Филмот „Ах, љубов моја“ премиерно на Скопскиот филмски фестивал

Филмот „Ах, љубов моја“ во режија и сценарио на Коле Ангеловски премиерно ќе биде прикажан утревечер во рамки на Скопскиот филмски фестивал, со почеток во 20.30 часот во киното „Милениум“.
Проектот е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија во 2015 година со 14,3 милиони денари, а завршен само за две години. Вкупниот буџет на филмот е околу 20 милиони денари. 

Директорката на Агенцијата за филм Мими Ѓоргоска-Илиевска на денешната прес-конференција истакна дека Коле Ангеловски одбележува 55 години на филмското платно. Во 1962 година тој првпат се појави како дебитант во играното остварување „Саша“.

Ѓоргоска-Илиевска нагласи дека „Ах, љубов моја“ е љубовна комедија и додаде оти жанрот комедија е ретко присутна во македонската кинематографија. Изрази надеж дека и ова филмско остварување ќе предизвика голем интерес кај публиката и ќе покаже разноликост во македонската кинематографија.

Таа се осврна на претходните филмски остварувања на Коле Ангеловски како режисер и како добитник на значајни меѓународни награди. Потсети на неговиот првенец „Татко“ или „Колнати сме Ирина“ (1973 година) и на втората македонска комедија „Викенд на мртовци“.

Режисерот и сценарист Ангеловски потенцира дека направил сценарио или приказна за љубовта, но гледано од хумористичен аспект.

- Направивме филм кој е за публика. Публиката ќе сака да го гледа, ќе ужива и ќе биде среќна и задоволна по проекцијата. Во филмот главно играат млади актери, повеќето дебитанти и мислам дека одлично се снаоѓаат пред филмсаката камера, рече Ангеловски. Информира дека снимале на повеќе локации низ Македонија, во Скопје и во Маврово.

Филмот е снимен во продукција на Авард Филм и Видео и копродуцентите - Квазар Филм и КТ Филм и Медиа. Продуценти се Горан Стојилковиќ, Димитар Николов и Владимир Стојчевски, а сценограф Илина Ангеловска. Костимографи се Лира Грабул и Раде Василев, музиката е на Венко Серафимов.

Актерската екипја ја сочинуваат Нина Деан, Атанас Атанасовски, Александар Микиќ, Соња Стамболџиева, Роберт Ристов, Жарко Димоски, Крсте Јовановски, Марија Кондовска, Ердоан Максут, Кристина Ласовска, Валентин Костадиновски, Ева Скендеровска, Едмонд Сотир и Андон Јовановски.

Актерката Марија Кондовска потенцира дека е бескрајно среќна што работи со Коле Ангеловски.  Од 27 април филмот ќе биде на редовен репертоар во кината „Cineplexx“ и „Милениум“ и низ кината во Македонија.

Годинава се очекуваат премиери на уште пет македонски филмови: „Годината на мајмунот“ во режија на Владимир Блажевски, „Жртва“ на Марија Џиџева, „Тајната состојка“ на Ѓорче Ставревски, „Незаборавна пролет во заборавено село“ на Куштрим Бектеши и „Чекај ме/Сведок“ на Митко Панов. Пред неколку дена почна снимањето на играниот филм „Дедо и внук“ на Илија Пиперковски и продуцентската куќа „Дрим фактори“, а ќе почнаат со снимање филмовите „Здивот на ангелот“ на Јани Бојаџи, „Исчезнатиот“ на Арбен Тачи, „Ако утре го нема сонцето“ на Александар Русјаков, „Господ постои се вика Петрунија“ на Теона Митевска и „Цар Самуил“ на Антонио Митриќески. /МИА

Орбан: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини

По дводневен молк, доцна попладнево се огласи унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Во соопштение за медиумите тој вели дека екс премиерот Груевски е во Будимпешта и дека се работи на наговото барање за азил.. Јован Ѓорговски е пред унгарската амбасада во Скопје.

Ново е дека Груевски има привилегиран третман од унгарските власти, со оглед дека тој не се наоѓа во Центарот за азиланти, како што предвидува процедурата.

Италијанскиот вицепремиер сепак пречека десетици мигранти

Министерот за внатрешни работи и вицепремиер на италијанската влада,  Матео Салвини денеска пречека 51 бегалец и азилант .

Салвини дочека 51 мигрант и баратели на азил , кои стигнаа во Италија , откако биле затворени во Либија , а потоа со авион на Високиот комесеријат на ОН , беа префрлени во Рим.

Салвини во базата во близина на Рим , Практика ди маре, дочека мажи , жени и деца кои пристигнаа со летот од Нигер. Салвини мораше да попушти пред барањето на Обединетите нации , иако во јанвоста е познат неговиот цврст став кон мионгрантите и заложбата за нивно враќање во земјите од каде што дошле.

Викендов во Рим се одржаа и протести против владиниот план за неприфаќање мигранти и за нивно враќање назад.

Дали конечно се остварува Брегзитот?

По долги и мачни преговори , кои многу го надминаа предвидениот рок , ЕУ и Британија синоќа конечно го усогласија нацрт – договорот за Брегзит.

Дали тоа значи дека по 872 дена од референдумот на кој Британците со слабо мнозинство од 52 проценти се изјаснија за излез од ЕУ , ќе излезат од Унијата? Денешните анализи велат дека тешко ќе биде изводливо Британија да излезе од Унијата без оглед од завршените преговори. Премиерката Тереза Меј ќе мора со овој договор да го убеди и Парламентот и сопствената Влада за да и дозволи потпишување на договорот.

Владата на Меј е длабоко поделене по прашањето за Брегзит , така што премиерката ќе има тешка задача да им го смени ставот на проевропејските министри.

Доколку не и успее , ќе мора да почне нови преговори , а во најлош случај да поднесе оставка.  Доколку и успее да ги убеди своите министри , допрва во декември ја очекува вонредната седница на Советот на ЕУ , каде премиерите и претседателите на сите 28 земји членки ќе треба да се согласат на текстот на договорот.

Ако и тоа помине , тогаш текстот ќе треба да се усвои парламентот на ЕУ и во Британскиот парламент. Бидејќи главниот преговарач за Брегзит со ЕУ, мајкл барние , тесно соработуваше со сите 27 земји , ваквата одлука на Советот би се сметала за формалност.

Но , битката претстои во британскиот Парламент , каде борјот на заговорниците на Брегзит е далеку помал.

притисни ентер