Судири во Дамаск по ненадејниот напад на бунтовниците

Жестоки судири избија во сириската престолнина откако бунтовниците во текот на ноќта низ тунели влегле во деловите на градот под контрола на сириската влада, ненадејно провалувајќи низ безбедносниот појас со кој владата во Дамаск се заштити од опозициските сили.

Жителите наведуваат дека артилериските гранати и ракети ја погодувале внатрешноста на градот , додека група на Фејсбук „Дамаскус тудеј“ на чие чело се бунтовнички активисти, тврди дека владините сили изведуваат воздушни напади над областите во кои дошло до судири, пренесе АП.

Истата група наведува и дека пешадијата и тенковското засилување попладнето пристигнале на владината страна за да го одбијат нападот.



Бајден најави дека наскоро пристигнува оружје за Украина

Откако Конгресот прифати да испрати нова помош за Украина, американскиот претседател Џо Бајден најави дека овој пакет ќе биде испратен итно.

„Во следните неколку часа ќе започнеме да испраќаме противвоздушна опрема, артилерија, ракетни системи и оклопни возила во Украина“, рече Бајден во говорот во Белата куќа.

Пакетот за помош усвоен од Сенатот доцна синоќа, е вреден вкупно 95 милијарди долари и вклучува речиси 61 милијарда долари помош за Украина, 26 милијарди долари за Израел и 8 милијарди долари за Индо-Пацификот.

Барселона ја тужи шпанската федерација, судот одлучува за голот на Јамал против Реал

Барселона не дозволува да стивне бурата по „Ел Класико“ во кое Реал победи со 3:2.

„Фантомскиот гол“ на Ламин Јамал ​​и понатаму е тема на шпанските медиуми. Барселона не дозволува да престане да се зборува за тоа.

И по самиот меч имаше остри критики за судењето, немањето технологија за гол-линијата и „злоупотребата на ВАР системот“.

Првиот човек на клубот, Жоан Лапорта, најави дека Барселона ќе ги искористи сите средства да ја истражи ситуацијата и да утврди дали тоа било гол или не.

Барселона сега отиде чекор подалеку и најави дека ќе ја тужи Шпанската фудбалска федерација и дека решение на оваа ситуација ќе бара на суд.

Ден по натпреварот беше објавена и комуникацијата на главниот судија со играчите и судиите од ВАР-салата, но изостана делот од видеото поврзан со ситуацијата околу голот на Јамал ​​кој не беше признат.

Федерацијата го одби барањето на Барселона да му ја даде на клубот целосната снимка од комуникацијата помеѓу судијата и ВАР-собата и Каталонците сега сакаат да ја добијат преку судовите.

Лапорта останува на ставот дека доколку се покаже дека Барселона е оштетена, ќе бара реприза. /МИА

ДИК: Излезноста до 17 часот е 44,18 %, поголема за 9% е во однос на минатите избори

Претседателот на ДИК ги соопшти најновите резултати од претседателските избори. 

Најголема излезност е во Новаци од 67,19 % , а најамала во Пласница само 19%, рече Даштевски.

притисни ентер