Свечено отворен 52. МТФ „Војдан Чернодрински“

Во Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп синоќе свечено е отворен 52. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. На големата сцена од Домот на културата „Марко Цепенков“ традиционално прво на академик Митко Маџунков му беше врачена наградата за животно дело.

Честитајќи му ја наградата, градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески истакна дека градот се гордее со Фестивалот кој е не само бренд на градот туку и на Македонија.

- Прилеп се гордее со фестивалот кој еве веќе по 52. пат се отвора. Се надевам деа прилепската и македонската публика овие седум дена ќе ужива во врвните достигнувања на македонските театарски куќи, изјави Ристески.

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски рече дека му е задоволство што неговото прво официјално појавување во јавноста е токму на отворањето на МТФ „Војдан Чернодрински“. Најави дека Министерството за култура ќе продолжи да ја поддржува оваа врвна манифестација.

- Пред нас е 52. издание на Фестивалот „Војдан Чернодрински“, навистина импозантна традиција која засужува длабок респект. Повеќе од половина век е расадник, мотиватор и еден од клучните двигатели на македонското драмско творештво. За Македонија, фестивалот е особено важен бидејќи се презентира најдоброто од театрите, се вреднува домашната театарска продукција, а тој служи како платформа преку која театаарските работници се споредуваат, учат еден од друг и заедно ја градат театарската традиција и го развиваат овој важен сегмент на нашата уметност и култура. Министерството за култура ќе продолжи да го поддржува македонското драмско творештво како и Фестивалот. Тој останува во Прилеп и ќе се засили во функција на доближување на театарот до модерните светски театарски трендови, рече на отворањето на Фестивалот министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

Нагласи дека Министерството ќе инсистира уште понагласено да се истакне улогата и статусот на творецот и на уметникот без да се инструментализира уметничката слобода.

- Ни треба исчекор од театар кој се гуши во лажна помпезност, кој замижува пред неправдите, до театар кој е жив, модерен, слободен, гласен, европски. Го прогласувам за отворен македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, рече Алаѓозовски.

На големата сцена од домот на културата Драмски театар од Скопје ја изведе првата од 12-те претстави во официјалната конкуренција за награди. Публиката ја виде претставата „Венецијанскиот трговец“ од Шекспир во режија на Наташа Поплавска.

Синоќа, во чест на Фестивалот, во домот на културата „Марко Цепенков“ беа отворени изложбите: „Пејзажи на душата“ од Стефан Хаџиниколов и заедничката на Друштвото на ликовните уметници на Битола.

Денеска е богата фестивалската програма со три претстави од кои една во официјалната конкуренција. Од 19.30 часот во домот на културата, Македонската опера и балет ќе ја изведе „Марија Калас - час“, а од 21 часот пред црквата „Свети Никола“ во Варош, Културен центар скрб и утеха ќе ја изведе претставата „Патот“.

Народниот театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, како втора претстава во официјалната конкуренција, на матичната сцена од 22 часот ќе ја изведе претставата „Фигурае венерис хисториае“ или „Љубовни пози на историјата“ од Горан Стефановски во режија на Наташа Поплавска.

На годинашниов Фестивал ќе бидат прикажани вкупно 20 претстави од кои 12 се во официјалната конкуренција за награди.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер