,,Вечерите на Францускиот филмски фестивал во Македонија” почнаа во Велес

По повод 10-годишнината од Францускиот филмски Фестивал , Општина Велес во соработка со Францускиот институт се вклучи во организацијата на фестивалот со проекција на три филмски остварувања. Проекциите кои започнаа синоќа во новиот театар во Велес ќе траат до недела.

Вечерите на францускиот филм во Велес ги отвори Изабел Марки Барбо директор на Францускиот институт во Скопје и советничка за култура при Француската амбасада во Македонија која на посетителите им посака пријатни вечери со француската кинематографија и воедно се заблагодари на Општина Велес и Народниот театар за соработката.
Во изјавата за медиумите Избел Марки Барбо истакна дека овој фестивал придонел за ширење на интересот за француската кинематографија во Македонија, а по Скопје решиле со дел од проекциите да го пренесат и во Велес.
- Со овој Филмски фестивал постигната е целта за поголем интерес на македонската публика за француската кинематографија, а која е позната во светот па и тука. Воедно, втората цел е да дојде до поголема соработка на француската со македонската кинематографија која е квалитетна кинематографија. Затоа сакаме да дојде до македонско - француски копродукции, рече Марки Барбо.
Таа вети догодина во Велес преку овој фестивал да донесе повеќе филмови, а на проекциите да гостуваат и млади француски актери и режисери.Со оваа манифестација, како што велат од Општина Велес, тие продолжуваат со реализацијата на франкофонски настани во Велес - како град на Франкофонијата и град во кој континуирано се релизираат проекти со партнери од Република Франција.Инаку, синоќа велешката публика имаше можност да ја проследи комедијата „Семејството Белие“ на режисерот Ерик Лартиго. Главните улоги ги толкуваа Луан Емера и Карин Вијар.Вечерва со почеток во 20 часот, во салата на новиот театар ќе биде прикажан трилерот „Човекот што многу го сакаа“ на Андре Тешине со Гијом Кане, Катрин Денев и Адел Енел во главните улоги.В недела во истиот термин љубителите на филмската уметност ќе можат да ја проследат историската драма „Принцезата од Монпасје“ на Бертран Таверние со Мелани Тјери и Ламбер Вилсон во главните улоги.Два од избраните филмови се од официјалната селекција на Канскиот фестивал во периодот 2010-2014 година.

Израел нема да преземе одговорност за синоќешниот напад врз Иран, објави „Џерузалем пост“.

Израел нема да преземе одговорност за нападот синоќа врз објект во централниот дел на Иран, објави израелскиот весник „Џерусалем пост“.

Извори од израелската служба за безбедност и од Владата на Израел за весникот рекоа дека причините за тоа се „стратешки“.

Весникот ги цитира зборовите на своите извори: „Око за око, заб за заб. Израел одговори таму, од каде беше нападнат“.

Според извори на весникот, Иран говори за „експлозија во фабрика“, а не за ракетен напад, бидејќи сака да избегне ескалација на тензиите. За доушниците на „Џерусалем пост“ не е јасно зошто Пентагон им открил на американските медиуми дека Израел бил вмешан во нападот - според нив, од САД можеле да молчат, со што би го зачувале достоинството на Иран, а и самите Американци ќе избегнат ескалација на тензиите.

Во информацијата на „Џерусалим пост“ се вели дека во следните 24 часа премиерот на Израел и Бенјамин Нетанјаху, целото раководство од областа на безбедноста и дипломатијата биле во воената база „Кирја“ во Тел Авив, каде договарале дејствија со партнерите од регионот Јордан, Египет и Саудиска Арабија.

Весникот пишува дека земјите од регионот објавиле пред Израел дека доколку Иран нападне, тие се подготвени да помогнат. Според информациите на „Џерусалем пост“, Израел ги информирал САД за нападот. /МИА

РСБСП: Да придонесеме за поголема безбедност на децата во сообраќајот

Децата се една од најранливите категории учесници во сообраќајот. 

Токму затоа неопходно е да се вложат заеднички напори за унапредување на нивната безбедност во сообраќајот. Треба да се има предвид дека тие се рамноправни учесници во сообраќајот на патиштата и да се посвети особено внимание на нивната едукација од областа на сообраќајните правила и прописи. Неопходноста за помош и едукација од возрасните посебно е изразена кај децата од помала возраст. Затоа Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата советува:

· запознајте ги децата со сообраќајните правила и прописи,

· разговарајте со децата за нивното однесување во сообраќајот и за правилноста на постапките, укажете им како можат да ги намалат или избегнат ризиците по нивната безбедност во сообраќајот,

· укажете им на децата дека коловозот треба да се преминува само на обележан пешачки премин,

· помалите деца во сообраќајот треба да се движат држејќи за раката возрасен,

· децата во сообраќајот треба да се сконцентрирани (а не да користат мобилни телефони или слушалки) за да можат навремено и правилно да реагираат,

· пред да го преминат коловозот децата треба да застанат, да погледнат лево и десно, па дури откако ќе се уверат дека сите возила запреле и дека е безбедно, може да исчекорат за да преминат,

· укажете им на децата дека не е безбедно да се движат на паркинг за возила или да го преминуваат коловозот помеѓу две паркирани возила затоа што можеби возачите нема да можат да ги забележат,

· вклучете ги децата во одлучувањето кога и каде е безбедно да се преминува коловозот,

· препорачливо е децата да носат светла облека или облека со рефлектирачки делови за да бидат повидливи во сообраќајот,

· бидете пример за совесно и одговорно однесување во сообраќајот затоа што децата најчесто учат т.е. земаат пример од однесувањето на другите.

Заеднички да придонесеме за поголема безбедност на децата во сообраќајот на патиштата.

РСБСП

Санкционирани 55 возачи на мотоцикли

Санкционирани 55 возачи на мотоцикли во текот на вчерашната акција на МВР,  од 11.00 до 16.00 часот, на територијата на државата.

- Од нив, 32 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 17 возеле без возачка дозвола... За време на контролата санкционирани се и 157 други видови на сообраќајни прекршоци, соопштуваат од МВР.

притисни ентер