Инцидент меѓу хрватската и словенечката полиција во Пиранскиот Залив

Во очекување на одлуката на Меѓународниот арбитражен суд за границата меѓу Словенија и Хрватска во Пиранскиот Залив, минатата недела дошло до инцидент, и, како што пренесуваат медиумите во двете земји, „покажување мускули“ меѓу припадниците на полициите на двете земји.
Љубљански „Дневник“, пренесе приказна од словенечкиот рибар Елвин Сабадин, кој на 11 мај ловел риби во водите на Пиранскиот Залив и тоа крај самата граница со Хрватска.

Тој раскажал дека во еден момент му пришол хрватски полициски брод со предупредување дека навлегол во територијалните води на Хрватска.

Тој и екипажот биле повикани да излезат од хрватските води назад кон Пиран, што и го направиле бидејќи практично биле присилени на тоа.

-Хрватскиот брод, кој беше многу голем, се постави крај нашиот чамец на начин што немавме избор туку да се вратиме, изјави рибарот за „Дневник“.

Потоа во ова подрачје пристигнале словенечките полицајци кои ги предупредиле хрватските колеги дека во словенечките територијални води.

„Дневник“ пишува дека тогаш Хрватите извеле „агресивен маневар“ кон словенечкиот брод во обид да го истуркаат, но инцидентот бил спречен во  последен момент и никој не бил повреден.

Ваквите „инциденти“, наведува весникот, во  последно време се се почести, што словенечката страна го поврзува со очекувањето на пресудата на арбитражниот суд за границата, за која Хрватска изјави дека нема да ја почитува.

Словенците најавија дека ќе упутат протестна нота до Загреб.

Ѓукановиќ ја положи претседателската заклетва

Во црногорската престолнина Цетиње со положување на заклетвата  избраниот претседател Мило Ѓукановиќ  официјално ја презема должноста.

Ѓукановиќ претседателската заклетва ја даде пред пратениците од Собранието на Црна Гора.

-Се колнам  во својата чест дека должноста претседател  на Црна Гора ќе ја извршувам совесно и одговорно за доброто на сите граѓани, рече  Ѓукановиќ во заклетвата.

Покрај пратениците , на свечената седница присуствуваа и поранешните претседатели на Црна Гора, премиери и претседатели на парламентот, како и највисоките државни функционери и челници на државните институции.  

Абас повторно примен во болница

Претседателот на Палестина 83- годишниот Махмуд Абас е примен во болница, според анонимен официјален претставник, Абас имал температура.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска повторно е примен во болница. Ова е третпат во една недела да биде хоспитализиран.

Абас во вторникот имал операција на увото и по неколку часа бил пуштен дома. Вчера повторно беше на кратко во болница.

Резултатите од анализите, како што јави палестинската новинска агенција, пренесувајќи ја изјавата на директорот на болницата, се добри.

Абас има проблеми со срцето, а пред десет години му е дијагностициран рак на простата. Инаку, тој е страстен пушач.

Дамаск ослободен, екстремистите евакуирани

Група екстремисти од Исламската држава се евакуирани од последната енклава под контрола на бунтовниците во близина на Дамаск, со што оваа територија е вратена под контрола на државата.

Сириската Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, соопшти дека автобусите влегле во енклавата по полноќ за да ги превезат борците на ИД и нивните семејства.

Според Ројтерс, автобусите се упатиле во правец на провинцијата Бадија во Сирија, подрачје со мал број на жители , кое се наоѓа источно од престолнината Дамаск.

притисни ентер