Од понеделник „Ноќен менаџер“ пристигнува на Канал5

Од понеделник, 15-ти мај, програмата на Канал 5 ќе биде збогатена со една од најдобрите британски серии за 2016-та. Серијата заради која прочуениот д-р Хаус (Хју Лори) доби ѕвезда на Булеварот на славните, а најшармантната британска ѕвезда Том Хидлстон ( познатиот негативец Локи од мега хитовите „Тор“ и „Одмаздници“) - статус на најдобар иден кандидат за Џејмс Бонд, пристигнува во Македонија!


Шпионското ремек дело на Џон ле Каре, режирано од Оскаровката Сузан Бир, со големите британски ѕвезди Хју Лори и Том Хидлстон, со 37 номинации за највисоките филмски награди, освоени 2 Еми награди за режија и музика и 3 Златни глобуси за најдобар главен машки лик и најдобар спореден машки и женски лик, ќе ве импресионира со својата напнатост, храброст, зло, љубов и копнеж, барање на сопствената суштина во светот кој отишол по ѓаволите.



Том Хидлстон го глуми ноќниот менаџер Џонатан Пајн кој бегајќи од пропаднатиот брак и сопственото минато станува британски војник кој ќе се бори во Ирак, за потоа да се повлече и да започне да работи како ноќен рецепционер во хотел, зашто има намера да биде далеку од хаосот. Но се’ се менува во моментот кога ќе му бидат доверени компромитирачки документи и кога ќе умре личноста што ќе му ги довери. Тогаш живот на ноќниот менаџер ќе се искомплицира и вкрсти со животот на Ричард Ропер (Хју Лори).




Ричард Ропер (Хју Лори) е богат, образован и шармантен милјардер, но зад неговата маска на бизнисмен филантроп и вистински господин, се крие еден од најопасните луѓе на светот кој својата империја ја создал продавајќи оружје и поткупувајќи луѓе за да стигне до важни информации. Во една ситуација кога Џонатан Пајн (Том Хидлстон) ќе го спаси неговиот син кој е единствената Роперова слаба точка, Ропер ќе го прими Пајн во својот дом и живот...



Женскиот лик, пак,кој е покренувач на сите емоционални празнења се вика Џед Маршал (Елизабет Дебики) – Роперовата прекрасна, интригантна и заводлива жена, неправедно заробена во светот на криминалот само за финансиски да го помага своето семејство.




Очекувајте тензија и маестрално надмудрување на главните протагонисти.




Очекувајте ремек дело од секоја епизода, зашто ниту една епизода од „Ноќен менаџер“ не е поевтина од 3 милиони фунти. Раскошната сценографија, екстериерите кои ќе ве одведат од Каиро преку Мајорка и Истанбул, па се’ до Лондон, ќе ја направат серијата „Ноќен менаџер“ неодолива и за вас почитувани гледачи, како што тоа веќе се случи во дури 180 земји во светот.




Бидете со програмата на Канал 5 и очекувајте го понеделничкиот старт на „Ноќен менаџер“!





Спречен е атентат врз Зеленски, полски државјанин е уапсен- му се закануваат 8 години затвор

Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руската воена разузнавачка служба и да им помогне да го испланираат атентатот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесува АП.

Полското национално обвинителство во соопштение вели дека човекот, идентификуван само како Павел К, бил обвинет дека бил подготвен да пренесе информации за безбедноста на аеродромот до руските агенти и бил уапсен вчера во Полска.

Тој побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Ржешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е порта за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.

Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие до осум години затвор, се вели во соопштението.

Обвинителите, исто така, изјавија дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази.

Членката на Европската унија, Полска повеќе од две години дава цврста поддршка на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија.

Ковачевски: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата

СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата. Ние нудиме јасен план и визија како до 2030 година Македонија да стане земја членка на ЕУ.  

Наспроти нашите политички конкуренти ВМРО – ДПМНЕ кои немаат ниту план, ниту визија, ниту одлучност, ниту волја да го направат тоа порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, од предизборниот митинг во Демир Капија.

Ковачевски нагласи дека изборот е кристално јасен.

Избирате помеѓу надеж за подобра, европска иднина со СДСМ или безнадежност и враќање назад со ВМРО ДПМНЕ. Нашите идеи се прогресивни, со јасна визија за европска иднина на државата за што имаме голема поддршка од нашите пријатели од ЕУ, истакна Ковачевски.

Претседателот Ковачевски додаде дека од друга страна, Мицкоски ќе го одолговлекува европскиот пат и за тоа ќе го обвини Брисел.

ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите, напротив, може да слушнете нивни изјави каде велат дека не треба да станеме членка на ЕУ сто години, а можеби и никогаш. Тоа покажува дека ја продолжуваат политиката на Никола Груевски. Со нив, Северна Македонија ќе се врати во чекалниците и во темното минато на недемократските процеси, нагласи Ковачевски.

СДСМ никогаш не се откажува! И нашите противници мора да го знаат тоа! Не ни треба враќање назад во изолација и неизвесност туку напредок и членство во ЕУ, нема откажување од подобра иднина за нашите граѓани, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата во Демир Капија, се наведуива во партиското соопштение.

Потопиле голем патнички авион во море, за да стане туристичка атракција (ВИДЕО)

Авион со 400 седишта, L1011 Tristar, бил потопен во 2019 година во близина на брегот на јорданскиот град Акаба со цел да привлече туристи, односно љубители на подводни истражувања.

Џамбо-џет првпат полетал во средината на 1980-тите, но на крајот беше исфрлен од употреба. Последните години ги поминал на пистата на меѓународниот аеродром „Крал Хусеин“. На крајот е спуштен на дното на Црвеното Море.

Потонатиот авион стана едно од најпосетуваните места за нуркање во Јордан, пренесува Метро.

Неговите мотори се сè уште на место, а не се допрени ниту кокпитот, тоалетите и галијата.

„Кокпитот е во најплиткиот дел, на длабочина од 13 метри, а последните два излеза се на 28 метри“, откри подводниот фотограф Брет Холцер.

На интернет има бројни снимки од потонатиот L1011 Tristar, а интересно е што тој во еден момент по грешка бил поврзан со исчезнатиот MH370.

Имено, на социјалните мрежи се појави фотографија од потонатиот брод за која се наведува дека го претставува леталото на компанијата „Малезија Ерплане“, кое во 2014 година било изгубено без трага.

Во пораката стоело дека „не се пронајдени човечки останки во кабината“, но подоцна е избришана.

Набрзо, шпекулациите беа ставени на крај бидејќи фотографијата одговараше на снимката направена на брегот на Акаба, односно подводната атракција таму.

притисни ентер