Вилијам Маршал: „Џудишал Воч“ ги тужи Стејт департментот и УСАИД за записи за финансирање и политички активности на Фондацијата на Сорос

„Џудишал Воч“ го тужи американскиот Стејт департмент, УСАИД организациите на Џорџ Сорос, кои во соработка со Стејт департментот, амбасадорот Џес Бејли и УСАИД од администрацијата на американскиот претседател Барак Обама насочија широкопојасна дестабилизација против Владата и народот на Македонија, изјави Вилијам Маршал, виш инспектор на американската организација „Џудишал Воч“.
„Џудишал Воч“, додава Маршал, побара од Стејт департментот и УСАИД, преку Актот за слобода на информациите, да ги објави на јавноста нивната финансиска поддршка и учеството во напорите на Сорос да ја дестабилизира Македонија и да ги подрие нејзините демократски избрани лидери користејќи дипломати како Џес Бејли. - УСАИД, кои наводно користат пари од даночните обврзници на САД со цел да помогнат на земјите од светот, наводно имаат дадено околу пет милиони долари во Македонија во периодот меѓу 2012 и 2016 година. А ова е само мал дел од целината, истакнува американскиот истражувач и виш инспектор на оваа престижна организација.

Според Маршал, „Џудишал Воч“ ја побарала соодветната документација од Стејт департментот и УСАИД минатиот февруари. Двете страни одбиле да одговорат и вчера организацијата ги тужеше во Кривичен суд во Вашингтон.

- „Џудишал Воч“ ги тужи Стејт департментот и УСАИД за записи за финансирање и политички активности на Фондацијата Отворено Општество-Македонија, на Џорџ Сорос, вели Маршал.

Интернет порталот на УСАИД објавува дека дал 4.819.125 долари од парите на американските даночни обврзници на Соросовата Фондација Отворено Општество – Македонија, помеѓу 2012 и 2016 година, додава Маршал.

- „Џудишал Воч“ поднесе тужба во врска со Актот за слобода на информациите против Стејт департментот и против Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) за записи и комуникации поврзани со финансирање и политички активности на Фондацијата Отворено Општество – Македонија. Македонската организација, дел на Фондациите Отворено Општество на Џорџ Сорос, добила приближно 5 милиони долари од УСАИД од 2012 до 2016 година. Тужбата беше поднесена во Американскиот федерален окружен суд за Вашингтон, вели Маршал.

Тужбата беше поднесена откако и американскиот Стејт департмент како и УСАИД не одговорија на барањето според АСИ од 16 февруари, со кое се бараа сите записи поврзани со какви било грантови, договори или исплаќања финансии од страна на Стејт департментот до Фондацијата Отворено Општество – Македонија или која било од подружниците на фондацијата.

- Ова ги вклучува сите барања за финансирање, платни овластувања или слични записи, како и сите поврзани записи од комуникациите помеѓу кој било службеник, вработен, или претставник на Стејт департментот и кој било службеник, вработен или претставник на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), истакна американскиот инспектор и истражувач за „Гласот на народот“ на Радио Слободна Македонија.

Ова барање, според Маршал, вклучува записи од одговори на комуникации, пратки од или до американскиот амбасадор за Македонија Џес Л. Бејли, сите анализи или слични записи поврзани со политичките активности на фондацијата Отворено Општество – Македонија и било кои од поврзаните организации на фондацијата, како и сите пораки пратени преку смарт системот на Стејт департментот пратен од кој било американски владин службеник или изведувач кој работи под шефот на дипломатската мисија во американската амбасада во Скопје кои се однесуваат за Фондацијата Отворено Општество – Македонија или која било поврзана организација со фондацијата. /МИА

Нимиц: Се уште нема конечно решение, двете страни се одлучни да го најдат

Се уште нема конечно решение за спорот за името меѓу Македонија и Грција, но двете страни се одлучни да продолжат да работат се додека не се пронајде, изјави кусо денеска во Њујорк медијаторот Метју Нимиц.

Ниту двата часа денеска, ниту вчерашните шест не донесоа суштински напредок во преговорите за спорот за името. Немаме финален договор, двајцата министри си ги бранат нациоанлните интереси, но одлучни се да дојдат до компромис. Преговорите продолжуваат во Брисел, ова беше пораката на Медијаторот Метју Нимиц, повторно срочена во 40-ина секунди и без можност да се постават прашања. 

Очекувано не е познато што било ставено на маса, но судејќи според најавите, македоската страна веројатно настојувала на Република Илинденка Македонија, а грчката на еден од четирите предлози од стариот пакет на Нимиц, со тѕежиште на Горна и Вардарска Македонија. Во таа насока, неколку часа пред завршувањето на средбата во Њујорк, зборуваше и грчкиот премиер Ципрас, по средбата со градоначалникот Бутарис, оцени дека најголема победа за Грција би било име со одредница пред името Македонија.

-Се наоѓаме во преговори кои што се чувствителни, критични, направени се чекори напред. Ние одиме напред бранејќи една национална позиција и кога веќе се наоѓам во Солун, во Македонија, сакам да кажам, затоа што слушам некои што велат не го давајте името. Ние тука се стремиме да добиеме нешто назад, а не да дадеме нешто. Да земеме нешто што веќе 70 години е дадено, од други, не од нас, изјави Ципрас.

По првата во Њујорк, трите средби во Виена и една во Атина, преговорите вчера и денеска повторно се вратија на Ист ривер.   На првата средба, во јануари со која и формално беше возобновен процесот, тогаш со преговарачите Наумовски и Василакис, Нимиц оптимистички соопшти дека на повидок е решение на спорот. Од тогаш поминаа четири месеци, а епилогот е се уште неизвесен.

Најмалку двајца ученици поврдени во пукотници во училиште во САД

Уште еден напад во средно училиште во САД , во кој има најмалку две повредени лица.

Полицијата од Индијанаполис соопшти дека напаѓачот е приведен. Повредените се пренесени во болница , а семејствата на учениците се известени. Според писмената изјава на портпаролот на полицијата за округот Хамилтон , напаѓачот делувал сам , а за мотивите нема информации.

Снимките од хеликоптерот покажуваат како учениците се евакуираат надвор од училиштето , кон спортската сала , од каде ги земаат нивните родители.

Нападот доаѓа точно на една недела по пукањето во училиште во Тексас , каде беа убиени 8 мина ученици.

Трамп ја поправа историската неправда

Претседателот на САД постхумно го помилува боксерот Џек Џонсон , кој завршил во 1912 во затвор по однос со бела жена.

Џек Џонсон е првиот афроамерикански првак на САД во тешка категорија . ,, Верувам дека Џек Џонсон заслужува да биде помилуван за да се исправи грешката во нашата историја .” , рече Трамп.

Во случајот , кој стана симбол за расна нетрпеливост , Џонсон во 1912 година беше затворен , откако бил фатен со Лусил Камерон , која подоцна му станала сопруга.

Џонсон починал во 1946 година. Заедно со Трамп во Белата Куќа при објавувањето ан помилувањето беа и Силвестер Сталоне , познат по улогата на боксерот Роки , како и боксерот Ленокс Луис.

притисни ентер