Изложба на цртежи на Мирко и Лидија Вујисиќ

Во Овореното графичко студио при Музејот на град Скопје вечерва ќе биде отворена изложба на цртежи на Мирко и Лидија Вуисиќ.
Параидеологијата е средство на уметникот, како двојазична сликовност, со ликовна и психолошка детерминанта каде авторската порака на Лидија Вујисиќ е асоцијативна препорака за повеќеслојни консеквенци на толкувања... хартиите на цртежите се прекршени, очекувана состојба на идентификација со весник за ефемерна опотреба. Но се претпочитува и некоја претходна состојба во која што од дрвото се издвојува целулозата, сомелува во нов хемијски амалгам и омеѓува во геометриски формат на табак, да врз нив се печати конкретен текст. На цртежите текстот истрошен сведен на “знак”… делови од некој подсокриен симбол. Случајно истуткан лист пресоздава пареидоличен облик, се сугерира преднаменска состојба на мотивот асоцирајќи на морфолошка синтакса од миметички форми...

Помеѓу интроспективната проекција на авторот и дејствието на гледачот, се буди тој рефлекс на субјективна анализа во читањето. Помеѓу двата чинитела- авторот и реципиентот – се отвора оној нужен “мета простор” во кој лексиката е поетска, преносните значења се се подоминантни. Секој детал ја губи наративната појавност. И од здружување на неколку од нив со насоки на движење вон зададената рамка...низ сетилните патеки, бранувајќи ја емотивната и диховна птсвест на личноста.

Лидија Вујисиќ е родена во Скопје. Средно уметничко училиште – отсек грaфички дизајн завршила во Ниш 1976.  Дипломирала на ФЛУ – Скопје (отсек графика) 1985. Професор е во Училиште за дизајн и ликовна уметност “Лазар Личеноски” од 1986. Со свои дела учествувала на повеќе меѓународни графички изложби меѓу кои Intergrafik Berlin, Kanagava – Јапонија, Биенале во Варна, Белград, Белгија, Романија... На ДЛУМ изложби добитник е на 10 награди за графика од 1987 до 2016.

Мирко Вујисиќ, пак, создава визуелен исказ врз чувствителна, суптилна линија на која се среќаваат и вплотуваат спротивностите помеѓу автоматскиот принцип на бележење на импулсите и воспоставување на рамниште со длабоки лавиринти во сопственото битие... осмисленоста на тој поетски контекст може да се одреди кон потребата да се надмине френезијата на неавтентичноти и визуелного дефинира сопственото промислување на светот и своето место во него...

Кај Мирко Вујисиќ се препознава ретката особина која подразбира долго одржување на емотивен напон така што идејата не губи на снага низ процесот на реализација. Воспоставува комуникација од чудесниот свет на внатрешните простори мирејќи ги со префинетите цртачки структури и металната предлошка кои директно ја допираат светлината со темнината на човековата потсвест

Мирко Вујисиќ е роден во 1957. Училиште за применета уметност завршил во Скопје на Одделот за графика. Во 1998 магистрирал на Факултетот за ликовни уметности во Белград. Предава како редовен професор на ФЛУ во Скопје.

Има реализирано 23 самостојни изложби во земјата и странство со графики, цртежи и слики. Учествувал на преку 80 групни изложби на графика и цртеж во земјата и странство./МИА

Поранешни вработени од „ОХИС" повторно на протест во Скопје

Поранешни вработени во скопската фабрика „Охис", која е во стечај, денеска повторно протестираат низ улиците во Скопје. 

Протестираат пред Парламентот по што, според најавите, ќе се движат кон Министерството за правда и кон Владата.

Бараат исплата на побарувањата од стечајната постапка за 24 неисплатени плати и придонеси од плата за 16 месеци. Имаат неисплатени осум плати од 2008 година и 16 плати од 2012 и 2013 година.

– Има нешто исплата но тоа се ситни пари. Недостигаат три до четири милиони евра за да се обештетат луѓето. Свесни сме дека граѓаните се нервозни, но не ни преостанува ништо друго освен да протестираме, велат вработените од „Охис".

Според нив, државата е должна да им ги исплати платите бидејќи имала доминантен општетствен капитал во фабриката.

Досега, повеќепати протестираа пред надлежните институции и имаа средби со владини претставници. За денеска, како што велат, немаат најави за средба со некој од институциите. /МИА.

Српски и турски државјнин приведени на меѓународниот аеродром Скопје

 На граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје" вчера на влез во земјава биле приведени еден српски и еден турски државјанин, за кои имало назначена мерка „А" (апси).

Како што денеска информираат од МВР, во 17,30 часот вчера на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје" на влез во нашата држава, при вршење пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека Б.З.(24) од Р.Србија евидира со мерка "А" (апси). Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.

– На 22.08.2019 во 21,00 часот на Граничниот премин "Меѓународен аеродром-Скопје", на влез во РСМ, по извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека Р.С.(61) од Р.Турција евидира со мерка "Aпси". Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка, стои во соопштението од МВР.

Во Берово отворен јавен повик за учество во општинско-корисна работа

 Во Берово отворен јавниот повик за учество во програмата Општинско-корисна работа. 

Оваа година право на учество во програмата „Од акција до еднакви можности," имаат евидентирани невработени лица, Роми и корисници на гарантирана минимална помош и лица со попреченост. Своето учество заинтересираните можат да го пријават во Агенцијата за вработување-Центар за вработување Берово, најдоцна до 30 август годинава, информира Ѓоко Пеовски, координаторот во програмата.

-Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на патронажни/мобилни негователи, неговател на лице со посебни потреби, образовен помошник, училишен аниматор, музички соработници и геренто-домаќин. Предност за учество во овој циклус на Општинско-корисна работа ќе имаат лицата кои прв пат се јавуваат за учество во оваа програмата, информира Пеовски.

За учество во програмата на кандидатите кои ќе бидат избрани, како што додава, ќе им биде исплатен паричен надоместок за работно ангажирање во висина од 9.000 денари месечно, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Согласно јавниот повик за периодот додека лицата се работно ангажирани преку програмата „Општинско-корисна работа", тие не го губат статусот на невработено лице, при што се должни редовно да се јавуваат во Агенција за вработување – Центар за вработување Берово со цел почитување на обврските согласно законот. На невработените лица – корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош. 

притисни ентер