се повредени девет лица.

Авионот пристигнувал од Остин , Тексас и од непознати причини се урнал на пистата при што се прекршил на пола.

Поповски во „Само вистина“: Владата нема да дозволи никој да биде привилегиран ниту оштетен

„Само вистина“ интервју со Роберт Поповски: Живот ли е ова или „панаѓур“?!

Директорот на Канал 5 Телевизија Иван Мирчевски и министерот  без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, во најновото издание на „Само Вистина“ разговараат за актуелните политички теми и за новиот закон за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги.

Поповски: „Експерти, професионалци се вклучени во изготвување на новиот закон за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги. Граѓаните се тие што ќе ја оценат вистинка трка на медиумскиот пазар и да проценат кој медиум колку вреди. Владата нема да дозволи никој да биде привилегиран ниту оштетен, медиумите треба да добијат услови за работа и медиумските работници да имаат повисоки плати. Новиот закон ќе ја заштити индустријата, ќе обезбеди вистинска регулација и контрола на сите чинители во медиумскиот простор.“

Солзавец и приведени на протестите во Париз (ВИДЕО)

За време на синдикалниот протест по улиците на Париз дојде до судир на демонстрантите со полицијата.

Според медиумите , со полицијата се судрила група од околу стотина млади , кои не биле дел од протестната поворка. Поединци од групата ги гаѓале полицајците со различни предмети , по што полицајците возвратиле со пендреци и солзавец. Најголем број од младите , кои ја нападнаа полицијата носеле фантомки и капи за скијање .

И репортерката на Раша Тудеј , Шарлот Дубенски пред камерите мораше поради солзавецот да си стави капки во очите за да може да гледа. За сега нема податоци за повредени , а неколкумина од демонстрантите се приведени.

Денешните протести ги организираше синдикатот на јавните работници , поради планот на Владата до 2022 да укине 120 000 работни места.  

притисни ентер