МЗТ Скопје Аеродром поведе со 2-1 во финалето од плеј офот

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром поведе со 2-1 во финалето на плеј офот откако вечерва во натпреварот број 3 на домашен терен го совладаа тимот на Карпош Соколи со 86:80 (21:16; 23:18; 19:20 и 23:26).
Во првиот дел од натпреварот шампионот имаше водство кое на полувремето изнесуваше  10 поени (44:34). На почетокот на последниот период МЗТ Скопје водеше со 70:54, сепак Карпош Соколи со многу подобра игра во одбраната намали на 79:77, а Кендрик Пери промаши слободно фрлање за негатива од еден поен. Во последните 60 секунди домашниот тим ги искористи своите шанси за нова победа.

Кај МЗТ Скопје Ксавиер Темс постигна 22 поена, Шарлон Клоф 21, а Ѓорѓе Дреновац 20, додека кај Карпош Соколи најефикасни беа Пери со 24 поени и Доминик Мавра со 20.

Следниот натпревар се игра на 21.мај во недела во СЦ „Борис Трајковски“, а доколку МЗТ Скопје победи ќе ја одбрани шампионската титула. /МИА

Четиригодишно дете си го уби братчето, мислело дека пиштолот е играчка

Четиригодишно дете во Вирџинија случајно си го убило своето две години помладо братче. Пукал во него со пиштол кој мислел дека е играчка, наведува американската полиција.

Тајлер Апонте не дишел кога бил пронајден во својот дом во округот Луиз во Вирџинија со рана од куршум во градите, пренесе „Индепендент“.

Итната помош се обидела да го реанимира двегодишното дете , го однесла во болница но докторите и покрај сите напори не успеале да го спасат малото дете.

Во времето кога се случила оваа трагедија мајката на двете деца била во куќата. Полицијата сега  води истрага за целиот случај.

Фото: Ким повторно гола

Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан уште еднаш ги остави своите фанови на социјалните мрежи без текст. Ким на Инстаграм објави фотографија на која е потполно гола.

На овој начин, со провокативна фотка,  популарната старлета ја започна промоцијата на својот нов парфем. Нејзините обожаватели се повеќе од задоволни со новата гола фотка.

Инаку новиот парфем на Ким се вика „ KKW Body“

Форд ГТ продаден за 1,8 милиони долари, продажбата под истрага

Неодамна на една јавна аукција е продаден моќен автомобил Форд ГТ за неверојатни 1 815 000 000 долари, што е цена четири пати повисока од основната цена на овој супер автомобил.

Проблемот е во тоа што првите сопственици на овој модел од лимитираната серија од 2017 година, при купувањето на автомобилот потпишале договор  со Форд дека не смеат да го продаваат автомобилот во првите две години.

Минатата година вакво нешто сторил и познатиот „кечер“ и актер Џон Сина, брзо по купувањето на автомобилот тој го продал по што Форд го тужел за 500 000 долари поради непочитување на условите од договорот.

Актерот одговорил со контра тужба, па сега случајот „се провлекува“ по американските судови.

Минатата недела во Индијанаполис на аукција е продаден уште еден ГТ модел , и сега Форд ја истражува целата оваа ситуација.  

Во прашање е автомобил со сериски број 48 од 250-те  произведени во 2017, со само седум минати километри. Автомобилот е со сребрена боја  црни линии и темен ентериер.

Основата цена на овие супер автомобили од Форд е околу  450 000 долари.

притисни ентер