Трамп: Дури и непријателите веруваат во мојата невиност

Американскиот претседател ги отфрла обвинувањата дека во неговата кампања постоела соработка со Русија, нагласувајќи дека дури и неговите непријатели ја препознаваат неговата невиност.
Трамп зборувал во Белата куќа, додека претставник на министерството за правда, кој постави специјален советник за надзор на истрагата за наводна координација меѓу Русија и неговата предизборна кампања, брифирал членови на Сенатот зад затворени врати на Капитол хил.

Американскиот претседател жестоко реагираше на Твитер за истрагата.

„Ова е најголем поединечен ‘лов на вештерки’ на некој политичар во американската историја“, напиша Трамп.

Американското министерство за правда го именуваше поранешниот директор на ФБИ, Роберт Милер, за специјален советник кој ќе ја надгледува истрагата за поврзаноста на Русија и кампањата на Трамп во 2016 година.

Ѓукановиќ ја положи претседателската заклетва

Во црногорската престолнина Цетиње со положување на заклетвата  избраниот претседател Мило Ѓукановиќ  официјално ја презема должноста.

Ѓукановиќ претседателската заклетва ја даде пред пратениците од Собранието на Црна Гора.

-Се колнам  во својата чест дека должноста претседател  на Црна Гора ќе ја извршувам совесно и одговорно за доброто на сите граѓани, рече  Ѓукановиќ во заклетвата.

Покрај пратениците , на свечената седница присуствуваа и поранешните претседатели на Црна Гора, премиери и претседатели на парламентот, како и највисоките државни функционери и челници на државните институции.  

Абас повторно примен во болница

Претседателот на Палестина 83- годишниот Махмуд Абас е примен во болница, според анонимен официјален претставник, Абас имал температура.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска повторно е примен во болница. Ова е третпат во една недела да биде хоспитализиран.

Абас во вторникот имал операција на увото и по неколку часа бил пуштен дома. Вчера повторно беше на кратко во болница.

Резултатите од анализите, како што јави палестинската новинска агенција, пренесувајќи ја изјавата на директорот на болницата, се добри.

Абас има проблеми со срцето, а пред десет години му е дијагностициран рак на простата. Инаку, тој е страстен пушач.

Дамаск ослободен, екстремистите евакуирани

Група екстремисти од Исламската држава се евакуирани од последната енклава под контрола на бунтовниците во близина на Дамаск, со што оваа територија е вратена под контрола на државата.

Сириската Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, соопшти дека автобусите влегле во енклавата по полноќ за да ги превезат борците на ИД и нивните семејства.

Според Ројтерс, автобусите се упатиле во правец на провинцијата Бадија во Сирија, подрачје со мал број на жители , кое се наоѓа источно од престолнината Дамаск.

притисни ентер