Симона Попоска – новото заштитно лице на Bellina.mk

По успешниот настап и промоција на минатогодишниот Моден Викенд во хотелот Мериот во Скопје, како и два исклучително успешни промотивни викенди во Скопје Сити Мол, еден од најбрзорастечките сајтови за онлајн продажба во Македонија Bellina.mk направи уште еден важен маркетиншки чекор, склучувајќи договор со познатата поп-пејачка Симона Попоска како ново заштитно лице на Bellina.mk.
„Особена гордост и чест ни е, да им го презентираме на нашата публика и на нашите верни потрошувачи, овој стратешки маркетиншки договор со Симона, како нашето ново заштитно лице.“ – изјави Кирил, коосновач на Bellina.mk. „Во иднина ќе продолжиме со исто темпо и ист интензитет да работиме на градењето на имиџот на нашиот млад бренд во Македонија, а истовремено ќе ја зацврстиме и продлабочиме соработката со нашите сегашни партнери.“ – продолжи тој.

Image may contain: 1 person, text

„Приказната за Bellina.mk и нивното брзо и успешно пробивање на нашиот пазар како една од најуспешните онлајн продавници во Македонија, доста ме потсеќа на почетокот на мојата успешна кариера.  Професионалноста, ангажманот и љубовта кон професијата се дополнителни атрибути кои не спојуваат, освен овој договор како нивно ново заштитно лице. Затоа ми претставува особена чест, да Ви ја најавам нашата соработка.“ – ни изјави Симона Попоска.

Повеќе информации за производите на Bellina на веб страницата www.bellina.mk

На девојката за роденден и подарил букет од банкноти вреден 52.300 долари

Маж во Кина на својата девојка за роденден и подарил букет направен од банкноти во вредност од 320 илјади јуани, односно 52. 300 долари.

Како што пишува „Чонгпинг Морнинг пост“ мажот направил огромен букет од банкноти во облик на срца, кои и ги подарил на девојката.

Се додава дека вкупно седум лица повеќе од 10 часа поминале во правење на овој букет.

Иако неговата девојка многу се израдувала на подарокот, мажот би можел да биде казнет поради обвинение дека и “нанел навреда“ на домашната валута, која според кинескиот закон мора да се чува.

Сепак, многу луѓе преку социјалните мрежи навеле дека ова е многу убав начин да се израдува девојката или саканата личност, додека некои веруваат дека можел да подготви многу поедноставен подарок.

Фармер убил мистериозно суштество, научниците во чудо (фото)

„Ушите му беа преголеми, нозете прекратки, канџите предолги. Стапалата мали, крзното изгледа чудно. Нешто не е во ред со ова суштество“ – изјавиле научниците.

Еден фармер во Монтана убил суштество кое наликува на волк, откако го забележал во близина на својот добиток.

Сепак, официјалните лица изјавуваат дека не станува збор за волк или куче.

„Нема да знаеме што е се додека не стигнат резултатите од ДНК тестирањето“ – изјавил Брус Ошли, портпарол на Одделението за риби, диви животни и паркови на Монтана.

Една од теориите е дека животното настанало со вкрстување на волк и куче. Според други теории, станува збор за млад гризли или хибрид којот.

Одделението за риби, диви животни и паркови на Монтана соопшти дека станува збор за женка која му припаѓа на семејството на кучевидни ѕверови. Тоа вклучува кучиња, лисици, којоти и волци.

Инаку, ловот на волци е дозволен во оваа американска сојузна држава, па така секој граѓанин има право да убие волк доколку се најде на неговиот имот.

Според проценките на експертите, ширум Монтана во моментов живеат околу 900 волци.

Вообичаено утро на островот Палма де Мајорка

Девојка си порачува за јадење во ресторан.

Британка си порачува  храна во Мекдоналдс, откако била на некоја забава.

Германскиот весник Билд ја објавил оваа фотографија со коментар дека се работи за Британка која се појавила вака облечена во недела во 11 часот наутро.

притисни ентер