Заменикот на Лавров нов амбасадор на Русија во САД?

Одборот за надворешни работи на долниот дом на рускиот парламент, го поддржа именувањето на заменик шефот на руската дипломатија Анатолиј Антонов за амбасадор на Русија во САД, изјави денеска за ТАС неименуван извор од одборот после состанокот зад затворени врати.
Антонов во обраќањето до новинарите укажа дека постои потреба за подобрување на односите меѓу Москва и Вашингтон и да се убеди САД дека добрите односи се во интерес на двете земји.

„Се соочуваме со голема задачи да ги подобриме односите. Никој не зборува за повлекување, но мораме да ги убедиме нашите американски партнери дека рамноправните и добрососедските односи, засновани на взаемно почитување се во интерес на народите на двете земји“ – истакна тој.

Актуелниот амбасадор на Русија во Вашингтон, Сергеј Кисљак е под истрага поради наводните врски меѓу советниците на американскиот претседател Доналд Трамп и Русија во текот на предизборната кампања во САД во 2016 година, потсетува „АП“.

Деветмина штитеници загинаа во пожар во поправен дом (ВИДЕО)

Најмалку девет лица , меѓу кои и деца загинаа во пожар во привремениот поправен дом за малолетници во бразилскиот град Џојана.

Во пожарот има и десетина повредени . Пожарникарите ги поребаруваат просториите во потрага по повредени или загинати . Од центарот за малолетници нема потврда дали е тоа конечниот број и која е причината за избувнувањето на пожарот утрово околу 9 часот по локално време.

Не е познато ниту колку штитеници имало во центарот , кој се користи за времено сместување на малолетници додека е во тек судската постапка за нив или нивните блиски.

Словенија се врти кон десно – Јанша фаворит на изборите

Поранешниот премиер на Словенија е најголем фаворит на изборите што ќе се одржат на 3 јуни.

Според последните три анкети на десетина дена пред изборите , Словенската демократска партија е фаворит , а според некои дури и убедливо. Јанша за директен противник го има Лука Месец , роден 1987 година , кој е лидер на Левицата. Јанез Јанша , кој во времето кога Месец се родил , бил војник во ЈНА со него се пресметува на твитер. Тој го исмеа доаѓањето на ТВ дуел на Месец со Мерцедес споредувајќи го со ,,неговиот идол Тито , кој имаше 72 Мерцедеси”. Ваквата директна реторика очигледно е добро примена кај Словенците , кои не му замеруваат на Јанша ниту вртењето кон Унгарскиот модел на Виктор Орбан, пишуваат словенечките медиуми.

Тој деновиве му беше гостин на два предизборни митинзи. Второ и трето место на анкетата ги заземаат Социјалдемократите на Дејан Жидан , како и Листа на Марјан Шарц, новооснована партија , која што кон крајот на минатата година дури водеше на анкетите.

Позитивна Словенија на Зоран Јанковиќ потпиша договор за заеднички настап на изборите со Партијата на пензионерите, Десус на Карл Ерјавец , со кого ќе треба да го спречат повторното доаѓање на Јанша на власт.

Експлодираше камион полн со парфеми на автопатот Загреб- Белград (ВИДЕО)

Силна експлозија одекна на автопатот Загреб- Белград во близина на Пеќинци.

Камион со приколка полн со парфеми целосно изгоре во експлозијата на автопатот во правец кон Белград. За среќа возачот на време избегал и е неповрерден. Сообраќајот неколку часа беше во прекин и се формираа километарки колони возила.

Според очевидците , по првата силна експлозија имало и неколку послаби. Не е позната причината за запалувањето на камионот , кој целосно изгоре.

притисни ентер