Се запознаа, се соблекоа и имаа секс - водителите во шок (видео)

Австралиска радио емисија се вклучи во „трендот“ реални шоуа во кои потполно голи самци бараат партнери.
Во студио повикаа маж и жена кои никогаш до тогаш се намале видено.

Водителите Кајл и Џеки О од австралиското радио KIIS FM одлучиле во својата емисија да направат вистинско реално шоу за спојување на луѓе па ги повикале Даниел и Ричи.

Парот на себе имал само долна облека и биле огрнати со бањарки.

-Даниеле, соблечи му ја бањарката на Ричи и кажи што мислиш за ова момче, и кажа водителот Кајл.

„Натпреварувачката“ тоа и го направила и изразила воодушевување од голото тело на својот „партнер“.

Парот потоа целосно се разголе, А Даниел изјавила дека е „малку галење“. Даниел и Ричи потоа се нашле во акција, изненадувајќи ги водителите.

Парот се појавил во емисијата и утредента и признале дека се “зближиле“.

„Имавме секс“ – признала Даниел.

На девојката за роденден и подарил букет од банкноти вреден 52.300 долари

Маж во Кина на својата девојка за роденден и подарил букет направен од банкноти во вредност од 320 илјади јуани, односно 52. 300 долари.

Како што пишува „Чонгпинг Морнинг пост“ мажот направил огромен букет од банкноти во облик на срца, кои и ги подарил на девојката.

Се додава дека вкупно седум лица повеќе од 10 часа поминале во правење на овој букет.

Иако неговата девојка многу се израдувала на подарокот, мажот би можел да биде казнет поради обвинение дека и “нанел навреда“ на домашната валута, која според кинескиот закон мора да се чува.

Сепак, многу луѓе преку социјалните мрежи навеле дека ова е многу убав начин да се израдува девојката или саканата личност, додека некои веруваат дека можел да подготви многу поедноставен подарок.

Фармер убил мистериозно суштество, научниците во чудо (фото)

„Ушите му беа преголеми, нозете прекратки, канџите предолги. Стапалата мали, крзното изгледа чудно. Нешто не е во ред со ова суштество“ – изјавиле научниците.

Еден фармер во Монтана убил суштество кое наликува на волк, откако го забележал во близина на својот добиток.

Сепак, официјалните лица изјавуваат дека не станува збор за волк или куче.

„Нема да знаеме што е се додека не стигнат резултатите од ДНК тестирањето“ – изјавил Брус Ошли, портпарол на Одделението за риби, диви животни и паркови на Монтана.

Една од теориите е дека животното настанало со вкрстување на волк и куче. Според други теории, станува збор за млад гризли или хибрид којот.

Одделението за риби, диви животни и паркови на Монтана соопшти дека станува збор за женка која му припаѓа на семејството на кучевидни ѕверови. Тоа вклучува кучиња, лисици, којоти и волци.

Инаку, ловот на волци е дозволен во оваа американска сојузна држава, па така секој граѓанин има право да убие волк доколку се најде на неговиот имот.

Според проценките на експертите, ширум Монтана во моментов живеат околу 900 волци.

Вообичаено утро на островот Палма де Мајорка

Девојка си порачува за јадење во ресторан.

Британка си порачува  храна во Мекдоналдс, откако била на некоја забава.

Германскиот весник Билд ја објавил оваа фотографија со коментар дека се работи за Британка која се појавила вака облечена во недела во 11 часот наутро.

притисни ентер