Кралицата Елизабета наполни 91 година - 65 години е британски врховен монарх!

Кралицата Елизабета втора во својот дом со семејството и пријателите денеска го слави 91-от роденден. Таа е британски врховен монарх кој останал најдолго на оваа позиција - од далечната 1952 година.

Роденденот на кралицата Елизабета сe прославува два пати годишно. Еднаш на денот на раѓањето, на 21 април, а втор пат во јуни кога е официјалната прослава и кога се поголеми шансите времето да биде сончево за да се одржи воена парада.

Датумот на раѓањето, кралицата го прославува во приватност. Таа има и официјален роденден кој се прославува во јуни со воена парада, позната како „поздрав на боите“.

Кралот Едвард седми кој беше роден на 9 ноември, беше прв британски суверен кој го поместил официјалното одбележување на роденденот за мај или јуни, а Елизабета втора ја презеде таа традиција.


Стејт Департментот: Сериозна владина корупција и насилство врз новинари

Стејт Департментот ја нотира состојбата со човековите права во речиси 200 земји и територии низ светот. 

Сериозна владина корупција и сериозни ограничувања на слободата на изразување и слободата на медиумите, вклучително и насилство и закани со насилство врз новинари, се регистрирани во извештајот на Стејт Департментот за состојбата со човековите права во Македонија во 2023 година, пренесува Гласот на Америка на македонски јазик. Извештајот наведува дека законот предвидува кривични казни за корупција од страна на функционери, но оти владата не го спровела ефективно.

- Имаше бројни извештаи за владина корупција. Во септември, владата усвои измени на кривичниот законик, значително намалувајќи ги обвиненијата и казните за кривични дела поврзани со корупција. Невладините организации тврдеа дека како најголем работодавач во земјата, доминантната улога на владата во економијата, создава широки можности за корупција, се вели во документот.извештајот нотира значителни „одложувања во судењата кои вклучуваат сериозна корупција, при што само неколку беа завршени до септември, вклучително и оние против поранешни владини функционери.

Стејт Департментот ја нотира состојбата со човековите права во речиси 200 земји и територии низ светот. За Бугарија во извшетајот се нотира дека властите на Бугарија продолжиле да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи.

ЦУК со апел за внимателност поради најавените метеоролошки промени

Центарот за управување со кризи (ЦУК) изутринава апелира за внимателност поради најавените метеоролошки промени со дожд, умерен ветер и со снег на повисоките места.

Кога се оди со возило на планините, препорачливо е да се има полн резервоар гориво и да се внимава на лизгавоста и проодноста на патот.

- Во реон на автопатот A2 Кичево-Охрид, што е во изградба, во период од 12 до 16 часот ако се слушнат силни детонации, граѓаните да не се вознемируваат, ќе се извршат во повеќе наврати минирања на теренот, информираат од ЦУК.

Изминатото деноноќие немало пожари на отворено, имало само урбани.

- ЦУК издвојува два коишто се навидум наивни, ги има секојдневно, а се потенцијална опасност за палење поткровја и околни објекти. Тоа се пожарите на оџаци. Регионалниот ЦУК - Охрид информира дека пожарникари, вчера од 13.05 до 14 часот, со тројца пожарникари и едно ПП возило гаснеле запален оџак на улицата „8-ми Септември“ број 26, а РЦУК - Велес соопштува дека вчера од осум до девет часот, петмина пожарникари и две ПП возила гаснеле запален оџак на локален дуќан за скара во градот, наведуваат од ЦУК.

Оџаците, како што пожарникарите превентивно препорачуваат, е потребно да се чистат поредовно, се нагласува во соопштението на ЦУК.

Во последното деноноќие имало вкупно 1.583 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК.

- „Реални“ повици биле 59,13 отсто, а 40,87 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 61,05 проценти, кон Итната медицинска помош - 35,96 отсто. Додека, кон пожарникарите - 1,12 проценти од реалните повици кон 112 во ЦУК, пишува во соопштението.

САД почнаа преговори за повлекување на 1.000 американски војници од Нигер

Американските власти почнаа преговори со властите на Нигер за повлекување на американските војници од оваа западноафриканска земја, соопшти синоќа Пентагон.

Војниците досега беа во оваа земја за борба против џихадистичките екстремисти во регионот Сахел, на кој му припаѓа Нигер.

Владата на Нигер, која се појави по минатогодишниот државен удар, одлучи минатиот месец да го раскине договорот за воена соработка со САД, соопштувајќи дека присуството на американски војници во Нигер сега е „нелегално“.

Минатата недела Вашингтон конечно се согласи да повлече повеќе од 1.000 војници од земјата и објави дека испраќа делегација во Ниамеј за да се договорат за деталите за повлекувањето.

-Можеме да го потврдиме почетокот на разговорите меѓу САД и Нигер за уредно повлекување на американските сили, рече портпаролот на Пентагон, Пет Рајдер.

„Мала делегација од Пентагон и американската команда во Африка“ учествува во разговорите, а САД „ќе продолжат да ги истражуваат можните опции за да се осигураат дека секогаш сме способни да се справиме со потенцијалните терористички закани“, додаде Рајдер.

Шефот на дипломатијата на Нигер, Бакари Јау Сангаре, изјави дека денеска имал „разговори“ со американската амбасадорка во Ниамеј, Кетлин Фицгибон, за „прашањето за заминувањето на воените трупи од Нигер“.

Разговорот се одвивал во присуство на Марија Барон, директорка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) во Ниамеј, која изрази уверување дека агенцијата „ќе ја продолжи билатералната соработка“ со Нигер, се наведува во соопштението.

Во Нигер, САД имаат голема база за беспилотни летала во близина на Агадез. Неговата изградба чинела околу 100 милиони долари.

По државниот удар со кој беше соборен избраниот претседател Мохамед Базум, новиот воен режим брзо побара повлекување на трупите од Франција.

Воената хунта политички се зближи со Русија, како и Мали и Буркина Фасо, земји со кои исто така владеат воени хунти. /MИА

притисни ентер