Помош за четирите семејства Мустафа чии домови изгореа во пожар

Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими заедно со градоначалникот на општина Шуто Оризари Елвис Бајрам, а во соработка со Црвениот крст на Град Скопје и Хуманитарната организација „Класот на добрината” на четирите семејства чии што куќи неодамна беа опожарени им доделија парична и химанитарна помош, аоопшти Министерството за труд и социјална политика.
Семејствата на Ѓулер Мустафа, Екрем Мустафа, Рамадан Мустафа и Итгал Мустафа останаа без кров над главата по пожарот којшто ги зафати нивните скромни домови. Токму затоа, министерот Ибрахими при денешната посета на Шуто Оризари се сретна со нив при што им врачи Решенија за доделување на еднократна парична помош во висина на две просечни плати како првична помош за да може да санираат дел од штетите.

- Тука сме заедно со градоначалникот за да им доделиме еднократна парична помош на семејствата чии што четири куќи беа изгорени. Ова е во прв план, сакаме најбрзо да им помогнеме, но воедно сакаме да апелираме и до големите компнаии во Република Македонија да им излезат во пресрет на овие граѓани, дали во материјали или пак со парична помош со цел да им овозможиме побрзо да се вратат во нивните домови. Сепак се работи за семејства коишто имаат и мали деца и овие денови тие се буквално оставени на улица, изјави во оваа прилика министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими при што им се заблагодари на Црвениот крст на град Скопје и на хуманитарната организација “Класот на добрината”.

Исто така, и градоначалникот на Општина Шуто Оризари Елвис Бајрам им додели Решенија за еднократна парична помош на четирите семејства Мустафа, а Црвениот крст на град Скопје и Хуманитарната организација “Класот на добрината” им поделија хуманитарна помош во облека, обувки, ќебиња како и хигиенски средства.

Семејствата се заблагодарија на укажаната помош, а грижата за нив ќе продолжи и понатаму. 

Деветмина штитеници загинаа во пожар во поправен дом (ВИДЕО)

Најмалку девет лица , меѓу кои и деца загинаа во пожар во привремениот поправен дом за малолетници во бразилскиот град Џојана.

Во пожарот има и десетина повредени . Пожарникарите ги поребаруваат просториите во потрага по повредени или загинати . Од центарот за малолетници нема потврда дали е тоа конечниот број и која е причината за избувнувањето на пожарот утрово околу 9 часот по локално време.

Не е познато ниту колку штитеници имало во центарот , кој се користи за времено сместување на малолетници додека е во тек судската постапка за нив или нивните блиски.

Словенија се врти кон десно – Јанша фаворит на изборите

Поранешниот премиер на Словенија е најголем фаворит на изборите што ќе се одржат на 3 јуни.

Според последните три анкети на десетина дена пред изборите , Словенската демократска партија е фаворит , а според некои дури и убедливо. Јанша за директен противник го има Лука Месец , роден 1987 година , кој е лидер на Левицата. Јанез Јанша , кој во времето кога Месец се родил , бил војник во ЈНА со него се пресметува на твитер. Тој го исмеа доаѓањето на ТВ дуел на Месец со Мерцедес споредувајќи го со ,,неговиот идол Тито , кој имаше 72 Мерцедеси”. Ваквата директна реторика очигледно е добро примена кај Словенците , кои не му замеруваат на Јанша ниту вртењето кон Унгарскиот модел на Виктор Орбан, пишуваат словенечките медиуми.

Тој деновиве му беше гостин на два предизборни митинзи. Второ и трето место на анкетата ги заземаат Социјалдемократите на Дејан Жидан , како и Листа на Марјан Шарц, новооснована партија , која што кон крајот на минатата година дури водеше на анкетите.

Позитивна Словенија на Зоран Јанковиќ потпиша договор за заеднички настап на изборите со Партијата на пензионерите, Десус на Карл Ерјавец , со кого ќе треба да го спречат повторното доаѓање на Јанша на власт.

Експлодираше камион полн со парфеми на автопатот Загреб- Белград (ВИДЕО)

Силна експлозија одекна на автопатот Загреб- Белград во близина на Пеќинци.

Камион со приколка полн со парфеми целосно изгоре во експлозијата на автопатот во правец кон Белград. За среќа возачот на време избегал и е неповрерден. Сообраќајот неколку часа беше во прекин и се формираа километарки колони возила.

Според очевидците , по првата силна експлозија имало и неколку послаби. Не е позната причината за запалувањето на камионот , кој целосно изгоре.

притисни ентер