Жив закопан: Бил три дена во ковчег и се пренесувал во живо (видео)

За повеќето луѓе, идејата дека би можеле да бидат живи закопани, е вистински кошмар.

Џон Едвардс го нема тој проблем. Тој одлучи да помине три дена и три ноќи под земја, закопан во кончег кој личи како мртовечки.

Сепак, не е во прашање класичен мртовечки ковчег, зошто во него не би можел да преживее долго. Неговиот сандак бил осветлен и опремен така што можел во живот да се вклучи на социјалните мрежи. Звучи како авантура, но Едвардс не го работи ова поради забава или авантура.

Едвардс (61) е поранешен наркоман и алкохоличар. „Чист“ е повеќе од две децении, од како, што вели се сретнал со Бога пред 27 години.

Поради зависноста од различни супстанции, алкохол и самоубиствени нагони, изгубил повеќе од 20 пријатели во претходните години, па денеска сака да им помогне на оние кои имаат ист или сличен проблем со кој тој се борел поголем дел од својот живот. Откако се свртел кон верата, им помага на зависниците со молитва, а тие често му се обраќаат. Токму поради писмата, мејловите и пораките кои секојдневно му ги испраќаат, Едвардс одлучил да оди под земја три дена.

„Mојот план беше на сите нивни прашања да им одговорам од гробот пред и самите за завршат во него. Сакав да упатам порака за надеж“, вели Едвардс.

Тој вели дека не е клаустрофобичен, но сепак бил малку исплашен.

-Когаш ќе легнете внатре и капакот ќе се затвори, слушате фрлање на земја врз сандакот и тоа е малку застрашувако, рече Едвардс.

Ковчегот во кој лежел тој бил направен специјално за него. Поголем е и поширок од класичните ковчези. Димензиите му се 2,4 метри со 1,3 метри. Низ две цевки кои од сандакот водат кон земјата добивал воздух, а низ нив соработниците му доставувале и храна и вода. Исто така во сандакот имал и ВЦ.

Бурниот живот што го живеел направил од него мајстор за преживување. По сексуалното злоставување и менталните проблеми, Едвардс живеел на улица како бездомник. Повеќе пати се предозирал, но секогаш успевал да се спаси, но поради алкохолот морал на трансплантација ан црн дроб и преживеал рак два пати.

Сега сака само едно - да допре до што повеќе луѓе и да им помогне и тие да се спасат.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер