ВМРО-ДПМНЕ: Очаен обид на СДСМ за дефокусирање од тиранската платформа

ВМРО-ДПМНЕ смета дека тврдењата на Петар Атанасов од СДСМ за повици од директори кон ученици за учество на протести под директива на ВМРО-ДПМНЕ, се очаен обид да се дефокусира темата од тиранската платформа.

-  СДСМ и Петар Атанасов очајно се обидуваат да ја манипулираат јавноста. Тие се обидуваат да ја дефокусираат темата од тиранската платформа, која по се изгледа ја имаат прифатено топтан во сите нејзини точки и елементи. Како поинаку да се толкува молкот кој доаѓа од СДСМ и од Зоран Заев.Токму затоа граѓаните се револтирани и тој револт станува се погласен и погласен, се вели во реакцијата.

За иронијата да биде поголема, додава ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ коментира работа на директори на училишта, а во општината предводена од СДСМ директор на гимназијата се снима гол и снимките ги лиферува по интернет. - Со какво лице зборува Петар Атанасов за професионализам, кога нивниот кадар во кумановската гимназија преку интернет снимките ги испраќал до непознати лица. Човек кој треба да образува и воспитува деца, недозволиво е вака да се однесува. Ова е вистински скандал за кој СДСМ не сака да се дознае во јавноста, соопштува ВМРО-ДПМНЕ. 


Деветмина повредени во пад на авион

Девет лица се повредени при пад на приватен мал авион во Хондурас.

Авионот се урнал на крајот на пистата на меѓународниот аеродром во главниот град на Хондурас , Тегусигалпа. Според противпожарната служба , во несреќата се повредени девет лица.

Авионот пристигнувал од Остин , Тексас и од непознати причини се урнал на пистата при што се прекршил на пола.

Поповски во „Само вистина“: Владата нема да дозволи никој да биде привилегиран ниту оштетен

„Само вистина“ интервју со Роберт Поповски: Живот ли е ова или „панаѓур“?!

Директорот на Канал 5 Телевизија Иван Мирчевски и министерот  без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, во најновото издание на „Само Вистина“ разговараат за актуелните политички теми и за новиот закон за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги.

Поповски: „Експерти, професионалци се вклучени во изготвување на новиот закон за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги. Граѓаните се тие што ќе ја оценат вистинка трка на медиумскиот пазар и да проценат кој медиум колку вреди. Владата нема да дозволи никој да биде привилегиран ниту оштетен, медиумите треба да добијат услови за работа и медиумските работници да имаат повисоки плати. Новиот закон ќе ја заштити индустријата, ќе обезбеди вистинска регулација и контрола на сите чинители во медиумскиот простор.“

Солзавец и приведени на протестите во Париз (ВИДЕО)

За време на синдикалниот протест по улиците на Париз дојде до судир на демонстрантите со полицијата.

Според медиумите , со полицијата се судрила група од околу стотина млади , кои не биле дел од протестната поворка. Поединци од групата ги гаѓале полицајците со различни предмети , по што полицајците возвратиле со пендреци и солзавец. Најголем број од младите , кои ја нападнаа полицијата носеле фантомки и капи за скијање .

И репортерката на Раша Тудеј , Шарлот Дубенски пред камерите мораше поради солзавецот да си стави капки во очите за да може да гледа. За сега нема податоци за повредени , а неколкумина од демонстрантите се приведени.

Денешните протести ги организираше синдикатот на јавните работници , поради планот на Владата до 2022 да укине 120 000 работни места.  

притисни ентер