Неполн месец по раѓањето на бебето, Ирина Шајк изгледа вака!

Ова е Инстаграм фотографија која манекенката ја постави вчера!
Неполн месец помина од раѓањето на Леа Ди Шајн која Ирина ја доби со својот вереник Бредли Купер. Ирина веќе изгледа фантастично!

Ниту Ирина ниту Бредли не потврдуваа дека очекуваат ќерка, но во февруари таа беше фотографирана со видливо заоблен стомак.


Ready to pop?: She'd been spotted early in February looking rather pregnant as she shopped on Melrose Avenue in the West Hollywood area of Los Angeles


Леа, како што објави „People“, се роди на 21 март.



A family way: It's been less than a month since the Yemanzhelinsk-born model reportedly welcomed Lea De Seine, her firstborn daughter by her fiancé Bradley Cooper


Ирина и Бредли се заедно од 2015 година.

/извор: Дејли меил

Вајнстин ослободен со кауцијa од еден милион долари

Холивудскиот могул Харви Вајнстин ќе може да се брабни од слобода , откако плати еден милион долари кауција.

Тој е обвинет за сексуален напад на над 70 жени , додека работел како еден од најголемите продуценти во Холивуд. Осомничениот утрово самиот се предаде во шполиоцијата во Њујорк , по што беше однесен пред судија. 66- годишниот поранешен продуцент  е обвинет за силување и за сексуален напад.

Вајнстин не зборувал во судницата , каде обвинителот Џоан Илуци рече дека поранешниот могул ја искористил својата положба , пари и моќ да ги стави младите жени во состојба во која можел сексуално да ги злоупотреби.

Неговиот адвокат тврди дека продуцентото не е виновен и оти нема докази за сторено кривично дело.

На поранешната сопруга и пратил илјадници СМС пораки и завршил во затвор

Маж доби шестмесечна условна казна затвор , зашто на поранешната сопруга за шест недели и пратил 7648 пораки на мобилен.

Судот во австрискиот град Клагенфурт го осуди триесет годишниот маж, по потекло од Романија,  поради следење и заканувачки текстови што и ги праќал во пораките. На почетокот на годинава брачниот пар се развел по шест години во брак.

Поранешната сопруга во судницата рекла дека не сметала дека мажот би ја нападнал и покрај тоа што педесетина од пораките биле заканувачки. На прашањето на судијата како успевал и да оди на работа и да пишува толку многу пораки , тој одговорил дека по 190 пишувал ноќе.

По судското рочиште мажот ветил дека веќе нема да ја малтретира поранешната сопруга и дека ќе плаќа алименатација за заедничкиот син.

,,Ме дрогираа и ме натераа да абортирам”- Италија успеа да ја врати Фарах

Млада студентка по потекло од Пакистан вчера се врати во Италија , откако била малтретирана од нејзиното семејство .

19 – годишната студентка Фарах , која студирала во Верона и била бремена од нејзиниот дечко , Италијанец , преживеала кошмар кај нејзиното семејство . Цела Италија организирала акција на социјалните мрежи за да ја врати Фарах назад , откако семејството ја намамило да оди во Пакистан. Девојката поверувала на поканата на нејзинотот семејство да дојде на свадба на брат и во Исламабад.

Но , наместо на свадба , за заклуличе во соба , ја дрогирале и ја натерале да абортира. Фарах успеала да им прати порака на пријателите во Италија што и се случува кај нејзиното семејство во пакистан . И тогаш почнува акцијата . Без оглед што не е Италијанска државјанка , Италијанската амбасада во Исламабад , заедно со пакистанската полиција ја згрижиле девојката , и обезбедиле пасош и вчера ја вратиле во Италија.

Веста за враќањето на Фарах и дека е на безбедно во Италија на Твитер ја објави министерот за надворешни работи , Анџелино Алфано . Во акцијата за спасување на Фарах учествувала дури и ултрадесничаркската политичарка  Џорџиа Мелони , позната по екстремистичките ставови против мигрантите, која побарала на девојката да и се даде државјанство на Италија.

Случајот на Фарах привлече огромно внимание во Италија , поради тоа што петходно млада Италијанка со пакистанско потекло била задушена , поради тоа што не сакала да стапи во договорен брак .

притисни ентер