Македонец почина во водите на Индискиот океан - близу Шри Ланка

Младиот штипјанец Ангел бил дел од екипажот на брод на корејска компанија, кој го обезбедувал од пирати. Од македонското министерство за надворешни работи го потврдија случајот, но сеуште нема информации како настапила смртта.
 Ангел А. е починатиот македонец, граѓанин на Штип, бивш припадник на вооружените сили на АРМ.

Во мошне штурата потврда за трагичната вест, што доцна попладнево пристигна во МНР, испратена од корејската компанија ХГС Кореа, на чиј брод наменет за превоз на стоки, се случила несреќата, стои дека во водите на Индискиот окен во близина на брегот на Шри Ланка, починал нивен вработен, инаку, еден од неколкуте Македонци, кои биле работно ангажирани за обезбедување на бродот од таканаречените морски пирати.

Други детали портпаролот на МНР, Боро Мирчески за Канал пет најави до крајот на денот или во текот на утрешниот, во зависност од тоа, како ќе пристигнуваат информациите од спомнатата компанија сопственик на бродот превозник.

Починатиот македонски државјанин беше семеен човек. Оженет, татко на едно дете ... 

Деветмина штитеници загинаа во пожар во поправен дом (ВИДЕО)

Најмалку девет лица , меѓу кои и деца загинаа во пожар во привремениот поправен дом за малолетници во бразилскиот град Џојана.

Во пожарот има и десетина повредени . Пожарникарите ги поребаруваат просториите во потрага по повредени или загинати . Од центарот за малолетници нема потврда дали е тоа конечниот број и која е причината за избувнувањето на пожарот утрово околу 9 часот по локално време.

Не е познато ниту колку штитеници имало во центарот , кој се користи за времено сместување на малолетници додека е во тек судската постапка за нив или нивните блиски.

Словенија се врти кон десно – Јанша фаворит на изборите

Поранешниот премиер на Словенија е најголем фаворит на изборите што ќе се одржат на 3 јуни.

Според последните три анкети на десетина дена пред изборите , Словенската демократска партија е фаворит , а според некои дури и убедливо. Јанша за директен противник го има Лука Месец , роден 1987 година , кој е лидер на Левицата. Јанез Јанша , кој во времето кога Месец се родил , бил војник во ЈНА со него се пресметува на твитер. Тој го исмеа доаѓањето на ТВ дуел на Месец со Мерцедес споредувајќи го со ,,неговиот идол Тито , кој имаше 72 Мерцедеси”. Ваквата директна реторика очигледно е добро примена кај Словенците , кои не му замеруваат на Јанша ниту вртењето кон Унгарскиот модел на Виктор Орбан, пишуваат словенечките медиуми.

Тој деновиве му беше гостин на два предизборни митинзи. Второ и трето место на анкетата ги заземаат Социјалдемократите на Дејан Жидан , како и Листа на Марјан Шарц, новооснована партија , која што кон крајот на минатата година дури водеше на анкетите.

Позитивна Словенија на Зоран Јанковиќ потпиша договор за заеднички настап на изборите со Партијата на пензионерите, Десус на Карл Ерјавец , со кого ќе треба да го спречат повторното доаѓање на Јанша на власт.

Експлодираше камион полн со парфеми на автопатот Загреб- Белград (ВИДЕО)

Силна експлозија одекна на автопатот Загреб- Белград во близина на Пеќинци.

Камион со приколка полн со парфеми целосно изгоре во експлозијата на автопатот во правец кон Белград. За среќа возачот на време избегал и е неповрерден. Сообраќајот неколку часа беше во прекин и се формираа километарки колони возила.

Според очевидците , по првата силна експлозија имало и неколку послаби. Не е позната причината за запалувањето на камионот , кој целосно изгоре.

притисни ентер