Масовно убиство на кучиња и мачиња низ Македонија

Анима Мунди предупредува дека суровата појава на убиства и труење на улични кучиња и мачиња може да биде опасна и за луѓето. Тие апелираат да се забрани продажбата на отров и да се најде похуман начин на решавање на проблемот со бездомните животни. Насилството врз животните е срам!

„Обесени кучиња, животни за кои монструм поставил стапици и за кои понатаму поставува се призор со кој се соочија граѓани од Ново Лисиче, кои со денови ги барале маалските миленици.

Тие својот последен здив го испуштија зад Фудбалски сојуз на Македонија, со сајли околу вратот кои при секое движење и обид да се извлечат затегаат се повеќе; умирале во болка од задушување и прережан грклан, бавно но сигурно, без да имаат било каква шанса да се спасат. Сликите се од Сивче, Брзи и Миле, маалски кутриња и верни пријатели на многу локални жители.


Сајлите се поставени на локација каде секојдневно шетаат граѓани, деца и се исклучително опасни – за тоа колкав е ризикот од нив кажува Иван Вучетиќ, секретар на ловно друштво „Елен“ од Струмица – тој вели дека доколку со глава падне дете тоа не би имало никаква шанса да се спаси и преживее. Поточно тврди дека кога ќе се затегне стапицата нема спас.

Настанот го пријавивме во полиција која наводно врши истрага – колку врши говори фактот што сајлите и понатаму се поставуваат, поточно во моментов зад Фудбалски сојуз на Македонија се поставени дупли сајли, стапици со кои на најсуров можен начин се убиваат животните.


Што уште треба да се случи за да полицијата ја сфати сериозноста на оваа ситуација и превземе истрага и сериозни чекори да ваквите дела - кои може да ги направи само психопат - се констатираат а сторителот биде санкциониран, најстрого казнет?!!



МАСОВНО ТРУЕЊЕ НА ЖИВОТНИ ВО МАКЕДОНИЈА



По трите несреќни случаи на угризи од кучиња , кои без исклучок и со потврда и од Агенција за храна и ветеринарство беа предизвикани од кучиња со сопственик , а ниту едно бездомно куче; во кои како пресуден по одговорност (согласно закон) е човечки фактор, ова е сликата на улиците на Македонија!

Отрови кои за 10 минути би убиле и човек се расфрлани по градови и села, на шеталишта, покрај училишта и градинки; наменети за маалски кучиња и мачки кои се тетеравеле, плукале крв, се угушиле во сопствените повраќаници пред очи на растревожени минувачи и неретко деца!


Труењата се случуваат истовремено, синхронизирано и веруваме дека удел имаат и општините. Порачуваме итно да запрат и итно да преземат мерки за истрага и приведување на сторителите, кои вршат повеќе прекршоци и сериозно кривично дело, казниво со казна затвор!

По масовната паника и хистерија која завладеа небаре кучињата се главна опасност во државата, без при тоа да се види статистика која укажува дека се ова изолирани случаи и напади од кучиња со сопственик (научени да бранат или напаѓаат), т.е. дека многу побројни се несреќи предизвикани од насилници, силувачи, педофили и слично, живееме во околности каде отровот ги убива оние кои се недолжни, кои се на улица не по своја вина, кои се нашле во погрешно време на погрешно место зошто друг избор немаат. Потенцираме прашање е на време кога од отровите ќе настрада човек или дете зошто за жал во Македонија отрови слободно се купуваат и масовно злоупотребуваат, а за тоа никој не одговара!


Ги повикуваме институциите – Министерство за внатрешни работи, Агенција за храна и ветеринарство, Единиците на Локална Самоуоправа итно да постапат, изнајдат хумани и ефикасни начини за надминување на проблемот со бездомни животни; да се укине слободната продажба на отрови кои се опасност за сите; да се најде решение за формирање на Полиција за животни зошто е повеќе од очигледен фактот дека насилството врз животните е декаден срам и обележје на Република Македонија!“ соопштија од АНИМА МУНДИ.



Анѓеловски: „Дуизацијата“ е најопасен процес на испумпување средства од буџетот

„Ниту некој ќе се определува меѓу Русија и ЕУ, ниту некој ќе се определува меѓу изолација и ЕУ“

И пред кампањата започна реториката на безалтернативност на СДСМ и онаа на „зелените“ дека имаме избор меѓу Русија и ЕУ. Ниту некој ќе се определува меѓу Русија и ЕУ, ниту некој ќе се определува меѓу изолација и ЕУ, тоа се големите лаги пред јавноста. Ние ќе се определуваме меѓу иднина за Македонија и македонските граѓани, внатре во државата без разлика како тој пат ќе се вика. И најубавата куќа ако внатре е нечиста, децата ќе сакаат да ја напуштат. Прво да си го средиме сопствениот двор.

Повикот за обединување на Мицкоски е за јасно и недвосмислено обединување на сите кои чувствуваат дека Македонија е доведена до ѕид, дека нема правда за никого, тоа е повик до сите што се чувстввуваат така за да се прекине поцесот на „заевизација“ и „дуизација“ на Макеоднија. Дуизацијата е најопасниот процес на испумпување на средства од буџетот на лица блиски до ДУИ, за да се создадат монструми што подоцна ќе владеат со економските, политичките и општествените процеси во државата, рече Страшо Ангеловски во Само Вистина.

Нема ие ќе се пор

Меган Маркл се враќа на телевизија, ќе води кулинарска емисија

Војвотката од Сасекс Меган Маркл се враќа на малите екрани, а наскоро би требало да ја видиме во ново шоу за готвење.

Дедлајн објави дека Арчевел продукција, продукциската куќа на Маркл и нејзиниот сопруг принцот Хари, е во „рана фаза“ на работа на две нови серии. Една од нив ќе биде за поло, спорт кој е голема страст на принцот Хари, а другата ќе биде за градинарство и готвење, а домаќинка ќе биде Маркл.

Моментално е познато, како што напиша Deadline, дека тоа ќе биде шоу кое „ги слави радостите на готвењето, градинарството, забавата и пријателството“, Маркл ќе биде извршен продуцент, а се знае и кои луѓе веќе работат на ова шоу.

Во целиот проект се вклучени режисерот Мајкл Стид, кој работеше на шоуто Ентони Бурдејн: Запознавање со непознатото, како и Леа Харитон, која стои зад готвачкото шоу на пејачката Селена Гомез, Selena + Chef, кое се емитува на HBO.

Серијата е во рана продукција, а насловите и датумите на издавање се очекува да бидат објавени во наредните месеци. Покрај тоа, извор потврди за Дејли Меил дека Нетфликс веќе изнајмил дом за снимање во Монтесито, Калифорнија.

Сето ова, како што пишува People, е дел од договорот што Меган Маркл и принцот Хари го потпишаа со Нетфликс, вреден 100 милиони долари. Кога го потпишаа во 2020 година, најавија дека ќе работат на документарни емисии и серии, играни филмови и емисии за деца, а сега изгледа решија да направат чекор понатаму.

Марковска: Никој нема да добие избори со црна кампања

„Помалите партии кои имаат понепосредна комуникација со граѓаните, тоа може да им донесе поголем бенефит на изборите“

Актуелната кампањата е веќе видена работа. Во Македонија триесет години ништо не се менува, особено што и актерите кои се во кампањата, не се менуваат. Во држава со милион и осумстотини илјади население е контрапродуктивно ова водење на кампања кога и малите дечиња да ги знаат учесниците, граѓаните од старт се изморуваат, особено што две кампањи се спојуваат во една поради спорените избори, а желбата е да се придобијат неопределените, кои вака и онака нема да излезат на гласање.

Мицкоски има добра желба, но имаме комплетно разединување на терен. Не е работата „кој прв почна“, а фрчат негативни кампањи. Никој нема да добие избори со црна кампања, туку со претставување на личноста и кој какви планови има и што мисли да направи. Кај Сиљановска, за сега нема лични навреди, за разлика од другата страна што дава лични кваливикации и тоа не е вкусно. Сведување на кампањата во „митингарење“ во која се повторуваат едната или другата страна, е лош начин на водење кампања. Дури мислам дека помалите партии кои имаат понепосредна комуникација со граѓаните, тоа може да им донесе поголем бенефит, на изборите рече Ѓулистана Марковска во Само Вистина.

притисни ентер