Легендарната пејачка и најмлада сестра на Мајкл Џексон, Џенет Џексон, само неколку месеци откако на 50 години го доби своето прво дете, го напушти својот богат сопруг Висар Ал Мана - јави
pagesix.
Извори за медиумот велат дека Џенет повеќе не можела да ја поднесе контролата која нејзиниот сопруг и ја наметнувал.
- Таа процени дека премногу ја контролирал за време на бременоста, иако веќе претходно му дозволила д аи диктира како ќе изгледа, како ќе с еоблекува, па дури и како ќе настапува на концертите - вели изворот.
Блиски на Џенет Џексон велат дека проблемот почнал поодамна - неговата потреба да конролира одела дотаму што за време на турнејата во 2014 и ги забранил нејзините танчерски точки и изгледот по кој претходно била препознатлива на своите концерти, па таа почнала да чувствува дека ја губи својата база на фанови.
Порај тоа, Висар не сакал д апоминува време со нејзините роднини и пријатели.
Сепак, тие се надевале дека бебето ќе ги подобри работите.
На 3 јануари се роди нивниот син Елса Ал Мана, но работите не се подобрија.
Џексон чувствува дека сите компромиси ги прави само таа, а нејзиниот 41 годишен сопруг само наредува. Чашата се прелила кога не покажал никакво интересирање за проблемите з амајката на Џенет, која побарала помош од нив.
Се проценува дека Џенет располага со богатство од 250 милиони долари, а Висар е катарски бизнисмен полн со пари. Не се знае дали потпишале некаков предбрачен договор...