Голди Хоун: Како „паднав“ на Курт Расел!

Голди Хоун и Курт Расел се заедно 34 години. Таа во изјава за „People“ објасни како се вљубила во актерот.

- Тој изгледаше добро но не беше претенциозен. Веднаш можев да видам дека не е женкар - вели 71 годишната Голди за својот 5 години помлад партнер.

Но, нешто друго било решавачко!


Image result for goldie hawn


Голди била освоена од односот кој Курт успеал да го воспостави со нејзините деца Кејт и Оливер, кои таа ги доби со екс сопругот Бил Хадсон.


- Она што навистина ми се допадна е како тој се однесуваше со моите деца, кога ќе дојдеа на сет од филмот што го снимавме заедно. Беше навиостина извонреден со нив!


Realistic: But things were not always perfect for them. 'Monogamy is a very tough order,' she said. 'You’re in the prime of your life, you are attracted to other people, potentially, you have fantasies about that.' Pictured 1990




На прашањето како ја одржале својата љубов жива цели 34 години, Голди вели:

- Љубов, благодарност, сочувство, разбирање, бидејќи секој маж и секоја жена од време на време можат да го доведат партнерот до лудило. Важно е семејството, забавата, смеата, сексот. Ако тоа не се негува, со врската е завршено - вели Голди.

- Моногамијата е тешка, во младоста среќаваме различни луѓе, привлечени сме од нив, и тоа е голем ризик ако немаме предвид дека може да уништиме навистина убаво нешто. Јас мислам дека е нормално ако тој погледне друга жена, или јас друг маж, и ако си кажеме еден на друг за тоа, и мислам дека имаме еластичност во врската која не дозволува таа да се прекине - вели Голди.

Голди Хоун и Курт Расел минатата недела добија ѕвезди на Холивудската патека на славните.


Still in love: Here they are seen last week when they both received stars on the Hollywood Walk Of Fame

Почнаа изборите во Индија - се гласа до 1 јуни, право на глас имаат 968 милиони луѓе

Во Индија денеска почнаа парламентарните избори со најголем број гласачи во светот, а премиерот Нарендра Моди ќе се обиде да добие трет мандат.

Главниот ривал на партијата Бхаратија Џаната (БЈП) на Моди е коалицијата „Индија“ на Рахул Ганди.

Парламентарните избори во Индија ќе траат до 1 јуни, а право на глас имаат 968 милиони луѓе.

Граѓаните ќе избираат 543 пратеници во Долниот дом на парламентот.

На претходните избори БЈП освои 303 пратенички места, а опозицискиот Индиски национален конгрес (ИНЦ) 52 места.

Гласачите ќе гласаат на електронски гласачки машини, а за да се обезбеди сигурност гласањето се одвива во седум фази - 19 април, 26 април, 7 мај, 13 мај, 20 мај, 25 мај и 1 јуни.

Ибраимоски и Глигорова: „СТОП за извршителите, брзите кредити и должничкото ропство“

Носителот на пратеничката листа на коалицијата „Храбро за Македонија“ во изборната единица пет, Самка Ибраимоски, денеска заедно со активистката и кандидатка за пратеничка Ана Глигорова ја посетија Битола. 

Носителот на пратеничката листа на коалицијата „Храбро за Македонија“ во изборната единица пет, Самка Ибраимоски, денеска заедно со активистката и кандидатка за пратеничка Ана Глигорова ја посетија Битола каде се потпишуваше петицијата „СТОП за извршителите и брзите кредити“.

Воедно, Ибраимоски и Глигорова нагласија дека оваа борба за правда, за враќање на извршителите кадешто им е местото и ослободување на народот од должничко ропство е еден од главните приоритети на предизборната програма на коалицијата „Храбро за Македонија“.

- Денеска бевме во Битола, на средба со граѓани. Имавме петиција за „СТОП на извршителите“ и стоп за кеш кредити, успешна петиција.

Суштината на нашата кампања во изборна единица пет, ќе биде токму оваа агенда: „СТОП за извршители и СТОП за брзи кредити“. - нагласи Глигорова.

- Ме радува што сите граѓани ја прифатија нашата иницијатива и се потпишаа многу луѓе и тоа е добро, што народот почна поинаку да размислува за разлика од претходно. И очекувам дека и во другите градови, како што се Ресен, Охрид, Струга, Демир Хисар и другите околни места, ќе ни ја дадат поддршката за парламентарните избори, истакна претседателот на ПЦЕР и носител на пратеничката листа, Самка Ибраимоски.

Центар за комуникации на ГРОМ, коалиција „Храбро за Македонија“

Арсовска изврши увид на градежни работи на реконструкција на водоводна мрежа во Гази Баба

Град Скопје денес реализира уште еден проект од големо значење за граѓаните. 

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со претставници од Секторот за планирање и уредување при Град Скопје и скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“ извршија увид во завршните градежни работи на реконструкција на водоводната мрежа на ул. Антон Попов во општината Гази Баба.

Со изведбата на водоводните приклучоци на овој потег кои се поврзуваат со постојната водоводна мрежа со профил од 150 милиметри, се решава повеќедеценискиот проблем на жителите со честите прекини во водоснабдувањето поради застареноста на системот, а се решаваат загубите на вода и трошоци за поправките на дефектите на водоводната мрежа.

Изведбата на овој проект претставува дел од програмата на градоначалничката Данела Арсовска за обновување на градската мрежа, во децениски заборавените населени места, што претставуваше и долгогодишно барање на жителите од тој дел на градот.

Град Скопје

притисни ентер