Почна Фестивалот на уличен театар под отворено небо - Баскерфест

Фестивалот на уличен театар под отворено небо – Баскерфест 2017 почна синоќа во Скопје со парада на учеснициците, како и Градскиот дувачки оркестар и девојките од танцовиот клуб „Еурека“. Парадата почна на плоштадот Македонија, по што учесниците се упатија кон улицата „Македонија“, а потоа се вратија на плоштадот.
Баскер изведувачите, оркестарот и танчерките, соопштија од Град Скопје, на овој начин ги поканија скопјани да излезат на улиците и да уживаат во возбудливите точки кои ќе може да ги гледаат во центарот на Скопје до 25 јуни.
Град Скопје е покровител на манифестацијата „Баскерфест“. На уличниот фестивал присуствуваше градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
На плоштадот Македонија во текот на 10 дена на трите поставени бини ќе се одвива програмата на фестивалот секојдневно од 19 до 23 часот. Има и детско катче за најмалите, каде што децата може да се вклучат во различни забавни активности секојдневно од 18:30 до 20 часот, а музичката програма ќе биде застапена секој ден од 22 до 1 часот по полноќ.
Во рамки на Баскерфест има и пивска градина каде што посетителите може да се освежат во топлите летни денови.
На годинешниов отворен театар се најавени многу интересни артисти од целиот свет меѓу кои Барбароса, Пеперониус, Винил Брнс, Јаника Белиза, Хозе Енрикес, господин и госпоѓа Бабл, дуито Мајсторот и Маргарита и други учесници.
Уличните фестивали се значајна културна атракција во многу земји, и започнувајќи од 2006 година Македонија стана прва земја на Балканот со ваков вид на фестивал. Баскерфест е првиот меѓународен и мултикултурен уличен фестивал во Македонија, признат како најголем настан од ваков вид во регионот. Оваа традиција продолжува секоја година со се повеќе учесници од повеќе земји во светот, меѓу кои Австралија, Канада, Аргентина, Полска, Италија, Нов Зеланд, САД, Германија, Ирска, Јапонија, Колумбија, Боливија...
Градот Скопје реализацијата на фестивалот ја поддржа со 1,2 милиони денари

Протести во Берлин: „Без ислам во Германија“, „Меркел мора да си оди“ (фото)

Неколку илјади приврзаници на германската партија Алтернатива за Германија (AfD) прошетаа низ центарот на Берлин протестирајќи против канцеларката Ангела Меркел.

Демонстрантите носеа германски знамиња, транспаренти со натписот „Без ислам во Германија“ и извикуваа „Меркел мора да си оди“, пренесува „АП“.
 

Foto: Tanjug/AP/Markus Screiber

На улиците има околу 2000 полицајци, кои се распоредени за да спречат можни инциденти, бидејќи во Берлин се организираат и контрамитинзи.

Во групите кои планираат контрамитинзи се наоѓаат и уметници и здружението на музички клубови во Берлин кои се надеваат дека ќе го “одвеат“ собирот на AfD со гласните звуци на техно музиката.

Foto: Tanjug/Markus Screiber



 

Агенцијата пренела дека на денешниот собир на AfD се очекува присуство на околу 10.000 луѓе на кои ќе им се обратат лидерите на партијата.

Алтернатива за Германија стана најголемата опозициска партија во таа земја откако минатата година на парламентарните избори освои 12.6 отсто од гласовите, под влијание на се поголемото расположение на граѓаните против мигрантите и против естаблишментот, наведува „АП“.

Димитров попладнево ќе се сретне со Могерини

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, доцна попладнево во Брисел ќе оствари билатерална средба со високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, доцна попладнево во Брисел ќе оствари билатерална средба со високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, дознава МИА од извори во ЕУ. Засега не се открива точното време на средбата, ниту содржината на разговорите.

Утре наутро, Могерини најверојатно треба да ги брифира министрите на ЕУ за текот на преговорите за спорот со името, велат извори во ЕУ за МИА.

Министрите за надворешни работи на Грција и Македонија од Њујорк допатуваа во Брисел, но не се откриваат детали за нивна можна средба.

Димитров пред утрешниот Совет на министрите за надворешни работи на ЕУ ќе учествува на неформален појадок организиран од сегашното бугарско претседателство и идното, австриско. Како што информираат од Советот, тоа ќе биде прилика за министрите да го испрашуваат шефот на македонската дипломатија за текот на преговорите за името. /МИА

„Британската влада тајно планира да остане во ЕУ“

Британските евроскептици стравуваат дека владата во Лондон планира тајно да остане во Европската унија, пишува „Телеграф“.

Таа загриженост се појавила откако е објавено дека се издвоени стотина илјади фунти за изборите во Европскиот парламент 2019 година.

Според наводите на британскиот весник, станува збор за 829.000 фунти издвоени за “активности во врска со изборите за ЕП 2019“.

Изборната комисија објаснува дека тие средства се издвоени како “мерка за претпазливост за да може да ја исполни својата функција во случај тие избори да бидат одржани во земјата, што е малку веројатно“.

Весникот напомнува дека изборите за ЕП треба да бидат одржани меѓу 23 и 26 јуни идната година, а Британија треба да ја напушти ЕУ скоро два месеци претходно – на 29 март.

притисни ентер