ЕСС: Политичката криза да не влијае на договорените економски и социјални политики

Разгледување на постигнатите резултати од досегашното функционирање на трипартитниот социјален дијалог на национално и локално ниво, како и можностите и приоритетните области на делување во наредниот период, беа главни теми на денешната седница на Економско-социјалниот совет со кој претседаше министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими.

- Членовите на Советот се согласни дека предизвиците со кои се соочува земјата поврзани со долготрајната политичка криза не треба да се пречка за остварување и натамошно динамизирање на дијалогот. Времето до формирањето на новата влада треба ефективно да се искористи за да се поттикне имплементацијата на веќе усвоените економски и социјални политики, истакна министерот Ибрахими.
Тој, осврнуваќи се на функционирањето на ЕСС во изминатиот период, истакна дека е постигнат евидентен напредок, како во неговото институционално зајакнување, така и во остварувањето на неговата советодавно-консултативна улога при креирањето и спроведувањето на економските и социјалните стратегии и политики.
Во овој дел, додаде Ибрахими, членовите на Советот разгледаа, дадоа мислења и поддршка за имплементација на повеќе проекти како Македонија вработува, Акцискиот план за вработување млади, за минимална плата...
- Во решенијата кои поминаа на Советот еден од најзначајните е Законот за минимална плата за кој ние како Влада посредувавме меѓу синдикатите и работодавачите. Горди сме на тој Закон, но сепак во наредниот период ќе обрнеме внимание на зголемување на минималната плата, истакна Ибрахими.
Висината на зголемувањето, додаде, не може да се одредува паушално и таа треба да биде договорена меѓу социјалните партнери.
Со овој став се согласува и претседателот на Организацијата на Работодавачи на Македонија Ангел Димитров.
- Нашиот став околу минималната плата е јасен, ако се почитува Кконвенцијата за минимална плата на МОТ, тогаш нема да има никаков проблем во одредувањето на висината. Таа треба да биде донесена врз база на консензус и сеопфатна дискусија, таа не може да ја донесе ниту само владата ниту работидавачите. Во изминатиот период растеа платите во сите сфери, особено во трудоинтензивните дејности. Тоа е резултат и на Законот за минимална плата, но и поради недостигот на работници, што ги принудува работодавачите да даваат поголеми плати. Растот мора да продолжи инаку ќе останеме без работници, рече Димитров.
Тој посочи дека со комплицирање на политичката состојба во Македонија покрај тоа што трпел бизнисот на некаков начин трпел и социјалниот дијалог.
Изминатиот период рече, е зацврстена улогата на ЕСС, па се надеваме дека со формирањето на идната влада Советот ќе ги има сите услови навистина да биде ефикасно советодавно тело.
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Живко Митровски истакна дека социјалните партнери во Македонија особено по 2010 година со воспоставувњаето на новиот систем на социјален дијалог преку воспоставување на ЕСС како советодавно тело покажале дека има капацитети да се гради еден ваков концепт кој од формирањето дал повеќе резултати, како што се, „низа историски закони од типот на минимална плата, измените во Законот за безбедност и здравје при работа, Законот за мобинг...„
- Практиката покажува дека секогаш има можност за повеќе. Кризата со која се соочуваме покажа дека имаме сериозни предизвици и во рамките на тоа во овој период едни од најважните стратешки документи коишто се влезени во Програмата на ЕСС ќе бидат протоколот за социјален напредок кој се фокусира на низа значајни прашања, особено во делот околу минималната плата, преку градење посебна стратегија за плати во Република Македонија, потоа предизвиците со кои се соочуваме во Законот за работни односи во однос на договорите за определено и неопределено време за да обезбедиме поголема сигурност на работниците..., како и можностите да се развива синдикалното организирање на работниците и колективното договарање со работодавачите, рече Митревски.
Економско-социјалниот совет е трипартитно тело, формирано од Владата на Република Македонија и социјалните партнери за водење на социјален дијалог, заради создавање на услови за економска и социјална стабилност и остварување на темелните вредности на Република Македонија како демократска и социјална држава.
Економско-социјалниот совет, согласно Спогодбата, е составен од 12 членови:четири члена именува Владата на РМ, четири члена именуваат репрезентативните здруженија на работодавачи на територијата на Република Македонија и четири члена именуваат репрезентативните синдикати на територијата на Република Македонија.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер