Мариа Дибиаџио ќе ја обиколи Македонија со велосипед

Мариа Дибиаџио, спортист и хуманитарец од Крива Паланка, ја почна рутата за обиколка на Македонија со трчање и велосипед, а ќе ја овековечи во документарен филм.
Документарецот ќе се снима во рамки на проект на Здружението за поддршка на маргинализирани групи, Пинк супорт, чиј основач е Дибиаџио, а ќе се промовира на посебен настан во септември годинава.

- Идејата е со трчање и возење велосипед да ја обиколам Македонија, посетувајќи ги знаменитостите во регионот и прекрасните убзвини низ кои минувам. Почнавме попладенево од манастирот Св.Јоаким Осоговски во мојот град, преку Ранкобце, каде израснав, па Кратово и локалитетот Куклица со прво преноќиште вечер во Пробиштип. Планирам да минувам 80 до 100 километри дневно и да ги посетам сите коти - гранични линии на Македонија со соседните држави, изјави Дибиаџио.

На патот ќе ја придружува волонтер од Црвен крст - Крива Паланка.

- Се надевам ќе ја исполнам зацртаната цел, да бидам прва дама која ќе ја обиколи државата и да поттикнам повеќе спортисти да практикуваат здрави животни навики и да ги откриваат и промовираат бројните природни убавини на нашата татковина, додаде Дибиаџио.

Филмот ќе се промовира на 3 септември во Скопје како најава на традиционалната хуманитарна трка Пинк ран 2017. /МИА

Нимиц: Се уште нема конечно решение, двете страни се одлучни да го најдат

Се уште нема конечно решение за спорот за името меѓу Македонија и Грција, но двете страни се одлучни да продолжат да работат се додека не се пронајде, изјави кусо денеска во Њујорк медијаторот Метју Нимиц.

Ниту двата часа денеска, ниту вчерашните шест не донесоа суштински напредок во преговорите за спорот за името. Немаме финален договор, двајцата министри си ги бранат нациоанлните интереси, но одлучни се да дојдат до компромис. Преговорите продолжуваат во Брисел, ова беше пораката на Медијаторот Метју Нимиц, повторно срочена во 40-ина секунди и без можност да се постават прашања. 

Очекувано не е познато што било ставено на маса, но судејќи според најавите, македоската страна веројатно настојувала на Република Илинденка Македонија, а грчката на еден од четирите предлози од стариот пакет на Нимиц, со тѕежиште на Горна и Вардарска Македонија. Во таа насока, неколку часа пред завршувањето на средбата во Њујорк, зборуваше и грчкиот премиер Ципрас, по средбата со градоначалникот Бутарис, оцени дека најголема победа за Грција би било име со одредница пред името Македонија.

-Се наоѓаме во преговори кои што се чувствителни, критични, направени се чекори напред. Ние одиме напред бранејќи една национална позиција и кога веќе се наоѓам во Солун, во Македонија, сакам да кажам, затоа што слушам некои што велат не го давајте името. Ние тука се стремиме да добиеме нешто назад, а не да дадеме нешто. Да земеме нешто што веќе 70 години е дадено, од други, не од нас, изјави Ципрас.

По првата во Њујорк, трите средби во Виена и една во Атина, преговорите вчера и денеска повторно се вратија на Ист ривер.   На првата средба, во јануари со која и формално беше возобновен процесот, тогаш со преговарачите Наумовски и Василакис, Нимиц оптимистички соопшти дека на повидок е решение на спорот. Од тогаш поминаа четири месеци, а епилогот е се уште неизвесен.

Најмалку двајца ученици поврдени во пукотници во училиште во САД

Уште еден напад во средно училиште во САД , во кој има најмалку две повредени лица.

Полицијата од Индијанаполис соопшти дека напаѓачот е приведен. Повредените се пренесени во болница , а семејствата на учениците се известени. Според писмената изјава на портпаролот на полицијата за округот Хамилтон , напаѓачот делувал сам , а за мотивите нема информации.

Снимките од хеликоптерот покажуваат како учениците се евакуираат надвор од училиштето , кон спортската сала , од каде ги земаат нивните родители.

Нападот доаѓа точно на една недела по пукањето во училиште во Тексас , каде беа убиени 8 мина ученици.

Трамп ја поправа историската неправда

Претседателот на САД постхумно го помилува боксерот Џек Џонсон , кој завршил во 1912 во затвор по однос со бела жена.

Џек Џонсон е првиот афроамерикански првак на САД во тешка категорија . ,, Верувам дека Џек Џонсон заслужува да биде помилуван за да се исправи грешката во нашата историја .” , рече Трамп.

Во случајот , кој стана симбол за расна нетрпеливост , Џонсон во 1912 година беше затворен , откако бил фатен со Лусил Камерон , која подоцна му станала сопруга.

Џонсон починал во 1946 година. Заедно со Трамп во Белата Куќа при објавувањето ан помилувањето беа и Силвестер Сталоне , познат по улогата на боксерот Роки , како и боксерот Ленокс Луис.

притисни ентер