Филмот „Ах, љубов моја“ премиерно на Скопскиот филмски фестивал

Филмот „Ах, љубов моја“ во режија и сценарио на Коле Ангеловски вечер премиерно ќе биде прикажан во рамки на Скопскиот филмски фестивал, со почеток во 20.30 часот во киното „Милениум“.
Проектот е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија во 2015 година со 14,3 милиони денари, а завршен е само за две години. Вкупниот буџет на филмот е околу 20 милиони денари.

Режисерот и сценарист Ангеловски информира дека направил сценарио или приказна за љубовта, но гледано од хумористичен аспект.

- Направивме филм кој е за публика. Публиката ќе сака да го гледа, ќе ужива и ќе биде среќна и задоволна по проекцијата. Во филмот главно играат млади актери, повеќето дебитанти и мислам дека одлично се снаоѓаат пред филмсаката камера, изјави Ангеловски. Информира дека снимале на повеќе локации низ Македонија, во Скопје и во Маврово.

„Ах, љубов моја“ е љубовна комедија за познатата поп пеачка Сузан, која по успешната турнеја низ Турција и емотивините проблеми предизвикани од раскинувањето на долгогодишната љубовна врска, доаѓа во еден хотел да се одмори во мир и тишина, далеку од јавноста и новинарите. Во хотелот се појавува нејзиниот поранешен љубовник Селпин, кој сака да се збогува со неа.

Филмот е снимен во продукција на Авард Филм и Видео и копродуцентите - Квазар Филм и КТ Филм и Медиа. Продуценти се Горан Стојилковиќ, Димитар Николов и Владимир Стојчевски, а сценограф Илина Ангеловска. Костимографи се Лира Грабул и Раде Василев, музиката е на Венко Серафимов.

Актерската екипја ја сочинуваат Нина Деан, Атанас Атанасовски, Александар Микиќ, Соња Стамболџиева, Роберт Ристов, Жарко Димоски, Крсте Јовановски, Марија Кондовска, Ердоан Максут, Кристина Ласовска, Валентин Костадиновски, Ева Скендеровска, Едмонд Сотир и Андон Јовановски.

Од 27 април филмот ќе биде на редовен репертоар во кината „Cineplexx“ и „Милениум“ и низ кината во Македонија.

Годинава се очекуваат премиери на уште пет македонски филмови: „Годината на мајмунот“ во режија на Владимир Блажевски, „Жртва“ на Марија Џиџева, „Тајната состојка“ на Ѓорче Ставревски, „Незаборавна пролет во заборавено село“ на Куштрим Бектеши и „Чекај ме/Сведок“ на Митко Панов. Пред неколку дена почна снимањето на играниот филм „Дедо и внук“ на Илија Пиперковски и продуцентската куќа „Дрим фактори“, а ќе почнат со снимање филмовите „Здивот на ангелот“ на Јани Бојаџи, „Исчезнатиот“ на Арбен Тачи, „Ако утре го нема сонцето“ на Александар Русјаков, „Господ постои се вика Петрунија“ на Теона Митевска и „Цар Самуил“ на Антонио Митриќески. /МИА

Нимиц: Се уште нема конечно решение, двете страни се одлучни да го најдат

Се уште нема конечно решение за спорот за името меѓу Македонија и Грција, но двете страни се одлучни да продолжат да работат се додека не се пронајде, изјави кусо денеска во Њујорк медијаторот Метју Нимиц.

Ниту двата часа денеска, ниту вчерашните шест не донесоа суштински напредок во преговорите за спорот за името. Немаме финален договор, двајцата министри си ги бранат нациоанлните интереси, но одлучни се да дојдат до компромис. Преговорите продолжуваат во Брисел, ова беше пораката на Медијаторот Метју Нимиц, повторно срочена во 40-ина секунди и без можност да се постават прашања. 

Очекувано не е познато што било ставено на маса, но судејќи според најавите, македоската страна веројатно настојувала на Република Илинденка Македонија, а грчката на еден од четирите предлози од стариот пакет на Нимиц, со тѕежиште на Горна и Вардарска Македонија. Во таа насока, неколку часа пред завршувањето на средбата во Њујорк, зборуваше и грчкиот премиер Ципрас, по средбата со градоначалникот Бутарис, оцени дека најголема победа за Грција би било име со одредница пред името Македонија.

-Се наоѓаме во преговори кои што се чувствителни, критични, направени се чекори напред. Ние одиме напред бранејќи една национална позиција и кога веќе се наоѓам во Солун, во Македонија, сакам да кажам, затоа што слушам некои што велат не го давајте името. Ние тука се стремиме да добиеме нешто назад, а не да дадеме нешто. Да земеме нешто што веќе 70 години е дадено, од други, не од нас, изјави Ципрас.

По првата во Њујорк, трите средби во Виена и една во Атина, преговорите вчера и денеска повторно се вратија на Ист ривер.   На првата средба, во јануари со која и формално беше возобновен процесот, тогаш со преговарачите Наумовски и Василакис, Нимиц оптимистички соопшти дека на повидок е решение на спорот. Од тогаш поминаа четири месеци, а епилогот е се уште неизвесен.

Најмалку двајца ученици поврдени во пукотници во училиште во САД

Уште еден напад во средно училиште во САД , во кој има најмалку две повредени лица.

Полицијата од Индијанаполис соопшти дека напаѓачот е приведен. Повредените се пренесени во болница , а семејствата на учениците се известени. Според писмената изјава на портпаролот на полицијата за округот Хамилтон , напаѓачот делувал сам , а за мотивите нема информации.

Снимките од хеликоптерот покажуваат како учениците се евакуираат надвор од училиштето , кон спортската сала , од каде ги земаат нивните родители.

Нападот доаѓа точно на една недела по пукањето во училиште во Тексас , каде беа убиени 8 мина ученици.

Трамп ја поправа историската неправда

Претседателот на САД постхумно го помилува боксерот Џек Џонсон , кој завршил во 1912 во затвор по однос со бела жена.

Џек Џонсон е првиот афроамерикански првак на САД во тешка категорија . ,, Верувам дека Џек Џонсон заслужува да биде помилуван за да се исправи грешката во нашата историја .” , рече Трамп.

Во случајот , кој стана симбол за расна нетрпеливост , Џонсон во 1912 година беше затворен , откако бил фатен со Лусил Камерон , која подоцна му станала сопруга.

Џонсон починал во 1946 година. Заедно со Трамп во Белата Куќа при објавувањето ан помилувањето беа и Силвестер Сталоне , познат по улогата на боксерот Роки , како и боксерот Ленокс Луис.

притисни ентер