Повик до националните установи од културата да достават нацрт - програми за 2018

Министерството за култура минатата недела објави повик до националните установи од културата да достават нацрт - програми за 2018-та. Повикот не е конкурс за финансирање на проекти од национален интерес од областа на културата за 2018-та, информираат од министерството.


Националните установи треба да ги достават нивните предлози до крајот на овој месец. Бидејќи времето за пополнувањето на апликацијата во законски утврдениот рок е релативно кусо, од министерството очекуваат дека првична верзија на програмата, ќе ги изразува, предлозите на директорите и менаџерските тимови во националните установи.

Согласно законот, министерот во наредниот период, ќе формира комисии од еминентни авторитети во своите области, чии имиња, наспроти досегашната пракса, ќе и бидат соопштени на јавноста. Овие комисии ќе ги разгледаат нацрт – програмите, а потоа, врз основа на нивните предлози, министерот ќе донесе решенија за утврдување на предлог - програмите на установите во рок од 45 дена од донесување на буџетот на РМ.

Во претстојниот период, ќе следува темелно преиспитување на работата на досегашните раководства на националните установи, врз основа на извештаите што како нивна законска обврска треба да ги достават на почетокот на месец јули. При утврдени сериозни неправилности во работењето на установата, можно е да следи промена на раководниот кадар. Новото раководство ќе има полна слобода да направи ревизија на предложената нацрт - програма, при што веднаш ќе се напуштат негативните практики од минатото, одредени автори, уметници, режисери или уметнички дела да бидат исклучени, запоставени, игнорирани, заменети поради тесни партиски интереси или изразување на критички став кон политиките на власта и институциите, соопштуваат од министерството.


Бразилка ќе оди во затвор, зашто на познат пејач за еден месец му испратила 8.000 писма

Бразилката Мира Карваљо (35) е толку опседната со британскиот пејач, Хари Стајлс (поранешен член на групата „One Direction“) што го оставила партнерот дома и го пропатувала целиот пат до Лондон.

Но, тоа не е сѐ, Мира му испраќала на Хари писма, свадбени честитки, а бидејќи за само еден месец испратила дури повеќе од 8.000 писма, Бразилката завршила во затвор, пишува „The Sun“.

Таа е осудена на 14 недели затвор и се изјаснила за виновна за следење.

- Хари беше навистина потресен. Тој само сака да продолжи нормално, но секако дека е загрижувачки за него, неговото семејство и неговиот тим“, изјави извор близок до Стајлс.

Нејзе ѝ е забрането да се приближува до Стајлс дури 10 години и да присуствува на кој било настан, односно концерт, каде што е тој.

Да потсетиме, фановите на споменатата група некогаш беа познати по претерувањето кое се граничело со демнење, па еднаш ги хакираа и безбедносните камери на лондонскиот аеродром за да ги видат своите идоли.

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира со кого сака. 

Но, понудата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за коалицирање со неговата партија, уште на првиот ден од кампањата за парламентарни избори, покажува дека тој бара помош.

„Ние среде кампања не бараме помош од пријател. Мене ми се чини дека тоа е јасен знак на слабост, затоа што господинот Мицкоски знае што го очекува на 24 април и на 8 мај. Инаку зошто би барал помош од страна?“, рече Пендаровски, соопштуваат од неговиот тим.

Портокалова велосипедска тура, изложба на карикатури и холандски пазар на Деновите на Холандија

По повод националниот ден на Холандија – Денот на Кралот, Амбасадата заедно со своите партнери го отвори второто издание на „Денови на Холандија“ во Ист Гејт Мол во Скопје. 

Амбасадорот Дирк Јан Коп и извршниот директор на Ист Гејт Мол Игор Давков ги пречекаа посетителите со посебно искуство кое вклучуваше портокалова велосипедска тура, изложба на декорирани велосипеди, филмови во виртуелна реалност и холандски пазар.

Настанот започна со симболична портокалова велосипедска тура и изложба на велосипеди декорирани од средношколци од Скопје во организација на Гоу грин – Биди зелен. Покрај автентичните холандски производи во понудата на холандскиот пазар беа вклучени и локални продукти произведени со холандска технологија.

Во рамките на отворањето амбасадорот Коп ги објави и победниците на регионалниот натпревар за карикатури организиран од холандското Министерство за надворешни работи и организацијата Картун мувмент. Независно жири составено од претставници од сите шест држави од Западен Балкан ја додели првата награда на Душан Перишиќ од Србија а втората награда на Арменд Ајредини од Македонија.

Холандскиот пазар ќе биде отворен овој викенд (19-21 април) од 12:00 до 18:00 часот. Изложбата на карикатури може да се посети до крајот на април.

притисни ентер