Преземени активности за итна санација на состојбата во Музејот на Македонија

Министерството за култура соопшти дека по настанатата вонредна состојба со навлегување вода во просториите на НУ „Музеј на Македонија“- Скопје по завчерашното невреме ресорниот министер Роберт Алаѓозовски уште истата вечер со лично присуство констатирал дека се доведени во опасност движните добра, коишто се прогласени за културно наследство, а се во збирките на оваа установа.
При увидот, како што се наведуваво денешното соопштение, било констатирано дека, особено во просторијата на Галеријата на икони, каде се сместени повеќе дела со непроценлива вредност, постои големо оштетување на плафонот и инсталациите.

- Се работи за претходни оштетувања, коишто се случиле на 9.3.2017 г година во просторијата во Галеријата на икони. За жал, и покрај итноста на состојбата, веќе неколку месеци овие оштетувања се уште не се отстранети, стои во соопштението од Министерството.

Министерот Алаѓозовски, се посочува, од четирите установи кои работат во доменот на заштитата на културното наследство - Управата за заштита на културното наследство–Скопје, НУ „Музеј на Македонија“–Скопје, НУ „Национален конзерваторски центар“-Скопје и НУ „Конзерваторски центар на Скопје“-Скопје, побарал итно да преземат соодветни мерки за заштита на движното културно наследство, особено на Галеријата на икони, во која е сместено бесценето културно наследство од особено значење за државата.

- Од овие установи е побарано итно да формираат заедничка стручна комисија, која ќе ја утврди настанатата штета, и ќе преземе итни мерки за санација, обезбедување сигурност на движното културно наследство од Галеријата на икони и обезбедување соодветни просторни и микроклиматски услови за овие дела, стои во соопштението на Министерството за култура. /МИА




Деветмина повредени во пад на авион

Девет лица се повредени при пад на приватен мал авион во Хондурас.

Авионот се урнал на крајот на пистата на меѓународниот аеродром во главниот град на Хондурас , Тегусигалпа. Според противпожарната служба , во несреќата се повредени девет лица.

Авионот пристигнувал од Остин , Тексас и од непознати причини се урнал на пистата при што се прекршил на пола.

Поповски во „Само вистина“: Владата нема да дозволи никој да биде привилегиран ниту оштетен

„Само вистина“ интервју со Роберт Поповски: Живот ли е ова или „панаѓур“?!

Директорот на Канал 5 Телевизија Иван Мирчевски и министерот  без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, во најновото издание на „Само Вистина“ разговараат за актуелните политички теми и за новиот закон за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги.

Поповски: „Експерти, професионалци се вклучени во изготвување на новиот закон за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги. Граѓаните се тие што ќе ја оценат вистинка трка на медиумскиот пазар и да проценат кој медиум колку вреди. Владата нема да дозволи никој да биде привилегиран ниту оштетен, медиумите треба да добијат услови за работа и медиумските работници да имаат повисоки плати. Новиот закон ќе ја заштити индустријата, ќе обезбеди вистинска регулација и контрола на сите чинители во медиумскиот простор.“

Солзавец и приведени на протестите во Париз (ВИДЕО)

За време на синдикалниот протест по улиците на Париз дојде до судир на демонстрантите со полицијата.

Според медиумите , со полицијата се судрила група од околу стотина млади , кои не биле дел од протестната поворка. Поединци од групата ги гаѓале полицајците со различни предмети , по што полицајците возвратиле со пендреци и солзавец. Најголем број од младите , кои ја нападнаа полицијата носеле фантомки и капи за скијање .

И репортерката на Раша Тудеј , Шарлот Дубенски пред камерите мораше поради солзавецот да си стави капки во очите за да може да гледа. За сега нема податоци за повредени , а неколкумина од демонстрантите се приведени.

Денешните протести ги организираше синдикатот на јавните работници , поради планот на Владата до 2022 да укине 120 000 работни места.  

притисни ентер