Таа има брада и момче кое вели: Ја сакам и не гледам каква врска има тоа!

23 годишната Алма Торес пред седум години добила синдром на полицистични јајници - здравствен проблем кој ги пореметува хормоните и покрај болките, предизвикува влакнетост на лицето, грбот и градите.
Младата девојка првите неколку години се срамела од влакната на лицето и се бричела, но тоа станало пренапорно за неа, па престанала да ги отстранува влакната. Поминала низ пекол - на интернет и порачувале дека треба да се убие, ја нарекувале грда, и што уште не.


Пред неа не зборувале ништо, само ги чувствувала нивните долги и осудувачки погледи.


Но, Алма имала огромна среќа да има пријатели и семејство кои ја разбираат и поддржуваат, и веќе 5 години момче кое нема проблем со влакната на нејзиното лице.

Кога се запознала со Тејлор сеуште се бричела, а кога му кажала како изгледа ако не го прави тоа - ја добила најдобрата можна реакција.

- Му кажав и тоа само значеше дека од тој момент натаму, кога ќе бидам фрустрирана, можам да сметам на неговата целосна поддршка - вели Алма.

Тејлор за Мирор изјави:

- Таа за мене е многу убава, и тоа што има брада не ја дефинира. Тоа се само влакна и не можат да имаат никакво влијание на чувствата.

Алма Торес ги охрабрува сите жени што имаат здравствен проблем како неа, дека можат да бидат она што се и пак да бидат убави!

Американец присилил стјуардеси да му го избришат задникот и стенкал од задоволство (фото)

Стјуардесите на авио компанијата „ЕВА Ер“ доживеале многу незгодна сцена на летот од Лос Анѓелес за Тајван.

Имено, еден патник, за кои странските медиуми тврдат дека е Американец, присилил две стјуардеси да му помогнат да отиде во тоалет, да го соблечат, а потоа и да му го избришат задникот бидејќи тој не можел тоа самиот да го направи – со оглед на тоа дека има 200 килограми.

Куо, една од стјуардесите, на конференцијата за медиуми изјавила дека патникот во авионот дошол во инвалидска количка и барал да му се дадат три седишта за да може удобно да седи во авионот.

Со оглед на тоа дека летот не бил пополнет, екипажот го исполнил неговото барање.

Но, патникот подоцна ја искористил услужноста на екипажот и барал да го однесат во тоалетот во првата класа на авионот бидејќи не го собирало во тоалетот во економската класа.

 

Стјуардесата потоа објаснила дека патникот и рекол дека е повреден и оти не може самиот да се соблече за да изврши нужда. Потоа ги замолил вработените да го соблечат.

„Му реков дека не можеме да му помогнеме, но тој почна да вика. Ми рече веднаш да дојдам во тоалетот и се закани дека ќе изврши нужда на подот на авионот“ – изјавила Куо.

На крајот заедно со својата колешка се согласила да му помогне на патникот.

„Кога колешката го соблече, му донесовме ќебе за да му ги прекриеме гениталиите. Но тој луто ме удри по раката и рече дека не сака ќебе туку единствено бара да го соблечам за да може да отиде во тоалет“ – изјавила таа.

 

Но, соблекувањето на патникот не била најголемата траума на стјуардесите на летот до Тајван. Патникот повторно ги повикал во тоалетот и кога ја извршил нуждата. Овој пат барал да му го избришат задникот.

Главната стјуардеса неволно се согласила на тоа, а подоцна за медиумите објаснила дека не сакала да го остави патникот во тоалетот

Незгодата прераснала во понижување кога патникот почнал да стенка, од задоволство, додека главната стјуардеса му го бришела задникот. На рацете имала три пара ракавици од латекс.

„Почна да стенка “подлабоко, подлабоко“, а подоцна ја обвинил главната стјуардеса дека не го избришала доволно добро и барал повторно тоа да го направи“ – објаснила Куо. Уште три пати морала да го избрише за потоа да му ги навлече гаќите.

Од „ЕВА Ер“ објасниле дека нивните вработени не мораат да ја извршат секоја желба на патниците, дури ни кога станува збор за посебна помош.

Но од синдикатот во кои се зачленети стјуардесите истакнале дека проблемот е систематски поради културата на услугата.

Предложиле две решенија: на ваквите патници да им се забрани да летаат или „ЕВа Ер“ да почне да вработува и машки стјуарди, пренесуваат медиумите.

Скокнал пијан од 11 кат на крузер за да има лајкови (ВИДЕО)

Ник Најдев има доживотна  забрана да се качи на крузер , откако скокна од 11 кат на бродот во море.

27 годишниот Ник Најдев од Ванкувер , во американската држава Вашингтон има доживотна забрана за патување со крузер на Royal Caribbean. Тој со пријателите крстарел по Бахамите , кога наеднаш решил да скокне во морето од височина од 37 метри. Откако скокнал на Инстаграм го објавил видеото , кое го снимале пријателите.

Од морето го собрале во чамец и му наредиле веднаш да се спакува и да го напушти бродот. Ник во коментарите напишал дека бил уште пијан од претходната ноќ кога решил да скокне.

,,Кога се отрезнив, многу ме болеше грбот. Три дена едвај одев , а не можев ниту да спијам од болки.” напишал Најдев.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Full send. (Check out my channel, link in bio)

A post shared by Nick Naydev (@naydev91) on

Во коментарите многу луѓе го нарекоа идиот , а видеото за само еден ден доби над 290 илјади отворања.

Од компанијата Royal Caribbean соопштуваат дека освен доживотната забрана за патување , размислуваат и да го тужат Најдев.

Карлеуша му се заканувала на сопругот со самоубиство?

Јелена Карлеуша се врати од Кина поради деловни обврски во Србија , а во земјата и регионот аферата со порно фотографиите не запира.

Карлеуша на снимањето на музичкото шоу ,,Ѕвездите на Гранд” , каде е член ан жирото , беше прашана за аферата , но не даде изјава. Во меѓувреме во Србија се  повеќе се шират гласините дека таа ќес е разведе од фудбалерот Душко Тошиќ. Дури се наведуваат и датуми.

Според српските таблоиди , карлеуша на сопругот му се заканила со самоубиство.

,,Карлеуша отиде во Кина за да го прослави роденденот на Душко, но тоа е само маска за јавност. Тие се договориле засега да останат заедно , додека не се смири аферата со Огњен Врањеш. Претходно таа била хистерична пред него , се заканила дека ќе се убие , по што помалку комуницирале, иако пред децата се правеле дека се е во ред.” изјавил неименуван извор за српскиот таблоид Курир.

притисни ентер