Пукање на аеродром во Париз - убиен човек

Утрово во Париз е убиен маж кој се обидел да земе оружје од војник во терминалот - пренесе Франс прес.
Аеродромот Орли бил евакуиран откако се пукало на јужниот терминал.

 Министерот за внатрешни работи потврди дека еден човек кој се обидел да земе пушка од војник, е убиен од полицијата.




За пукотницата прво јавија патници на Твитер.

- На аеродромот се земаат заложници, има евакуација, во тек е полициска операција - напиша еден од пристурните на аеродромот.

И француската полиција го искористи Твитер да потврди дека се одвива безбедносна операција, дека сите патници треба да ги следат наредбите

Западните медиуми јавуваат дека терминалот се пребарува од евентуално поставена бомба.

Франција е во константна состојба на зголемена претпазливост по нападите од припадници на ИСИС.

Ѓукановиќ ја положи претседателската заклетва

Во црногорската престолнина Цетиње со положување на заклетвата  избраниот претседател Мило Ѓукановиќ  официјално ја презема должноста.

Ѓукановиќ претседателската заклетва ја даде пред пратениците од Собранието на Црна Гора.

-Се колнам  во својата чест дека должноста претседател  на Црна Гора ќе ја извршувам совесно и одговорно за доброто на сите граѓани, рече  Ѓукановиќ во заклетвата.

Покрај пратениците , на свечената седница присуствуваа и поранешните претседатели на Црна Гора, премиери и претседатели на парламентот, како и највисоките државни функционери и челници на државните институции.  

Абас повторно примен во болница

Претседателот на Палестина 83- годишниот Махмуд Абас е примен во болница, според анонимен официјален претставник, Абас имал температура.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска повторно е примен во болница. Ова е третпат во една недела да биде хоспитализиран.

Абас во вторникот имал операција на увото и по неколку часа бил пуштен дома. Вчера повторно беше на кратко во болница.

Резултатите од анализите, како што јави палестинската новинска агенција, пренесувајќи ја изјавата на директорот на болницата, се добри.

Абас има проблеми со срцето, а пред десет години му е дијагностициран рак на простата. Инаку, тој е страстен пушач.

Дамаск ослободен, екстремистите евакуирани

Група екстремисти од Исламската држава се евакуирани од последната енклава под контрола на бунтовниците во близина на Дамаск, со што оваа територија е вратена под контрола на државата.

Сириската Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, соопшти дека автобусите влегле во енклавата по полноќ за да ги превезат борците на ИД и нивните семејства.

Според Ројтерс, автобусите се упатиле во правец на провинцијата Бадија во Сирија, подрачје со мал број на жители , кое се наоѓа источно од престолнината Дамаск.

притисни ентер