Принцот си направи проблем: Кејт Мидлтон гневна по неговиот провод во Швајцарија!

Британскиот печат минатата недела беше полн со вести за се што правел принцот Вилијам на одмор во Швајцарија каде тој отпатува сам, без сопругата. На Кејт воопшто не и се допаднале написите за неговата забава во ноќен клуб каде е фотографиран со 24 годишна манекенка...
Принцот беше под бурни критики дека ги избегнува своите должности откако наместо на церемонијата за одбележување на Денот на Комонвелтот отиде на скијање. Но тоа не е ништо во споредба со гневот кај неговата сопруга, што го предизвикале написите дека лудо се забавувал со своето друштво во кое имало млади девојки и манекенки, а особено се изнервирала откако ја видела фотографијата на која  нејзиниот сопруг прегрнува млада манекенка - пишува Венити Фер.

Вилијам беше на забава во Швајцарија кога кралицата Елизабета, принцот Чарлс и принцот Хари го одбележуваа Денот на Комонвелтот, кој во кралскиот календар е еден од поважните датуми. Избегнувањето на Вилијам да се појави на церемонијата е сфатено како „чудно однесување“ - тој се забавуваше, додека неговата сопруга остана дома со децата.

- Одлуката да замине беше на Вилијам, но не се лажете, Кејт во бракот носи панталони и ова не и се допаѓа. Таа мислеше забавите и лудувањето со друштвото се нешто што Вилијам го оставил во минатото. Мислам дека ова за неа ќе биде понижување - вели извор за Венити.

Вилијам е познат позабавите со пријателите. На свадбата на еден од нив тој загуби дел од предниот заб, откако пријател случајно го удрил. И на овој настан Кејт не беше присутна бидеќи беше премена со синот.

Минатиот викенд забавата на Вилијам со друштвото била „зачинета“ со доста алкохол, а она што ни најмалку нема да им се допадне на сопругите на пријателите се фотографиите со 24 годишната манекенка Софи Тејлор,  и младата Софи Пит која ја запознале таму. Друштвото беше фотографирнао на ручек по што отидоа во ноќен клуб. Оставените жени дома може сешто да помислат...

Пушачите се помрзливи и депресивни

Бразилски научници откриле дека пушачите се помалку физички активни и страдаат од недостаток на мотивација. Тие се и посклони на анксиозност или депресија.

Испитани се 60 пушачи и 50 непушачи, кои требало да носат педометар најмалку 12 часа на ден во текот на 6 дена.

Резултатите покажуваат дека пушачите оделе помалку секој ден, а функцијата на белите дробови им е намалена. Тоа значи дека тие се понеспособни да вршат физички вежби.

Пушачите сами признаваат дека се чувствуваат уморни и немаат мотивација за промена на начинот на живот.

„Колку што знаеме, ова е прво истражување од ваков вид, што покажува пад на нивото на физичка активност во секојдневниот живот на возрасни пушачи во споредба со непушачите. Освен намалената функција на белите дробови, квалитетот на животот и симптомите на анксиозност и депресија, пушачите се движат помалку во секојдневниот живот “, вели раководителот на истражувањето д-р Карина Фурлането.

Претходното истражување покажува дека пушачите спијат помалку  и се одмораат помалку за време на спиењето во споредба со непушачите.

17% од пушачите спијат помалку од 6 часа во текот на ноќта, а 28% признаваат дека сонот им е немирен. За споредба – само 7% од непушачите спијат помалку од 6 часа во текот на ноќта, а 19% го дефинираат сонот како немирен.

Го покажа џбунот:Американска актерка без срам се прошета и за тоа коментира целиот свет (фото)

Младата американска актерка Бела Торн повторно го привлече вниманието на медиумите, но овој пат не со деколтето туку со не депилирани пазуви.

Дваесетгодишната актерка Бела Торн се појавила на улиците на Њујорк во ефектна црвена комбинација, а папараците го снимаа секој  нејзин чекор. Иако на прв поглед сите ги освојува нејзиното длабоко деколте, во моментот кога ѕвездата на Дизни ја кренала раката да ја помести косата од лицето имало што и да се види - џбун од влакна под пазувите.

Бела очигледно го фрлила бријачот и како и многу други славни личности решила да ги пушти влакната на телото и гордо да ги покажува.

Многумина се прашуваат дали ќе ги задржи влакната и кога ќе се појави на црвениот килим.

 

#BellaThorne wore a red hot look for more music promo today in NYC 📷: Backgrid

A post shared by Just Jared Jr. (@justjaredjr) on

Дами ова е апсолутен моден хит:Класичен костим за бањање кој и одговара на секоја фигура

Барате идеален костим за бањање за лето?Модните експерти откриваат дека токму овој треба  да се најде во вашиот плакар.

Модните брендови уште во април ги „исфрлија3 нивните асесоари за плажа, а во морето различни костими за капење се оддели токму овој класичен модел.  

Станува збор за црн едноделен костим кој и одговара на секоја фигура поради одличниот крој. Висок изрез, со длабоко деколте тој го истакнува најдоброто на вас, додека црната боја, како што е познато, го прави телото вито.

Тоа го потврдува и модниот експерт Мишел Копелмен, дизајнерка на популарниот бренд на костими за капење "Solid & Striped". 

-Црниот едноделен костим се покажа како универзално решение за сите облици и големини на женското тело, а освен што одлично прилега на сечија фигура, го краси и титулата за безвременски костим ка капење“, истакнува таа и препорачува да набавите еден ваков.

Дека токму овој костим ги смени тропските модели зборува и фактот дека се поголем број на познатите дами се определил токму за овој модел. Така оваа сезона го носат Кендал Џенер, Ешли Грајам, Елизабет Харли, Пенелопе Курз и многу други дами.

 

One pieces rule #PiperOnePiece @harrods @velaaprivateisland @elizabethhurley1 😍

A post shared by Elizabeth Hurley Beach (@elizabethhurleybeach) on

 

Beach Please

A post shared by A S H L E Y G R A H A M (@ashleygraham) on

притисни ентер