Џејмс Хјуит негира дека е вистинскиот татко на принцот Хари: Тој се роди пред да ја запознаам Дијана

Поранешниот љубовник на принцезата Дијана, Џејмс Хјуит, вели дека му е жал што принцот Хари мора да ги слуша гласините дека не е син на принцот Чарлс. На директното прашање во интервју за австралиски медиум, дали му е татко на принцот Хари, Хјуит одговори: Не, не сум!
На прашањето зошто тогаш шпекулациите дека токму тој е таткото на помладиот принц опстојуваат, Хјуит вели: Бидејќи тоа ги продава весниците. Кутрото момче, веројатно сето тоа за него е полошо!

Принцезата Дијана имала 5 годишна врска со Хјуит кога тој бил нејзин учител по јавање - пишува telegraph.co.uk.

Во интервју во 1995 година таа призна дека била вљубена во него.

Во своето последно интревју Хјуит вели дека не било тешко да се вљуби во неа.

- Мислам дека може да ми биде простено за тоа - вели Хјуит.

Ова не е прв пат Хјуит да ги негира шпекулациите дека му е биолошки татко на Хари, кои се базираат на сличноста во нивниот изглед.

Image result for James Hewitt

Уште пред 15 години тој изјави дека Хари веќе одел, кога тој ја почнал врската со неговата мајка.

Image result for princess diana charles and harry


- Неговата црвена коса е слична на мојата и луѓето мислат дека личиме. Никогаш не сум ги охрабрувал тие споредби и иако бев со Дијана долго време, морам да изјавам еднаш засекогаш дека не сум му татко на Хари - изјави тогаш Хјуит.

Запознајте ја најновата Инстаграм сензација – Преубавата Италијанка Силвија Карузо (фото)

Италијанката Силвија Карузо е новата ѕвезда на Инстаграм, а вниманието на јавноста го привлече со своите сексапилни фотографии.

Како најдобар адут, таа го издвојува својот задник.

Италијаните веќе ја обожаваат, а светот и се воодушевува на 20 годишната манекенка Силвија Карузо.

Освен со моделинг, убавата бринета се занимава со водителство и успешно го води својот блог за патување.

 

Morning 🥀 Sunday ! @tigermist #silvialicius #silviacaruso

A post shared by Silvia Caruso (@silvialicius) on

Со самото тоа, на својот Инстаграм редовно објавува фотографии од најразлични луксузни дестинации, а истакнува дека е вистински авантурист и вљубеник во модата.

 

BABE SQUAD 💛💙🧡❤️ #silvialicius #silviacaruso

A post shared by Silvia Caruso (@silvialicius) on

Образованието и е исто така важно, па Силвија студира на студиите за комуникологија во Рим.

 

 

Bongiorno a tutti ❤️ vi è piaciuta la puntata di ieri? #silviacaruso #silvialicius

A post shared by Silvia Caruso (@silvialicius) on

Славниот актер и рокер доживеа нова трансформација (фото)

Познатиот холивудски актер и музичар, миленик на понежниот пол, Џони Деп, кој во последните години најчесто го гледаме во улогата на капетанот Џек Спероу во филмскиот серијал „Пирати од Карибите“, често во текот на кариерата го менуваше имиџот.

Секогаш обидувајќи се неговиот изглед да биде повпечатлив и автентичен, Деп овојпат се одлучи за нешто подрастична промена.

Eден од поновите проекти на Деп е хард рок бенд, поточно супергрупа, „Hollywood Vampire”, која ја формираше во 2015 година со познатите музичари, пејачот Алис Купер и гитаристот Џо Пери.

На актуелната турнеја на бендот, актерот и гитаристот, тргна со нова фризура.

 

Canada the other night

A post shared by Johnny Depp (@johnnydeppofficial) on

На аукција најстарите вина на светот – цени и до 20.000 евра

Во Франција на аукција наскоро ќе се најдат три шишиња од жолтото вино „Арбоа“ од 1774 година, кое спаѓа меѓу најстарите вина во светот.

Во Франција на аукција наскоро ќе се најдат три шишиња од жолтото вино „Арбоа“ од 1774 година, кое спаѓа меѓу најстарите вина во светот.

Аукциската куќа „Жира Еншере“, вредноста на вината по шише ја проценува на околу 15.000 до 20.000 евра, пренесува „Ројтерс“.

„Експертите во 1994 година го пробаа ова вино и му дадоа оцена 9.4 од можните десет“, изјави акционерот Филип Етјеван.

Слично шише со вино во 2011 година се продаде за 57.000 евра на аукција.

притисни ентер