„Пад на најлигавиот политичар“: Нема изговор за ова

Поранешниот американски конгресмен Ентони Вејнер призна пред судот дека со малолетно девојче разменувал експлицитна сексуална содржина.
Откако во судницата му се извинил на 15 годишното девојче, заплакал и изјавил: Болен сум, но тоа што го направив нема оправдување“.

Вејнер пред судот го признал кривичното дела и се спогодил – прифатил да не се жали на затворската казна која ќе биде меѓу 21 и 27 месеци и ќе мора да се пријави како сексуален престапник.

Медиумите во Америка наведуваат дека станува збор за “контроверзен политичар кој веќе со години го пратат сексуални скандали“.

Вејнер се појавил пред судот во Њујорк за да се соочи со обвинувањата за разменување експлицитна содржина преку интернет со 15 годишно девојче од Северна Каролина.

ФБИ почна да го истражува Вејнер во септември откако девојчето за еден таблоид изјавила дека неколку месеци разменувале експлицитни пораки, како и тоа дека од неа барал да се соблече пред камера.

Истрагата довела и до спорните мејлови на демократскиот кандидат за претседател Хилари Клинтот, која и пишувала на нејзината најважна и најдоверлива асистентка Хума Абедин, жената на Вејнер.

Ѓукановиќ ја положи претседателската заклетва

Во црногорската престолнина Цетиње со положување на заклетвата  избраниот претседател Мило Ѓукановиќ  официјално ја презема должноста.

Ѓукановиќ претседателската заклетва ја даде пред пратениците од Собранието на Црна Гора.

-Се колнам  во својата чест дека должноста претседател  на Црна Гора ќе ја извршувам совесно и одговорно за доброто на сите граѓани, рече  Ѓукановиќ во заклетвата.

Покрај пратениците , на свечената седница присуствуваа и поранешните претседатели на Црна Гора, премиери и претседатели на парламентот, како и највисоките државни функционери и челници на државните институции.  

Абас повторно примен во болница

Претседателот на Палестина 83- годишниот Махмуд Абас е примен во болница, според анонимен официјален претставник, Абас имал температура.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска повторно е примен во болница. Ова е третпат во една недела да биде хоспитализиран.

Абас во вторникот имал операција на увото и по неколку часа бил пуштен дома. Вчера повторно беше на кратко во болница.

Резултатите од анализите, како што јави палестинската новинска агенција, пренесувајќи ја изјавата на директорот на болницата, се добри.

Абас има проблеми со срцето, а пред десет години му е дијагностициран рак на простата. Инаку, тој е страстен пушач.

Дамаск ослободен, екстремистите евакуирани

Група екстремисти од Исламската држава се евакуирани од последната енклава под контрола на бунтовниците во близина на Дамаск, со што оваа територија е вратена под контрола на државата.

Сириската Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, соопшти дека автобусите влегле во енклавата по полноќ за да ги превезат борците на ИД и нивните семејства.

Според Ројтерс, автобусите се упатиле во правец на провинцијата Бадија во Сирија, подрачје со мал број на жители , кое се наоѓа источно од престолнината Дамаск.

притисни ентер