Трамп им продава оружје на Саудиците во вредност од 110 милијарди долари

Американските претставници соопштија дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп ќе ја официјализира продажбата на воената опрема на Саудиска Арабија во вредност од 110 милијарди долари во текот на неговата посета на таа земја овој викенд.
Опремата вклучува тенкови, воени бродови, анти ракетни системи, радари, опрема за комуникација и технологија за сајбер безбедност, а објавата се очекува во сабота.

Администрацијата денеска го извести Конгресот дека на Саудиска Арабија ќе и биде продадена и муниција за наведување во вредност од околу 500 милиони долари.

Стејт депарментот соопшти дека муницијата за саудиските сили ќе го подобри нишанењето и гаѓањето, посебно во Јемен каде често се критикувани поради цивилни жртви во борбата против бунтовниците кои ги подржува Иран.

Коалицијата која ја предводи Саудиска Арабија од 26 март 2015 година ги бомбардира позиции на шиитските бунтовници.

Најмалку 7.700 луѓе загинаа, а 42.000 се ранети во тие судири додека повеќе од 2.5 милиони луѓе ги напуштија своите домови.

Ѓукановиќ ја положи претседателската заклетва

Во црногорската престолнина Цетиње со положување на заклетвата  избраниот претседател Мило Ѓукановиќ  официјално ја презема должноста.

Ѓукановиќ претседателската заклетва ја даде пред пратениците од Собранието на Црна Гора.

-Се колнам  во својата чест дека должноста претседател  на Црна Гора ќе ја извршувам совесно и одговорно за доброто на сите граѓани, рече  Ѓукановиќ во заклетвата.

Покрај пратениците , на свечената седница присуствуваа и поранешните претседатели на Црна Гора, премиери и претседатели на парламентот, како и највисоките државни функционери и челници на државните институции.  

Абас повторно примен во болница

Претседателот на Палестина 83- годишниот Махмуд Абас е примен во болница, според анонимен официјален претставник, Абас имал температура.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска повторно е примен во болница. Ова е третпат во една недела да биде хоспитализиран.

Абас во вторникот имал операција на увото и по неколку часа бил пуштен дома. Вчера повторно беше на кратко во болница.

Резултатите од анализите, како што јави палестинската новинска агенција, пренесувајќи ја изјавата на директорот на болницата, се добри.

Абас има проблеми со срцето, а пред десет години му е дијагностициран рак на простата. Инаку, тој е страстен пушач.

Дамаск ослободен, екстремистите евакуирани

Група екстремисти од Исламската држава се евакуирани од последната енклава под контрола на бунтовниците во близина на Дамаск, со што оваа територија е вратена под контрола на државата.

Сириската Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, соопшти дека автобусите влегле во енклавата по полноќ за да ги превезат борците на ИД и нивните семејства.

Според Ројтерс, автобусите се упатиле во правец на провинцијата Бадија во Сирија, подрачје со мал број на жители , кое се наоѓа источно од престолнината Дамаск.

притисни ентер