Тираносаурус рекс гризел со сила еднаква на тежината на три автомобили

Со анализа на скелетот на тираносаурус рекс научниците дошле до сознание како би изгледале мускулите за движење на вилицата на овие праисториски ѕверови.
Кога овој голем месојад би ја загризал храната, тоа го правел со сила еднаква на тежината на три автомобили, што му овозможувало со леснотија да ги меле коските.

На основа на компјутерскиот модел креиран по мускулната анатомија и вилицата на ти-рексот и анализата на неговите живи роднини (крокодилот), научниците утврдиле дека силата на неговиот угриз изнесува околу 3.630 килограми.

„Се додека е сочинето од месо и коски, ти-рексот можел да прегризе што сака“ – изјави палеобиологот Грегори Ериксон од Универзитетот на Флорида.

Траговите на угризот на фосилизираните остатоци на коските на другите диносауруси покажуваат дека ти-рексот ги мелел коските. Таа способност на ова огромно суштество, високо 13 метри и тешко седум тона, му давала предност на останатите предатори на кои тоа не им успевало.

„Така доаѓал до минералите во коските и коскената срж“ – наведува палеобиологот Пол Гињак од Универзитетот во Оклахома, водечки автор на истражувањето објавено во магазинот „Science”.

„Нормално, тоа претставувало и ризик, бидејќи со продирањето во коските можело да дојде до тешко оштетување на забите, но наградата била богата“.

Тираносаурус рекс поседувал поголема сила на угриз од било кое суштество кое научниците го проучувале и далеку поголема од било кое живо суштество денес.


Сепак, ова не е најсилното суштество во историјата. Се проценува дека големиот крокодил деинозух (Deinosuchus), кој живеел неколку милион години пред ти-рексот и тежел повеќе од него, а имал и сила на угриз од 10.400 килограм.





Бикот Диско од 1600 кг, има 140 000 потомци!?

Атракција на годинешниот Меѓународен саем за земјоделство во Нови Сад е бикот Диско кој тежи дури 1600 килограми, во сопственост на Сточарско – ветеринарниот центар Крњача од Белград.

Овој природен бик од сименталска раса зад себе до сега остави неверојатни 140 000 потомци , неговите ќерки на многу натпревари освоиле престижни награди.

Годината тој самиот добил награда за најголем бик  на најголемата саемска манифестација во регионот.

Диско инаку бил роден во Австрија и како теле бил купен во Србија.

Видео: БМВ Серија 8, со мотор В8 и 530 КС

Новиот БМВ Серија 8 ќе дебитира на 15 јуни, а баварскиот гигант во новата најава ги потврди некој од шпекулациите.

Според досегашните информации е познато дека Серија 8 во верзија М850 како погон ќе има В8 мотор со 530 коњски сили. Иако нема потврди дека станува збор за битурбо 4,4 литарски агрегат, вакво нешто доаѓа како најреална опција пренесуваат медиумите.

Краткиот преглед на инструмент таблата покажува најмалку седум брзини на менувачот , веројатно на осмостерпена трансмисија, како што е во М5.

Ова му дава на БМВ опција да создаде уште помоќен  М8, кој се очекува исто така оваа година, со агрегат од 625 КЦ од М5 „Компетишен“.

Силата на подлогата се пренесува преку погон на сите четири тркала  со активен заден диференцијал.

БМВ Серија 8 се опишува како „господски тркач“ , што значи дека купето поседува високи перформанси покрај системот кој овозможува лесно возење.

Фото: Познати двојки на хуманитарна вечера

Свечената вечера популарно наречена АМФАР која се одржа во Кан имала за цел собирање на средства за борбата против сидата.

Свеченоста ја одбележаа  многу познати и убави заљубени двојки.

На црвениот тепих многу од познатите двојки на радост на јавноста  дури и разменуваа нежности.

На свечената вечера меѓу  многуте гости беа и членовите на светскиот џет сет: каролина Куркова и Арчи Дрери, Петра Немцова со новото момче, актерот Пирс Броснан со сопругата Кели Смит.

Потоа, Сара Сампаио и Оливер Рипли, Хајди Клум со младото момче Том Каулиц и секако највљубените Парис Хилтон и Крис Злик кој дури имаа и мал пех на црвениот тепих.

Убавата Парис за малку ќе паднела пред своето момче.

притисни ентер