Редовната вакцинација во Битола е со опфат од над 90 отсто

Битола има развиена здравствена култура и висок просек на редовна вакцинација од над 90 отсто.

 Ова беше посочено денеска на одбележувањето на неделата на имунизација од страна на Министерството за здравство и Центарот за јавно здравје-Битола каде здравствени услуги добиваат над 190.000 жители во регионот. Денеска Битола одбележа и 100 години јавното здравство и над 20 години самостојна дејност на Центарот за јавно здравје во овој град.

,,Ние сме еден од подобрите Центри за јавно здравје во Република Македонија со реализирани над 5.000 вакцини во секоја година, а и редовната вакцинација се реализира со над 90 отсто. Здравствената култура на битолчани е за почит и апелирам родителите да имаат верба во здравствените работници,,.-рече Тони Коњановски, Центар за јавно здравје-Битола.

Вакцините се безбедни и квалитетни. Теба да се верува во здравствениот систем и децата треба да се вакцинираат, порачаа од министерството за здравство.

,,Вакцините се безбедни и квалитетни. Состојките во вакцините не се штетни, а тоа го знаат и здравствените работници кои имаат обврска да го информираат секој заинтересиран родител за вакцината. Вакцините што во овој момент ги употребуваме во Република Македонија се од државите членки на Европската унија и тие се употребуваат за децата и во соодветните држави.,, -потенцира Костовска.

Денеска беше промовирана и монографија посветена на јавното здравство, чиј автор е историчарот Александар Стерјевски, а кој открил дека во Битола имало масовна вакцина како заштита од големи сипаници уште во 1912 година.

Хаос во Барселона : Протестираат и приврзаниците и противниците на независна Каталонија (ВИДЕО)

Полицијата очекува долга ноќ во Барселона и судири меѓу двете големи групи кои протестираат – приврзаниците и противниците на независноста на Каталонија.

Одборите за одбрана на Републиката (ЦДР), каталонска организација на застапници за независност, кои изминативе два дена насилно протестираа, организираа нов масовен протест во центарот на главниот град Барселона.

Во изминатите два дена тие оставија зад себе неколку запалени автомобили,барикади, а вчеравечер ја гаѓаа каталонската полиција со молотови коктели кога беа запрени на патот кон зградата на полицијата на Каталонија, каде сакаа да протестираат.

Тие бараат ослободување на затворените лидери на Каталонија осудени во понеделникот на затворски казни меѓу 9 и 13 години, поради референдумот за независност прогласена во 2017 година и заминување на шпанската полиција од Каталонија.

Од понеделникот, околу 250 луѓе се повредени во судирите со полицијата. Шпанскиот министер за внатрешни работи денеска објави дека 194 полицајци биле повредени во последните три дена. Приведени се 94 лица.

Попладнево, пак, групите за интегритет на Шпанија во другиот дел од градот излегоа на улиците во немири кои се одвиваа од понеделник.

 „На нив, кон нив“ и „Јас сум Шпанец, Шпанец“, викаат тие, носејќи шпански знамиња, додека полицијата мораше да ги смири со палки, а беа запалени и димни бомби. Припадниците на специјалната полиција се обидува да го спречи контактот на двете спротивставени групи демонстранти.


Мицотакис : Целосно го поддржуваме патот за членство во ЕУ на нашиот северен сосед

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис пред пристигнувањето на самитот во ЕУ изјави дека го подржува евроинтегративниот пат на земјите од Западен Балкан.

,,Целосно го поддржуваме патот за членство во ЕУ на нашиот северен сосед, тие целосно ги почитуваат меѓународните договори што ги потпишаа, тие го почитуваат владеењето на правото и се разбира ги почитуваат правата на малцинствата.”, рече Мицотакис пред попладневниот состанок на лидерите на земјите членки на ЕУ во Брисел.

Чешкиот премиер дециден: Мора да градиме нуклеарни електрани , па и да ги прекршиме законите на ЕУ

Сигурно снабдување со енергенси е приоритет за Чешка и затоа треба да се градат нови нуклеарни електрани , изјави чешкиот премиер Андреј Бабиш.

„Мора да го сториме тоа дури и ако сме принудени да ги прекршиме европските закони“, рече чешкиот премиер пред парламентарците во Прага.

Безбедноста на снабдувањето со енергија е приоритет за Чешката Република, додаде Бабиш, без да се знае дали тоа значи проценка на влијанието врз животната средина, државна помош или нешто друго според европските регулативи.

Изградбата на новите нуклеарки требаше веќе да започне, додаде тој. „Спиевме добар дел од времето кога станува збор за нуклеарната енергија“.

Чешката Република продолжува да користи нуклеарна енергија во производството на електрична енергија и владата има намера да го зголеми својот удел во енергетската моќност за 50 проценти до 2040 година.

Германија во повеќе наврати ги критикуваше застарените нуклеарни централи во соседната земја, тврдејќи дека тие не се безбедни. Претседателот на комисијата за животна средина во германскиот Бундестаг, пратеничката на Зелените, Силвија Котинг-Ул, остро реагираше на зборовите на чешкиот премиер.

,,Шокантно е што лидерот на земја членка на ЕУ отворено најавува кршење на законот, рече Котинг-Ул, повикувајќи ја владата во Берлин да се спротивстави на изградбата на нови нуклеарни централи во Чешката Република, бидејќи тие би претставувале закана за Германија и Европа.

Чешката Република има две нуклеарни централи, во Темелин и во Дуковани. Темелин е на само шеесет километри од границата со Германија и Австрија.

Во истражувањето спроведено во Чешка во 2015 година, само девет проценти од испитаниците изјавиле дека се плашат од нуклеарна енергија. Дваесет и четири проценти од нив изразија просечен страв, а дури 63 проценти малку стравуваа или воопшто не стравуваат од нуклеарна енергија.

Клучни кандидати за изградба на нови нуклеарни централи во Чешка се јужнокорејската компанија КХНП и руската Росатом.

притисни ентер