Поетско-ликовна колонија во библиотеката „Браќа Миладиновци“

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје од денеска до 15 јуни ќе организира поетско-ликовна колонија „Нацртај песна“ со учество на десет академски сликари од Македонија и од странство, кои ќе создаваат дела од поезијата на десет македонски поети.

На колонијата ќе учествуваат сликарите: Драган Мијац-Бриле и Јакша Чаласан од Црна Гора, Мирослав Живковиќ од Србија, Роман Кисјов од Бугарија и Сергеј Андреевски, Емил Шулајковски, Илија Стојковски, Јасмина Трпевска, Александра Ацеска и Христина Маневска од Македонија.

Сликарите, кои ќе работат во просториите на Библиотеката, ќе бидат инспирирани од песните на Блаже Конески, Славко Јаневски, Ацо Шопов, Гане Тодоровски, Анте Поповски, Петре М. Андреевски, Љубен Ташковски, Петар Т. Бошковски, Јован Котески и Чедо Јакимовски.

На почетокот на колонијата, денеска напладне во библиотеката „Браќа Миладиновци“ ќе биде отворена изложба на цртежи од ученици од основни училишта од Скопје. Завршната свеченост ќе биде на 15 јуни во 20 часот со литературно читање, презентација на создадените дела и настап во живо на позната скопска музичка група во дворот на Библиотеката. /МИА

Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај

Подводниот визуелен спектакл „Мермејд опен“ (Mermaid Open), познат и како Меѓународен натпревар за сирени во Шангај, Кина се одржа минатиот викенд. На него учествуваа стотина спортисти од Кина, Јужна Кореја и Казахстан.

Беа прикажани уметнички нуркачки вештини во неколку дисциплини, а натпреварувачките и натпреварувачите се оценувани во неколку категории.

Натпреварот се одржа во базен со 7.500 кубни метри вода и околу 50.000 риби во него, a двајца од јужна Кина се прогласени за шампиони - во женска и машка конкуренција, пишува „Шангај дејли“. Натпреварите со сирени станаа многу популарни во Кина последниве години, а за да го поттикне овој спорт, Океанскиот парк „Хајчанг“ во Шангај планира да организира серија настани и за претстојните празници во мај.

Видео: Атина „проголтана“ од сахарска прашина, градот обоен во портокалово

Атина и јужните делови на земјата вчера беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.

Облаците од прашина, пренесени преку Средоземното море од северна Африка, го обвија акропол и другите знаменитости на Атина.. Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews. Метеоролозите најавуваа дека небото ќе се расчисти денеска поради промената на правецот на ветерот, поради што ќе паднат и температурите.

Кулеба ги пофали американските политичари за одобрувањето на пакетот воена помош за Украина

Претставници на Пентагон најавија дека одредена муниција веќе е складирана во Европа, а се очекува меѓу приоритетите да бидат артилериската и противвоздушната одбрана.

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба со ентузијазам ги пофали американските политичари за одобрувањето на долго одложуваниот пакет воена помош од 61 милијарда долари за Украина, но предупреди дека новите испораки нема веднаш да го свртат бранот на војната.

„Алелуја“, изјави Кулеба во интервју за „Гардијан“ на прашањето за реакцијата на вчерашното конечно гласање на американскиот Сенат. Тој рече дека „неговото верување е дека ќе има позитивен исход“, но Западот мора „да сфати дека ерата на мирот во Европа е завршена“ и да ја изгради својата одбранбена индустрија.

Говорејќи за „Гардијам“, Кулеба рече дека се надева оти Белата куќа ќе го претстави новиот пакет оружје „за неколку дена, можеби и часови“ и дека е „само прашање на логистика“ залихите да се префрлат на фронтот.

Претставници на Пентагон најавија дека одредена муниција веќе е складирана во Европа, а се очекува меѓу приоритетите да бидат артилериската и противвоздушната одбрана.

Кулеба, исто така, рече дека Украина идентификувала седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ кои би можела да ги користи за заштита на цивилите во поголемите градови надвор од Киев. Еден е добиен од Германија, уште четири се лоцирани и преговорите се во тек, рече Кулеба, а на повидок се уште два. /МИА

притисни ентер