Во Охрид почна снимањето на играниот филм „Дедо и внук“

На неколку локации во Охрид вчера почна снимањето на играниот филм „Дедо и внук“, на охридскиот режисер Илија Пиперкоски.
Како што беше истакнато на прес-конференцијата одржана денеска, ова е првпат во историјата на македонската киноматографија сценарист и режисер да биде охридски автор, како и материјалот за целиот филм, целото снимање од почеток до крај да биде во Охрид.

Пиперкоски за својот прв проект во категоријата игран филм, истакна дека се исполнува неговата желба да снима филм во Охрид.

- Многу се радувам што денеска после многу подготовки сме тука на првата клапа од снимањето на играниот филм „Дедо и внук“, а наредната седмица почнува и прикажувањето на мојот документарен филм за Охрид. Беа потребни многу напор, работа и логистика изминатите четири години за да стигнеме до тука – до снимање игран филм, и до премиера на документарен филм, рече тој.

За самиот филм Пиперкоски не сакаше многу да зборува ниту да открива за содржината, освен дека се работи за емотивна приказна, однос меѓу дедото и внукот и што се она постарите сакаат да ги научат поколенијата.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Дејан Лилиќ како внукот и Салаетин Билал како дедото.

Лилиќ кој во филмот глуми кардио-хирург, рече дека сега разбира дека воопшто не им е лесен животот на лекарите.

- Никола ликот кој го играм, покрај што има тешка работа, во животот му се случуваат низа интересни, невообичаени, чудни препреки... Во еден миг целиот негов живот се врти наопаку, рече Лилиќ изразувајќи уверување дека составот на екипата, продукцијата, режијата се е склопено така да излезе еден добар македонски продукт.

Неговиот колега Билал, инаку дедото во филмот, за својата улога рече дека разработува интересен случај, чест во денешницата, старите луѓе да бидат подзаборавени од најблиските.

Image result for салаетин билал



- Многу интересна улога и што е најважно, соработката со режисерот е исклучително пријателска, со договарање, пријатни моменти во работата, мислам дека така ќе биде се до крајот на снимањето, така што ќе направиме добар филм, рече Билал, кому ова му е 36-то појавување во филм.

Продуцентот на филмот Огнен Антов пред медиумите изрази огромна благодарност до Агенцијата за филм која финансиски го поддржа проектот, како и до граѓаните и Локалната самоуправа на Охрид.

- Планираме премиерата на филмот да биде токму во Охрид, а потоа по останатите градови. Некако логично и е, Илија е од тука, снимаме тука, така што тоа е идејата да стартуваме оттука, рече Антов.

Авторска екипа уште ја сочинуваат директорот на фотографија од Романија – Патру Паунеску, сценографијата во филмот ја креира Владимир Зафирковски, костимограф е Жаклина Крстевска, автор на шминката и маските е Клаудиа Мусат, снимател на звукот е Мариус Станеску.

Снимањето на материјалот за „Дедо и внук“ почнува во истата куќа каде се одвиваше главното дејство на „Мирно лето“ во 1960 година. Предвидено е снимањето на материјалот за филмот да заврши некаде до 14 мај, а филмот што е македонско-романска продукција да биде готов некаде до крајот на годината, за да може да учествува на некој од филмските фестивали наредната година. 

Како до повеќе средства за поквалитетни музејски експонати?

Принцип на самоодржливост во музеите, наместо да бидат  зависни од државата,тие  треба да станат само одржливи, вели првиот човек на археолошкиот музеј Горан Санев.

  За да се придобие нова публика и да се зајакнат врските со неа, потребно е вложување  во менаџерски обуки и нивна континуирана едукација за современите трендови,новото време налага  музеите да бараат и нови начини за презентирање на новите колекции.

Слухот на надлежните  варира, велат музејските работници, тие укажуваат пред се на инфраструктуни и на кадрови проблеми , како што  велат ,  во светот музеите се борат кој да донесе поатрактивна колекција и која ќе остане во поголемо сеќавање кај посетителите. Музејската публиката бара интересна и невидена приказна, за тоа е  потребно време за истражување и за конзерваторски интервенции .

Дождот во неколку наврати ги поплави подрумите на Археолошкиот музеј, само просториите во кои што беше сместен Државниот архив беа дислоцирани.  Музеите се од витално значење за културното наследство и мораат да се негуваат за да останат релевантни чинители во општеството и вистинка одлика на историјата еден народ и култура.

„Илинденска“ наспроти „Горна“ и „Нова“ Македонија – почна средбата во Њујорк

Час и половина во Седиштето на Обединетите Нации во Њујорк се одвива новата, според многумина клучна рунда преговори меѓу министрите Димитров и Коѕијас,

По која ќе стане појасно – дали процесот може наскоро да финишира по целосно спротивставените позиции, со кои праговарачите дојдоа на Ист Ривер. Македонската страна е уверена дека последниот предлог Република Илинденска Македонија сепак ќе најде свое место на маса. За Атина пак, предлогот не е во игра и фокусот го враќа на стариот пакет од 4 имиња на медијаторот Нимиц. И Димитров и Коѕијас последните пораки ги испратија синоќа по одвоените средби со Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш.

Македонскиот министер само кусо посочил дека со визија и лидерство на двете страни постои историска шанса да се затвори повеќедеценискиот историски спор. Коѕијас пак, е воздржан оптимист. Прашан дали преговорите навистина се на крајот од патот, како што тврдела, македонската страна, тој е дециден – не останува ништо друго, освен Скопје тоа да го докаже на преговорите.

-Другата страна треба да покаже прагматизам и реализам за да најде решение. Решенија се решенијата со компромис. Направивме синтеза од сите предлози, но прашањето за името останува отворено. Од Нимиц ја очекуваме неговата мудрост за време на преговорите. Преговорите се поделени на два дела, оние меѓу министрите за надворешни работи кои разговараат за централните политички прашања и оние техничките групи, изјави Никос Коѕијас, министер за надворешни работи на Грција.

Во дел од грчките медиуми проструи информацијата дека Атина веќе инсистира на Нова или на Горна Македонија, кои би биле за севкупна употреба и  со уставни измени. Дека за спорот за името во Њујорк, постои голем интерес и меѓу странските новинари, покажа дневниот брифинг, одржан од портпаролот на Гутереш.

Дали сега имаме договор меѓу Македонија и Грција за спорот за името? За името на државата, на нацијата, како ќе ги ословуваме нив и јазикот?

-Овие дискусии се во тек. Како што знаете, Г-н Нимиц е вклучен во ова подолго време. Кога ќе имаме договор, ние секако ќе соопштиме. Но, во овој момент јас немам што да објавам, изјави Стивен Дијариќ, портпарол на Генералниот секретар на ОН.

Преговорите за името денеска и утре, повторно се вратија во Њујорк, таму каде што и почнаа во јануари. На првата средба, со која и формално беше возобновен процесот, тогаш со преговарачите Наумовски и Василакис, Нимиц оптимистички соопшти дека на повидок е решение на спорот. Од тогаш поминаа четири месеци, а епилогот е се уште неизвесен.

Македонија и Бугарија со прва заедничка почест на гробот на Св. Кирил

Македонска и бугарска делегација предводена од премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов во базиликата „Свети Климент“ во Рим.

 Учествуваа заеднички на молебенот во чест на Светите Кирил и Методиј.  За прв пат македонски и бугарски премиер се поклонија заедно пред моштите на Свети Кирил.

Прв  пред моштите на Свети Кирил венец положи премиерот Заев а потоа и бугарскиот премиер Борисов. Заев нагласи дека со заедничкото чествување испраќаат до светот порака за меѓусебен дијалог и разбирање а, Борисов говореше за убавината на тоа заедно да славиме а не да се караме.

-Со колегата Заев, со нивните и нашите владици и министри покажавме дека наместо да се караме и овие празници да се раздор, и да даваме изјави во Софија или Скопје, колку е подобро заеднички да чествуваме и славиме. Бидејќи тие се големи и свети браќа. Среќен празник на сите во Македонија и во Бугарија и насекаде каде луѓето слават изјави Борис Борисов  претседател на влада на Р.Бугарија.

По изјавите двајцата премиери се ракуваа, случајно или не пред прозорецот за исповед.

Премиерот Заев ја предводи државно-црковната делегација во Италија во чест на манифестацијата,, Македонија во чест на Свети Кирил“.

 Македонската делегација потоа се упати кон базиликата „Санта Марија Маџоре“ каде положи цвеќе на спомен плочата на папата Адриан Втори, а цвеќе ќе се положи и на споменикот на Светите Кирил и Методиј во амбасадата на Република Бугарија каде ќе имаат заеднички ручек двајцата премиери Заев и Борисов.

Премиерот Заев придружуван од владината делегација утре ќе присуствува на Аудиенција кај папата Франциск во Апостолската Палата во Ватикан, а потоа премиерот Заев ќе се сретне со државниот секретар на Светата Столица, кардинал Пјетро Паролин. 

Попладне, македонската и бугарската владина делегација ќе присуствуваат на отворање на заедничка културно - уметничка програма, организирана од министерствата за култура на двете земји.

притисни ентер