Отворен 5. Интернационален литературен фестивал „Про-за Балкан“

Во Даут-пашин амам синоќа беше отворен 5. Интернационален литературен фестивал „Про-за Балкан“, на кој годинава учествуваат шест балкански автори, како и издавачи од земјава и од странство.
Беа претставени авторите: Миљенко Јерговиќ од Хрватска, Наташа Крамбергер од Словенија, Мурат Ѓулсој од Турција, Владимир Пиштало од Србија, Антон Баев од Бугарија (кој престојува во Скопје во рамки на книжевната резиденцијална програма „Апсолутно модерен“), македонскиот писател Влада Урошевиќ и специјалниот гостин на фестивалот - исландскиот писател Браги Олафсон.

- Писателите кои прво ги запознаваме преку нивните преводи на македонски јазик, преку гостувањето на фестивалот имаме можност да ги запознаеме и лично, рече уметничкиот директор на фестивалот Александар Прокопиев.

Присутните ги поздрави директорот на фестивалот Дејан Трајкоски, кој алудирајќи на колумна на Јерговиќ во која тој прашува „А која тоа војна на Балканот сме успеале да ја одложиме или одбегнеме?“, рече: - Има два можни одговори: никоја и никоја и веројатно никоја. За жал, не е ни важно. Но, затоа е важно што годинава на фестивалот имаме одред којшто пука со одмерени и силни зборови, рече Трајкоски.

Хрватскиот писател Миљенко Јеговиќ е добитник на наградата „Прозарт“ што ја доделува фестивалот. Според Прокопиев, тој е  еден од најмоќните прозни писатели на балканскиот регион, а неговата бескрајна креативност и енергија, рече, се граничи со натчовечкото и додаде дека она што го прави навистина неверојатен автор е неговата емпатија кон сите негови ликови.

- Работам само две работи во животот. Првата е да читам и таа е основната работа која би сакал да ја работам. Би сакал да живеам од читање, но бидејќи тоа е економски неисплатливо, морам и да пишувам. Јас сум читател под а, писател под б и не сум ништо трето – одговори Јерговиќ.

Писателот Владимир Јанковски го претстави академик Влада Урошевиќ, авторот за кој рече дека во шест децении творештво создава тотална книжевност бидејќи се има испробано во сите книжевни жанрови.

Зборувајќи за својата литература, Урошевиќ посочи дека неговата авторска тријада може да се дефинира преку три синтагми – слобода на имагинацијата, верување во чудото и правото на игра.

Од денеска почнува и четвртата програма „Скопје фелоушип“ во која гости се тројца познати издавачи – Емануел Колас од Франција, Ненад Шапоња од Србија и Тамер Саид од Дубаи. Тие ќе имаат средби со писатели од Македонија и со членови на Македонската асоцијација на издавачи.

Во рамки на фестивалот денеска се одржа и трибина во ЕУ Инфоцентарот на тема „Визибилноста на писателите од Балканот“, а вечер од 18.30 часот писателите ќе потпишуваат свои книги во книжарницата „Икона“ во ТЦ „Сити мол“.

Во изминатите пет години на Интернационалниот литературен фестивал „Про-за Балкан“ гостуваа 30 врвни балкански автори и сите беа преведени на македонски јазик. /МИА

Паника во авион, во рачен багаж патник носел 20 змии

Анонимен патник предизвика паника во авион кој летал на линија од Германија до Русија. Во неговиот рачен багаж се откриени 20 змии.

Патникот при на екипажот на авионот му изјавил дека змиите ги купил на пазар во Германија.

-Змиите биле спакувани во канистри во неговата торба: Немаше документи за змиите. Од која врста се змиите ќе одредат стручњаци, но неофицијално станува збор за не отровни змии, е наведено во соопштението од прес центарот на интернационалниот аеродром Шереметјево.

Змиите сега се во карантин во Москва, поради тоа што на патникот немал соодветни документи за истите, вклучувајќи и одобрение од ветеринар за пренесување на змиите од Диселдорф во Русија.

Според извештајот, германските аеродромски власти  во Диселдорф истакнале дека немале никаков инцидент при безбедносната проверка и воедно истакнуваат дека внесувањето на змии во авион не е нелегално, но дека е потребно соодветно одобрение за тоа.

Ексклузивно интервју на Мицкоски за Канал 5

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  во ексклузивно интервју за Канал 5 вели  дека нема раскол во најголемата опозициска партија.

Мицкоски говори и за актуелните прашања во однос на референдумот и договорот со Грција.

Со лидерот на најголемата опозициска партија разговараше Мирјана Трпческа. 

Сите душегрижници кои мислат дека во ВМРО-ДПМНЕ  има раскол или недоразбирања од голем размер, се лажат.ВМРО-ДПМНЕ е единствено, вели Мицкоски.

Во видеото погледнете го целото интервју.

Порошенко ја тужи ББЦ за клевета поради напис за средба со Трамп

Украинскиот претседател Петро Порошенко ја тужи британската телевизиска мрежа ББЦ за клевета поради написот во кој се тврди дека Киев платил за средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

Во написот објавен во мај, ББЦ наведува дека поранешниот адвокат на Трамп – Мајкл Коен добил меѓу 400.000 и 600.000 од украинскиот претседател за да ја организира првата средба меѓу Порошенко и Трамп во Белата куќа во јуни 2017 година.

Според тој напис, кој се повикува на неименувани украински извори, цел на состанокот било зголемување на влијанието на Киев во Вашингтон, на тој начин што состанокот не би изгледал како куса средба, туку како „вистински разговор“.

Порошенко во тужбата наведува дека текстот е исклучително штетен, не само за неговата функција претседател на држава, туку и за неговата репутација како политичар и претприемач.

Тој бара од британската телевизија да ги демантира тврдењата и да исплати отштета за клевета.

притисни ентер