Билансот на жртви во поплавите во Перу се искачи на 75

Најмалку 75 лица загинаа, а 360 се повредени во најголемите поплави, што го погодија Перу во изминативе 20 години.
Во поплавите, предизвикани од интензивните врнежи и излевањето на реките, повеќе од 70 илјади лица останаа без покрив над главата, соопштија перуанските власти.

Поројни дождови, проследени со бури го зафатија перуанското северно крајбрежје, со обилни излевања на реките и создавање на свлечишта, а голем број села останаа отсечени и без струја.

Поројните дождови се последица на феноменот Ел Нињо, кој предизвика екстремно загревање на пацифичите води. 

Превенцијата и раното откривање на ракот на кожата клучни за намалување на смртноста

Карциномот на кожата ако се открие навреме, третманот може да биде успешен. 

 Може најлесно да се превенира, а неговата појава може да се спречи со менување на навиките и избегнување на директна изложеност на Сонце, порачуваат докторите. Годишно се регистрираат по двесте нови случаи.

Мај е месец за подигнување на јавната свест за заштита од ракот на кожа. По тој повод, Министерство за здравство и Универзитетската Клиника за пластична и реконструктивна хирургија утре на Медицинскиот факултет организираат  трибина на тема „Предизвиците во третманот на најчестиот карцином - ракот на кожата“, информира ресорниот министер Венко Филипче на неговиот ФБ профил.

Покрај министерот Филипче на трибината ќе се обрати и директорката на Универзитетската Клиника за пластична и реконструктивна хирургија д-р Софија Пејкова, а ќе учествуваат доктори од неколку клиники и институти. /МИА

Најавени нови протести во Грција за името Македонија

Во повеќе градови во Грција најавени се нови протести на 6 јуни против разговорите за спорот со името.

Организатори на протестите се истите кои ги организираа протестите во Солун и во Атина, но овој пат такви собири нема да се одржат во двата најголеми грчки градови, туку во неколку други, кои засега не се објавени.

Организаторите на протестите велат дека сакаат да ги потсетат властите дека грчкиот народ е против каква било отстапка за името Македонија и бараат да ја почитуваат волјата на народот.

 Како што соопштија денеска, веќе стапиле во контакт со локалните власти каде што треба да се одржат протестите и побарале поддршка од нив.

Илјадници грци во јануари протестираа во солун, а во февруари во Атина со порака “Македонија е Грчка„, осудувајќи ги разговорите за компромисно решение на спорот со името.

Две сопатнички повредени во судар на патничко и товарно возило

Две сопатнички се повредени во сообраќајната несреќа што утринава во 2 часот се случила на крстосницата од улиците „Панајот Гиновски“ и „Борис Сарафов“ во Скопје.

Како што информира МВР, во сударот на патничкото возило „Опел Астра“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј. (60) од Гостивар и товарното возило „Опел Виваро“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С. (64) од скопското село Сарај со повреди се задобиле сопатниците во возилото „Опел Астра“, Ф.А. (51) од Дебар и Б.С. (54) од Гостивар.

Тие со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“, каде им била укажана лекарска помош. Кај Ф.А. биле констатирани тешки телесни повреди и била задржана на лекување, додека кај Б.С. биле констатирани телесни повреди и била пуштена на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. /МИА

притисни ентер