Археолозите во Египет пронајдоа статуа на фараонот Рамзес втори стара 3 000 години!

Во близина на урнатините на Хелиополис кај Каиро, археолозите пронајдоа 8 парчиња од статуа за која се смета дека е статуа на познатиот фараон Рамзес втори кој со Египет владеел пред 3 000 години!
Пронајдокот е заслуга на тим археолози од Германија и од Египет.

На локалитетот биле пронајдени осум делови од таа статуа,и уште еден дел од друга.

Локацијата е во близина на Каиро, полна со антиквитети кои се тука закопани.

-  Ова било главното културно место на стариот Египет, се споменува дури и во Библијата - вели Калид Набил Осман, археолог.

Голем дел од културолошките докази за древниот Египет сеуште се закопани под земја - пишува Индипендент.

Сопружници физички нападнати од нивен роднина

Скопјанецот Н.Ј. (38) и неговата сопруга Т.Ј. (33) синоќа биле физички нападнати од нивниот роднина Д.А. (31).

МВР информира дека случајот половина час по полноќ во полиција го пријавил Н.Ј., кој рекол дека од 14 часот со неговата бремена сопруга и двете малолетни деца биле на гости кај Д.А. 

Околу 21 часот, Д.А. со палка почнал да го удира Н.Ј. и неговата бремена сопруга. Со возило на Итна медицинска помош, тие биле префрлени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што им била укажана лекарска помош и им биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. /МИА

Повеќе од 42 илјади Косовци се откажале од своето државјанство во последните девет години

Од 2009  до почетокот на 2018 година, над 42 илјади граѓани на Косово се откажале од државјанството, додека само во првите четири месеци од оваа година истото го сторилe 1 648 Косовци.

Загрижувачки е бројот на младите, на возраст од 18 до 34 години, кои се откажуваат од косовското државјанство, пишува денешен „Зери“.

Заменик- министерот за внатрешни работи Изми Зека вели за весникот дека на почетокот на годинава е видно зголемен бројот на оние што се откажале од државјанството, споредено со минатата година.

– Главната причина за откажување од косовското државјанство е добивањето државјанство во некои од земјите на Европската унија, кои не дозволуваат двојно државјанство за оние кои не се државјани на ЕУ, вели Зека.

„Девојката со жиците“ на „Подвижен музички театар“-Битола вечер премиерно на Драма фестивал во Љубљана

Во словенечкиот главен град Љубљана, вечер во рамки на 5. меѓународен Драма фестивал, премиерно ќе биде изведена драмската опера „Девојката со жиците“, на „Подвижен музички театар“ –Битола (Moving Music Theatre-Bitola).

Станува збор за копродукциски проект на Словенечкиот националниот театар, СНГ-Љубљана и „Подвижен музички театар“, ММТ-Битола, во режија на битолчанецот Марјан Неќак, кој во проектот соработува со текстописецот Ана Бунтеска, Дарја Доминуш-преведувач и драматург, Наташа Филиповиќ костимограф, како и со фотографот Петер Ухар.

- Се работи за драмска опера за една виолинистка, која патува со воз низ Европа трагајќи по подобро утре. Метафоричниот и драматичен музички резултат лесно се движи низ повеќе жанрови од рок, поп, електронска музика со длабоки чувства на циркуски звук до опера како кулминирачка точка на емоции и интерпретации на двајца соло изведувачи. Во драмската опера, чија подготовка ја помогна „Еуростандард“-Скопје, ќе настапат Барбара Церар и Урош Фурст, а кореограф е Жиган Крајчар, изјави за МИА, режисерот и композитор Марјан Неќак.

Драма операта „Девојката со жиците“ на „Подвижен театар“-Битола ќе биде изведена и во наредните два дена во Љубљана. /МИА

притисни ентер