Кајли Миног тајно се гледа со принцот Ендрју?

Откако раскина со 29 годишниот Џпшуа Сасе, Кајли Миног стапила во контакт со принцот Ендрју. Тој и се јавил да изрази жалење што нејзината вердиба не заврши со брак. Полека се зближиле и последните неколку недели се неразделни - пишува австралиски магазин, цитирајќи извор од палатата.
-  Во моментов тие се неразделни. Принцот Ендрју е сосема обземен со неа - вели изворот на магазинот „New Idea“.

Магазинот пишува дека кралицата Елизабета со раширени раце би ја примила Кајли во кралското семејство.

'Andrew and Kylie have long been close friends': The pair are said to have known each other for years and Kylie has a long time association with the British royal family 


- Сите се надеваат дека романсата ќе има иднина - вели изворот.

Сега очите на јавноста ќе бидат свртени кон листата на гости за венчавката на Пипа Мидлтон која наближува - дали Кајли ќе се појави на таа листа како партнерка на принцот Ендрју.

A shoulder to cry on? Andrew is said to have contacted Kylie and offered his condolences after her relationship ended with Joshua earlier this year


Принцот Ендрју, војводата од Јорк (57) од 1986 до 1996 беше во брак со Сара Фергусон и со неа има две ќерки - принцезата Беатриса и принцезата Еугенија.





Скандал по кралската венчавка- братучедот на војвотката Меган фатен со нож

Братучедот на војвотката од Сасекс , Меган вечерта по кралската венчавка бил фатен со нож во дискотека во Лондон.

Братучедот на војвотката од Сасекс , Меган , Тајлер Дули бил фатен од полицијата вооружен со нож во ноќен клуб во Лондон. Тој избегал од обезбедувањето , но полицијата го нашла во хотел , каде на полицајците им предал и бибер спреј.

Рекол дека ножот и спрејот му биле потребни за самоодбрана. Полицијата го потврдила инцидентот и според соопштението од Скотланд Јард , братучедот на Меган поминал со предупредување ,

Инаку , Тајлер Дули поседува плантажа за производство на марихуана во американската држава Орегон.

Редок вирус за неколку дена однел пет животи – нема лек

Симптомите се слични како кај грип , но за вирусот Нипах нема лек.

Во последните 20 години од овој вирус починале над 300 лица, од кои само петмина во последните две недели. Уште кај девет лица во индиската држава Керала е откриена болеста и тие се во критична состојба. Три члена на едно семејство почионале од последици на енцефалит и миокардит , односно воспаление на мозочната и срцевата обвивка во текот на изминатите неколку дена. Неколку роднини што биле со нив во контакт се хоспитализирани ,а двајца од нив вчера починале.

Вирусот е зооноза , односно се пренесува на луѓе од животни , најчето од лилјаци, се наведува во предупредувањето од Светската здравствена организација.

Симптомите се слични како кај грип , но за Нипах нема лек . Забележано е и дека се пренесува од човек на човек , а се јавува во земјите од Југоисточна Азија.

Распнале ученици на крст зошто задоцниле на училиште

Ученици биле распнувани на крст и камшикувани поради тоа што задоцниле на час.

Три лица се уапсени во Нигерија зашто ги распнувале и камшикувала учениците во приватно училиште. Меѓу уапсените е и директорот на училиштето , каде ова била редовна дисциплинска мерка, а полицијата го опишала како варварски чин.

Кога дошла полицијата , покрај патот во близина на училиштето затекнале момче и девојче врзани со јаже на крст . Тој го замолил сопственикот на училиштето да ги одврзе , тој заедно со наставниците го нападнале и претепале.

Полицаецот избегал , земал оружје и лисици од автомобилот , но тоагаш видел дека наставниците го камшикуваат човекот што пријавил што се случува и бил дојден заедно со полицаецот. Тој повикал засилување по што тројцата биле уапсени во затворот во местото Огун на 137 километри од главниот град Лагос. 

притисни ентер