„Да се запознаеме“ – проект на ЕУ за зближување на кумановските основци

Со промоција на стрип приказна насловена „Да се запознаме“ и отворање на мурал на ѕидот од спортската сала на кумановските основни училишта Вук Караџиќ и Наим Фрашери денеска заврши проектот „Поддршка на процесот на интегрирано образование во училиштата“. Целта е преку заеднички образовни активности да се зближат учениците и наставниците од различни етнички заедници, проект поддржан од ЕУ.
- Еу препознава дека самото образование , обуката која што се обезбедува преку образование има клучна улога за одигрување во самиот општествен и економски развој на секое општество како и во обезбедување на образовни обуки кои ќе придонесат за подобро разбирање на децата и на младите луѓе поврзани со прашања кои се однесуваат на еднаквоста, антидискриминацијата и различноста во нивното општество, изјави Самуел Жбогар , евроамбасадор.

ЕУ ќе продолжи и понатаму да финансира активности кои поддржуваат инклузивно, интегрирано учење , без разлика дали неформално или воннаставни активности или преку друго формално учење, потенцираше Жбогар.

Зајакнувањето  на процесот на меѓуетничка интеграција во училиштзто го имплементираат здружението Мировна акција и Центарот за мировни студии од Загреб.

- Сметаме дека тој процес мора да биде зајакнат и е еден вид намалување на проблемите кои што ги имаме заради реално речено скоро потполната сегрегација во училиштата, да се најде начин наставниците, а преку нив и децата да имаат поголеми можности за меѓусебна комуникација , заедничка работа дали на проекти или наставни или воннаставни активности,  изјави Горан Талевски од здружение „Мировна акција“.

Активноста беше дел од кампањата „ЕУ за тебе“ која има цел да ги подигне свеста и информираноста на јавноста за помошта на ЕУ во земјата.


Деветмина штитеници загинаа во пожар во поправен дом (ВИДЕО)

Најмалку девет лица , меѓу кои и деца загинаа во пожар во привремениот поправен дом за малолетници во бразилскиот град Џојана.

Во пожарот има и десетина повредени . Пожарникарите ги поребаруваат просториите во потрага по повредени или загинати . Од центарот за малолетници нема потврда дали е тоа конечниот број и која е причината за избувнувањето на пожарот утрово околу 9 часот по локално време.

Не е познато ниту колку штитеници имало во центарот , кој се користи за времено сместување на малолетници додека е во тек судската постапка за нив или нивните блиски.

Словенија се врти кон десно – Јанша фаворит на изборите

Поранешниот премиер на Словенија е најголем фаворит на изборите што ќе се одржат на 3 јуни.

Според последните три анкети на десетина дена пред изборите , Словенската демократска партија е фаворит , а според некои дури и убедливо. Јанша за директен противник го има Лука Месец , роден 1987 година , кој е лидер на Левицата. Јанез Јанша , кој во времето кога Месец се родил , бил војник во ЈНА со него се пресметува на твитер. Тој го исмеа доаѓањето на ТВ дуел на Месец со Мерцедес споредувајќи го со ,,неговиот идол Тито , кој имаше 72 Мерцедеси”. Ваквата директна реторика очигледно е добро примена кај Словенците , кои не му замеруваат на Јанша ниту вртењето кон Унгарскиот модел на Виктор Орбан, пишуваат словенечките медиуми.

Тој деновиве му беше гостин на два предизборни митинзи. Второ и трето место на анкетата ги заземаат Социјалдемократите на Дејан Жидан , како и Листа на Марјан Шарц, новооснована партија , која што кон крајот на минатата година дури водеше на анкетите.

Позитивна Словенија на Зоран Јанковиќ потпиша договор за заеднички настап на изборите со Партијата на пензионерите, Десус на Карл Ерјавец , со кого ќе треба да го спречат повторното доаѓање на Јанша на власт.

Експлодираше камион полн со парфеми на автопатот Загреб- Белград (ВИДЕО)

Силна експлозија одекна на автопатот Загреб- Белград во близина на Пеќинци.

Камион со приколка полн со парфеми целосно изгоре во експлозијата на автопатот во правец кон Белград. За среќа возачот на време избегал и е неповрерден. Сообраќајот неколку часа беше во прекин и се формираа километарки колони возила.

Според очевидците , по првата силна експлозија имало и неколку послаби. Не е позната причината за запалувањето на камионот , кој целосно изгоре.

притисни ентер