Почнала да танцува на шипка на 59 години - денеска речиси нема подобра од неа!

Грета Понтарели почнала да танцува на шипка на 59 години, со желба да промени нешто во животот. Седум години подоцна - нема намера да се откаже!

- Бев заглавена со канцелариска работа каде работев многу со компјутер. Сфатив дека себеси не си дозволувам третман каков што ми е потребен. Сфатив дека треба да поработам на себе и на своите мускули, и решив да преземам нешто во врска со тоа бидејќи сакам долговечност - изјави 66 годишната Грета.

Кога прв пат се појавила на часовите за танц на шипка, не можела воопшто да направи ништо. Инструкторката мислела дека Грета повеќе нема да дојде. Но таа с епојавила и на вториот час и почнала да освојува мали победи. Вели дека не ни помислувала да се натпреварува со другите кои биле многу помлади и подобри од неа.

Related image




- Наместо тоа, јас се натпреварував самата со себе - вели Грета.

- Сфатив дека е важно во животот да имаш соништа. Тие не се манифестираат секогаш како сме замислиле, но поважно ми беше да имам мали предизвици отколку да не правам ништо. Годините не треба да бидат никакво ограничување, нека вашиот дофат во животот биде поголем од дофатот на вашата рака - вели Грета.




Image result for greta pontarelli


Понтарели всушност на млада возраст успешно се занимавала со гимнастика и танц, но потоа ги напуштила спортовите. Со танцот на шипка почнала да се занимава веќе на поодмината возраст меѓу другото и да ја спречи остеопорозата. Таа сега се натпреварува во оваа дисциплина, за која сеуште има неистомисленици - дали треба да се смета за спорт, или за уметност како што е балетот.




Откриена е најголемата црна дупка во Млечниот Пат- поголема е 33 пати од Сонцето

Астрономите ја открија најмасивната ѕвездена црна дупка на Млечниот Пат досега.

Новооткриената црна дупка е 33 пати поголема од Сонцето и е оддалечена 2.000 светлосни години, објави Sky News.

Ѕвездена црна дупка се формира при колапс на ѕвезда, а оние досега пронајдени на Млечниот Пат биле околу 10 пати поголеми од Сонцето.

Научниците од мисијата Гаја на Европската јужна опсерваторија ја забележале црната дупка откако беше забележана ѕвезда како се „ниша“ додека орбитира околу областа, наречена Гаја БХ3.

– Никој не очекуваше дека во близина ќе најде толку голема црна дупка, која до сега не е откриена – изјави Пасквал Пануцо, астроном од Националниот центар за научни истражувања при Опсерваторијата во Париз.

Според него, вакво откритие се случува еднаш во животот на истражувачот.

Гаја БХ3 е втората најблиска црна дупка до Земјата и се наоѓа во соѕвездието Аквила, што на латински значи „орел“.

Турк: Мора да се направи повеќе за да се стави крај на ужасната криза во Газа

Високиот комесар на ОН за човекови права, Фолкер Турк, повика на нови напори од „сите држави со влијание“ за олеснување на „ужасните“ услови во Газа и на Западниот Брег, пренесе ДПА.

-Решавањето на катастрофалната ситуација на цивилите во Газа мора да остане приоритет, изјави портпаролката на Турк, истовремено додавајќи дека насилството на Западниот Брег предизвикува „голема загриженост“.

Во соопштението од Канцеларијата на ОН се наведува дека „Израел продолжува да го попречува увозот и дистрибуцијата на помош во Појасот Газа, што е кршење на меѓународното право“, пренесе германската агенција.

Турк побара ослободување на израелските заложници кои беа киднапирани во октомври 2023 година, прекин на огнот во Газа и неограничен пристап за сите хуманитарни работници со цел да се олесни маката на цивилното население на палестинската територија.

Канцеларијата на ОН за човекови права добила извештаи дека израелската војска само минатата недела нападнала најмалку осум џамии за време на прославите по повод крајот на Рамазан.

-Местата за богослужба се заштитени според законите на војната, рече портпаролката на Турк.

На окупираниот Западен Брег, Палестинците се под чести напади од толпи израелски доселеници, кои често се поддржани од војската.

По убиството на 14-годишното израелско момче од семејство доселеници, четворица Палестинци, меѓу кои и едно дете, беа убиени во акти на одмазда.

„Израел, како окупаторска сила, мора да ги преземе сите мерки во негова моќ за да го врати и обезбеди, колку што е можно, јавниот ред и безбедност на окупираниот Западен Брег“, се вели во соопштението./МИА

Заседава Парламентарното собрание на Советот на Европа-на дневен ред приемот на Косово(Во живо)

Парламентарното собрание на Советот на Европа во попладневниот дел од седницата ја разгледува препораката за прием на Косово во таа меѓународна организација.

За усвојување на предлогот мора да гласаат две третини од присутните членови на Парламентарното собрание.

Нешто пред 17:30 часот почна расправата за точката на дневниот ред со наслов „Барањето на Косово за членство во Советот на Европа“ на пленарната седница.

Извештајот го презентира известувачот на Парламентарното собрание на Советот на Европа за прием на Косово - Дора Бакојани.

За учество на расправата беа пријавени 65 пратеници, а на текстот на предлогот за прием беа поднесени 15 амандмани.

Пред пленарната седница, Политичкиот комитет на ПССЕ ги отфрли сите амандмани на српската и италијанската делегација, кои се обидоа да го омекнат текстот на предлогот и да ја одложат одлуката за прием на Косово додека Советот за безбедност на Обединетите нации „не го утврди или одобри статус на Косово и Метохија“, објави Телеграф.

Србија, исто така, побара предложениот текст да се промени, така што формирањето на ЗСО е предуслов за продолжување на процесот на разгледување на барањето на Косово за членство, а не „постпристапна обврска“, како што се наведува во препораката.

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера изјави деказа барањето на Косово денеска ќе се гласа во ПССЕ, но дека главната битка ќе се води на 16 мај, кога за тоа ќе одлучува Советот на министри. Тој изјави дека поради вмешаност на Франција оваа точка може да биде тргната од дневен ред, односно одлуката да се одложи.

притисни ентер